Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јавно објавување на приватни работи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 14 октомври 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    upload_2020-10-16_16-15-42.png


    Како се заштитуваат мажите, а како жените во секојдневни ситуации
    Зошто па да не ти рече Здраво секој што ќе му текне, не драматизирај, зошто да не ти се залепи некое чиче дури чекаш автобус, па му должиш муабет, зошто кратко носиш, ќе те зјапаат
     
    На sj *O*, smooch, mode-kristina и 10 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Човече тотално избегавте од темата. Да бараше човек тема за сексуално вознемирување немаше толку да изнапишете на неа.
    Кој дел од насловот
    Јавно објавување на приватни работи
    не ви е јасен?
    Па и од дали здравото кај Фросе било вознемирување или не на вознемирување надвор од интернтот преминавме, а инаку кога се подигне муабет за тоа прва реакција одма ви е "ама ти се обидуваш жените строго како жртви да ги прикажеш"
     
    На sj *O*, tessie, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Ако сте маж женет пред месец дена со трудна жена и на улица глеате симпатична жена тогаш што правите?

    а)Си продолжувате по патот и си бркате работа

    б) Почнувате муабет со неа, и викате дека се знаете однекаде, ама ете одамна не сте се виделе, она ви вика дека не ве познава, вие и нудите да се запознаете пошо ви делува како спортски тип, исто како вас и сакате да ви даде број, на што она ви го нуди бројот на брат и кој е исто така спортски тип со кој би можеле да се дружите и отворено ви кажува дека ако имате други намери сте на погрешно место, вие упорно и викате дека е ваш тип на женска, она ви вика ама женет си што има да упознаваш други женски, вие и се фалите како не сте од мочка праени како други мажи (ваљда тие од точка а) и и плескате у фаца дека е смешно ако мисли дека ќе најде верен маж. Кога ќе ви се закани дека ќе раскаже јавно за ова и викате прај што сакаш а после ја тужите, заедно со трудната жена за нарушување на угледот.

    Зошто ова прашање не го поставиш?
    Oh wait, забораив дека мажите беа ослободени од морална одговорност, можат да праат што сакаат, жените се тие што треба да заклучуваат пораки, бришат фб, се забулат, не шетаат сами и слично.

    И само да додадам, ако веќе пресликуваш ситуација од фб во живо, дека тогаш ниту тоа би било првата жена што типот ја замара ничим изазван, ниту пак тој е првиот што и досаѓа, напротив, типчето си шета по улици и им почнува муабет на рандом жени, исто како што неа и приоѓаат мажи скоро увек коа ќе искочи (еквивалент на тоа дека а се пуштиш на чат некој ти пишува, нели замислуваме како би изгледала ситуацијата во живо)

    Е сеа, и него десетици, може и стотици жени го одјебале некако, и таа одјебало стотици мажи без да им каже збор ама ете и пукнало филм и решила директно да го праша кој му е филмот и за кој кур замара жени коа има жена дома. Ама не знаела кај живее и дека тоа ќе биде протолкувано како "сама си го барала".
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
    На sj *O*, Orthophill, smooch и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Ова прашање не го поставувам не затоа што е маж и не затоа што го оправдувам. Исто не би прашала ни за криминалец ни за манјак ни за било што. Безразлика дали е жена или маж... Значи ако маж изневерува нека си реши жената со него и обратно ако жената изневерува мажот нека реши со неа. Јас би се развела ама тоа сум јас а они како сакаат нека решат без разлика дали изневерувачот е мажот или жената. Исто ако некој има проблем со крадец пример нека го пријави во полиција и нека си решат итн итн..

    Јас го поставив тоа прашање затоа што некои членки на форумов пишуваат дека биле сексуално вознемирени од некој кој приоѓа (на фб) со здраво. Сакав да кажам дека едно обично здраво без ништо друго не е никакво вознемирување.
     
    На ForeverYoung и antonelala им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    На крајот од денот, сета оваа енергија треба да се вложи во институциите да профункционираат. На крајот од денот, вашите чувства се најбитни, како вие сметате дека е најправилно да се постапи, така постапете.
    Но, сепак не сме див запад, да решаваме се по нецивилизиран пат. Треба да се однесуваме одговорно и да внимаваме како нашиот пишан збор на социјалните мрежи, ќе афектира друг.
    Сексуалното вознемирување постоело и ќе постои, за жал. Наше е онолку колку што можеме да се заштитиме. Има закони во реалниот свет, за истото. Но во виртуелниот свет, сето тоа е потпомогнато со бројните алатки. Не можеме да судиме социјална мрежа, затоа што, за да отвориш акаунт, не бараат папир од психијатар, а и е нон сенс.
    Утопија не постои. Секој еден од нас, ќе се соочи со некаков тип на вознемирување во текот на животот. Во реалноста, навистина има бројни закони што ве штитат, затоа што немате избор, афектирани сте директно.
    Ако имаше закони за вознемирување во виртуелен свет, немаше да постојат социјалните мрежи, немаше да постојат форуми. Затоа што сите некој пат ќе се чувствуваме навредено или вознемирано од пишан збор. Ама тој збор не ве силува, тој збор не ви врши директен терор, насилство, убиство. Можете едноставно да не го прочитате, секогаш имате избор.
     
    На Lifelive му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема што да ми проѓа тип кој не ме познава, а баш пошо не ме познава и сигурно не ми вели Здраво затоа што му се свиѓа мојот карактер туку затоа што ме гледа вцицки. Игнорирај ги сите што велат Здраво, што свиркаат, што се ѕверат, затоа што нели воспитани сме да сме културни, да не привлекуваме внимание.
    Дали сериозно, ќерка твоја да ти каже Мамо еден ми вика Здраво и нејќам да ми вика, ме гледа некако чудно, ќе и кажеш Игнорирај и не драматизирај?
     
    На sj *O*, noteforself, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.183
    Допаѓања:
    181.218
    Еве, едвај чекам Зукерберг во мк суд да го видиме8-|
     
    На Celltica, Angie1432, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А кога некој ви се свиѓа се молите да ви пристапи и здраво да ви рече. Па на дејт ако ве викне цела романтична приказна е која ќе ја раскажувате на другарки со месеци. Ама ако не ви е по ќеиф -На кого бе ти здраво, сељак еден. Двапати ми напиша, манијак, ќе го блокирам, ќе го пријавам. Ај не претерувајте со здравото. Заради цицките ти рекол здраво |( И? Да знаел дека убав грав вариш може заради гравот ќе ти речел ама не им давате шанса.
     
    На Different7, buba4e89, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    268.984
    ^
    Нивно е да замараат, онлајн, у живо, кај им ќеифне на курот, наше е да смислуваме начини да избегаме.

    Ок. Тотално феминистички.

    Споделување на "приватни" работи, зависи што се приватните.
    Ваквите приватни муабети немам проблем да ги споделуваат, комплет со непобарани дик пикс, и не ме прашувајте што ако е жена, дури е тажничко.

    Во свет во кој милиони мажи сметаат дека е ок да праќаат дик пикс и пик ап лајнс на тотално непознати, дали е фејс, инста, или сеедно, форум, тотално е небитно дали една во милион решила да се понаша исто како нив.
    Се' додека на слика од жена секакви манијаци и морални судии ќе се лепат, а на слика од маж ќе се пофалува, не, не е исто, не може да биде исто.

    Тој ден кога реалните мажи ќе ги превоспитаме дека не е ок да замараат жени никаде, ни виртуелно ни реално, дека на слики од сопствениот патлак можат само сами да онанисуваат и немаме желба да им ги гледаме у поштенско сандаче, кога на слика од газ од која и да е, нема да се потресуваме за нејзиниот аморал, кога ќе научиме дека не постојат курви, ороспии, распуштеници, мераклики, лесни итн. тогаш викнете ме да судам што некоја жена замарала маж, па тој ја објавил.

    Се' додека постојано некој споделува слики од жени и девојчиња, и не сноси последици, последно што ме заболе е дали Стефче бил заштитен или посрамен.

    Кога ќе живееме во еднаков свет за сите, ќе мислам и на неговите права за приватност иако е гомно. До тогаш, и малку му е.
     
    На sj *O*, mode-kristina, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не е културно на планина кога рекреираш да не кажеш ,,Здраво":hai:
    Еднаш кога пешачевме со мм, си ќутев цел пат, и кога му кажав на еден добро обликуван дечко ,,здраво", цел пат на глава ми се качуваше дека сум го шмекала:)
     
    На sj *O*, ForeverYoung, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто му кажа Здраво на "еден добро обликуван дечко"?
    Едноставно одиш по улица, си помислуваш за некого дека е згоден и не му се обраќаш гласно ако е излезен на пешачење.
     
    На CameliaMiller и black-angel им се допаѓа ова.
  12. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    А што правевте вие досега кога добивавте пораки од мажи, млади, стари, слободни, женети?
     
    На buba4e89, Yowannty и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    На планина сите се поздравуваат, без разлика дали е познат или непознат. Некое непишано правило оставено од памти век.
     
    На sj *O*, antonelala, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да то поздравеше дечкото заради тоа непишано правило, немаше да пишеш дека бил добро обликуван.
     
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Е арно де, сплет на околности. Зошто да не кажам, мислиш ќе земам да одам по него, при маж до мене, па и да не е при мене. Таква била ситуацијата, се потрефи на него да кажам. Ништо лошо не направив. Го испочитував законот на планината.
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, пошо сите романтични приказни започнуваат со Си одев дома и по улица, ме зјапаше и ми рече Здраво.
    Се знае што е нормално културно понашање и флертување, се знае што е кога од авион се гледа дека си незаинтересирана ама тој е воспитуван дека треба да е упорен и дека тоа им е на жените секси.
     
    На Bezimenka90, KateKane, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Чекај, вие озбилни сте со здравото?
     
    На sj *O*, buba4e89, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Скроз како што гледам. Позади -здраво очигледно се крие крими серија за која некои не се свесни.
     
    На sj *O*, Harper, Priroden и 12 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.542
    Допаѓања:
    115.234
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам. Закон ни треба под итно!!
     
  20. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    А како се почнува инаку муабет ако не со - здраво ?
    Сигурно немаше првата реченица да му е сакам да те ебам.
    Аман, ко да не знаеме зошто и пишал.
    „Сакам да те запознаам зошто ми правиш мерак"
    „Хахаха очекуваш во 21 век да имаш верен маж" ?

    Аман па и ние, и пишал за да си разменат сликички од животинско царство .
    Жени параноични :D
     
    На sj *O*, raww, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.