И ти имаш право да изнесуваш мислења, и јас.. Ако јас немам везе, ти уште помалку. Ама затоа пак его не ти фали ич. Ти текнува?
Фана поздравуваш луѓе што не ги знаеш навечер, притоа језиво да идеш по нив и да ги следиш? Не знам, јас на човек навечер што не го знам не му викам здраво. Или ако го промашам со некој друг, ќе речам извинете се препознав. Викајте ме параноична дека сум, ама мене навечер, во темна уличка, здраво од непознат маж никогаш не ми е наивно. Веројатно премногу случки знам каде тоа здраво знам кон што водело. И да, ако непознат маж дојде доцна навечер и ми рече само здраво, пак ќе се фатам за телефон.
Јас не знам зошто нормален човек би ти велел Здраво по улица ако не те познава. Ко демек тоа е секојдневна ситуација - Ти вели Здраво, ти застануваш и ти му велиш Ооо здраво, почнувате муабет и одите во матично. Никогаш не се случило. Секогаш делува манијачки.
Средношколка, малолетник. Самоубиство, но не убиство. Не е исто со сексуално вознемирување на нет кај возрасна индивидуа и споредбата со вознемирување и убиство е друга димензија. Реков, за малолетници, целосно се согласувам. Да има секаква форма на заштита. Пример дедето утре ќе ти сака да се стави на фејсбук. Дали тебе би ти сменил законот нешто? Законот е поправање на штета. А ти како родител треба да превенираш да нема штета, затоа што ќе има трауми. И што фајде после од законот, кога детено ќе добие уплав. Затоа едукација!
Ова што си го опишала, можам да ти го елаборирам зошто е како што е. Кај е тој закон за сексуално вознемирување на интернет, кај постои?
Според мене никој не е "прав", сите тројцата сносат одговорности. Мажот бидејќи е кретен и швалер, таа Фросе што воопшто се впушта во муабет ако го гледа женет ако не е заинтересирана ( не сум сигурна, ама нели можеше сликите да му види) или си имала потреба од докажувања или била нешто исфрустрирана па си помислила сега ќе му се пуштам и поради сите животни неправди на него ќе се истресам, па да го ставам на "стуб срама", а жената.... е таа е крива што се омажила за некој таков, што била слепа при очите, или се преправала да не гледа бидејќи ова сигурно не му е прв пат. Воопшто не треба на вакви приказни да им се придава толкаво внимание...едноставно ниту заслужува, ниту пак јас судија ќе глумам и ќе кажувам на цел свет каков е тој. Бзв
Мислам ти најубаво срочи што мислам. Не можам да си го извадам од глава моментот кај што се пишува за типов дека сликал комшика кога се пресоблекувала, удрил малолетно девојче и уште нешто што беше, и покрај тоа жена му се омажила за него. И што, не знаела, ние по интернет дознавме за 2 дена, а жена му не знаела? А овде филмови, сестринство, феминизам не знам што.
Не си се возела во автобус во Швајцарија Oh wait, мајка ми и татко ми така се запознале. Ова е приватна информација, немате дозвола да ја споделувате. Ми тргна денес со автобусите
Ама ги извртевте работиве, штета не можам да ја следам цело време дискусијава. Се навратив дури три пати да препрочитам што толку и пишувал мочково на смрдлава, каде е сето тоа вознемирување, па манијаци, па улици па не знам што. Слепа ли сум, пропуштам ли нешто? Дека е шупак што ја изневерува жена му, е. Ама јас во поракиве ниту гледам дека ја напиња, дека ја уценува, навредува или и се заканува. Пробува да и се пушти ко сељак, а она го пеца. И сега испадна дека секој што ќе проба да се запознае со нас на социјални мрежи е манијак перверзен и дека треба да го пријавиме во полиција Сакаш да се запознаеме? Не благодарам, не сум заинтересирана, поздрав. Понатаму инсистирање, следење, напињање веќе влегува во вознемирување и заслужува да се стави јавно на тапет. Има ли некоја граница ова вадење приватни разговори јавно? Ај да ги баталиме овие двајца, што според вас е дозволиво да се сподели јавно, нешто што некому сте го кажале приватно, што е прифатливо, а што не? бтв што е жената крива ако се омажила за таков? Може таков си го сака бре, што па е наше да се занимаваме со нејзиниот избор?
Зошто министерство за правда? АЕК е регулаторно тело за електронски комуникации. Пиши им, и не заборавај да неведеш дека "здраво" кај Фросето те навело да поднесеш. Оти многу "вознемирена" изгледа Фроска во разговорот.
И да не е ова случај, ова е убава прилика која може да се искористи конструктивно. Има граница... податоци од пасош, лична карта, тековни, дебитни, кредитни сметки... Ова што тужат претспоставувам не е по овој закон. Треба да ја прочитаме тужбата.
Еве две случки што лично мене ми се случиле... Во средно еден ден ко се шетав со другарка еден ни рече здраво се насмеа, ништо не одговоривме и никому ништо. Виде дека не го рецкаме и тој си продолжи. Друга ситуација ко бев сама еден почна да иде по мене и чудно да ме гледа. Јас од паника влегов во едно маалско продавниче нешто за материјали ли што беше сосема небитно. Продавачката ми прозборе примети дека бегам од манјакон. Тој па не се трга стои надвор.. Се исплашив нормално. Му се јавив на брат ми дојде ме зема... Дали сега ја разбирате разликата помеѓу овие две и која ми беше поентата со тоа здраво? Поентата е таа небитно на фб или во живо... Ако не одговорам во живо зошто би на фб.. Па да кревам врева дека ме вознемирува сексуално ...
@kravce , по овој закон претпоставувам дека ќе е тужбата. Кој одговара за навреда? За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед. Одговорност за навреда постои и ако со такво дејствие се омаловажува угледот на правно лице, група лица или умрено лице. Доколку навредата е сторена преку средство за јавно информирање, можат да одговараат авторoт на изјавата, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лице. Едит: Ми се бендисва овој закон
Не ја врти никој работата, членката најкултурно си праша што би направиле во хипотетичка ситуација, јас најкултурно и одговорив. Би се фатила за телефон и би ѕвонела кај некој близок, прв што ќе ми искочи у именик. Е сеа хипотетички може да развиваме најразлични ситуации, дали е ден или е ноќ, дали е прометно место или осамена улица, дали сме биле сами или не, ехе до утре има различни фактори. Али да, навечер ако некој мене ми рече здраво, јас сум сама, а околу мене нема луѓе ќе ми се заледи крв. Се согласувам иначе дека дискусијата не е за тука и дека најдобро е да не се дефокусира од случајот и да се збори за конкретниов случај. Сакам да ме поздравуваат луѓе што ги знам. Ако некој сака да ме запознае, најлошо нешто што може да го направи е да ми се закачи во услови кои горе ги опишав, баш ради други ситуации кои почнале така и завршиле трагично. Да ми пристапи човек во кафич, меѓу луѓе, на веселба, не знам еве, каде не е опасност сигурно нема да помислам такво нешто за него. Има огромна разлика меѓу овие две работи. Сепак темата не е манијачишта, туку е јавно пласирање на разговор на неверен маж и мислам дека тука треба да остане.
Знајш дека си во право.. Во темница, непознат да ми рече 'здраво' и јас ќе се уплашам. Впрочем, ноќе кога одам сама, обавезно носам клуч во дланката, за да ми служи како 'оружје' доколку некој ме нападне. Што само кажува ова за општеството во кое живееме... Фак ит.