@KateKane најискрено да не се колнам мене ако некој непознат ми рече здраво и навечер и насабајле нема да му обрнам внимание пошо ќе мислам дека ме има помешано со некоја и ќе си продолжам. Ако сум навечер во парк скроз сама а тој ми излезе од зад дрво и ми рече здраво ќе ми биди језа и не знам како би постапила. Ако на фб некој непознат здраво ми пише нема да му одговорам. Просто едноставно. Не сакам да ми пише, нема да му пишам. Ако ми пишал само еднаш само здраво НЕ Е манијак, ако ме ремети или недај боже слика ми прати тогаш е. Има разлика од дечко кој ти пишува здраво до манијак од овде до Плутон и назад.
Знам приказна за штотуку отворен кафич-ресторан и излегле 3-4 девојки. И тоа не ни млади, крави од по 30-40 години. И иде газдата од кафичот, буквално онака нема недела дена како е отворен, иде, се поздрави со сите маси, ги почасти по една пијачка и им направи кратко разговор за тоа како им се допаѓа кафичот. Кога го нападнале овие: "Манијак, кретен" па дошол кај нив мир да им ремети, па дошол оти една разиграна била малку и развеселена па го напалила, па кој е он нив да ги части, па прашал ли дали смее да им се приближи, па прашал ли дали тие сакаат било кој да им се приближи, а не пак да ги части. И верувам куп од вас овде ќе се согласат дека "нема што да им се приближува, уште помалку па да ги части и дека не можат да бидат сигурни дека не им мисли ништо лошо и сосема е во ред што така реагирале". И ваквиот однос многу кажува за колку се уништени општо човековите односи и човечката интеракција деновиве. Кога излезеш во јавен простор можеш да очекуваш дека ќе стапиш во интеракција со луѓе што не ги познаваш. Не можеш да живееш под претпоставка дека секој од нив има задни намери. Не, не викам дека не треба да се пазите, ама стигнавме до тоа дека едно "здраво" е сексуално вознемирување. Па немој да ме јебеш бре... ептен, ептен сте свилени. Утре некој кој што ќе му треба помош ќе пријде и ќе ви рече "здраво", вие ќе избегате од страв да не ве силува. Ако не, затворете се дома и никаде не излегувајте... Не знам што друго да кажам
@Bridget @fana и јас сум крава од 30 години Едноставно, од некој на таа возраст очекувам зрелост за барем некои основни човечки интеракции, ама не, госпоѓите растени на социјалните мрежи ја нападнале онаа разиграната затоа што со нејзиното играње и отворен однос ги довела сите во опасност. Во полупразен кафич, пред полноќ, без никаква закана. Ама она, мажите се инхерентно опасни и не смееш да имаш никаква слобода во ни еден момент. Затоа крави од по 30-40 години, оти израснале до толку на возраст, ама очигледно мозокот на пасење негде на фејбук го оставиле.
Да ја прекинам непријатната тишина од една минута Мора да е добро обликуван штом оди по планини. Закон на физичка активност Кој дреми на кауч со мобилен- е од такви да се плашите
Мене ми се обрати дечко дури си седев на клупа. Дечкото беше крајно културен. Секундата кога осети дека јас не го водам разговорот во таа насока, се повлече. Никогаш не сум помислила - Како можеше да се дрзне да ми се обраќа. Јас досега за сите што сум изреагирала, сум сигурна 1000 посто дека ич не им било гајле дали со некој потег ќе направат да се осетам незгодно. Јас мислам знаете за што зборувам. Ок, може цицките од некоја ти се свиѓаат, тоа не значи дека треба да приметат сите околу тебе дека цицките ти се свиѓаат, без осет да се ѕвериш. Исто ко што е грдо некој да ми се наметнува и да се осеќам лошо, исто така е грдо јас со мојата драматизирана реакција да му направам на некој да се осеќа лошо особено пред други, па да глумам како ми се испонашал манијачки и да се закопа од срам човекот, а немал никаква лоша намера. Јас на културно флертување воопшто не реагирам со драма. А па да измислувам флертување и кога го нема, тоа па никогаш не ми се случило. Има и такви жени, јасно ми е. Има и такви што нападно однесување го сметаат за секси. Со другарка во средно кога бевме, се шетавме, и почнаа да свиркаат едни, коментарите им беа, Какви пички, а девојчево се стопи, ко најголема романтика го доживеа тоа. Како може некој да го одобрува тоа, мене не ми е јасно
Веќе бил во процедура закон кој ќе го покрива и сексуалното вознемирување на интернет. Само што ми кажаа... Едит: Е откако ќе го усвојат, да видам после кој ќе биде првиот шо ќе го усреќам со тужба
Пу, пу, недај Боже како крава да се чувствуваш Ќе треба фемина и психолог да ангажира. Не можам... искрено се изнервирав. "Здраво" било сексуално вознемирување. Купишта побитно проблеми, ние овде до "здраво"-то ја дотеравме. Искрено се прашувам дали тие што видеа вознемирување во разговорот помеѓу Фросина и Швалерот излегле некогаш надвор да видат што е воземирување. И на улица, и на работно место, и општо во секојдневниот живот. Ама заборавив... постмодернизам, идентитетски политики. која си ти да ми кажуваш што е вознемирување? Штом се јас чувствувам вознемирено, мора да е вознемирување... Онака, лошо ми е...
Скроз сме избегани од темата ама па и темава нема крај Имало нешто, се викало Пик-ап лајн. Spoiler: Пик ап лајн Пред 15 години отприлика, не праша еден Енглез мене и една србинка, како се вика на наш јазик, Do you wanna F.... Пробавме да му објасниме дека технички таква реченица постои, ама фактички никогаш не се употребува. Многу тешко за објаснување, зошто? Од ко се отвори темава, ми се врти во глава песнава Кога некој од нас ќе може да ја употреби и зошто не? Имам ужасно чувство дека ни треба нова тема, можеби и повеќе од една,
Вака напишано "здраво" ама баш ништо не значи. Контекст дечки, контекст Каде, зошто. Еве мене лично не ми е манијачки дур пијам пиво на шанк некој да ми рече "здраво". Ама на улица, онака сама, ми рече "здраво", а не сме комшии, не се познаваме, нема причина да се запознаеме... И да, ред аларм е кога тотално некој со кој немаш ништо заедничко на соц.мрежи, ти пише "здраво". И само толку. И отвараш гледаш деца, жена, девојка, чуда. Или гледаш само една слика од него и 500 пријателКИ. Може да дробиме колку е тоа наивно и невино, ама... Постојат мрежи чие буквално постоење е наоѓање на секс партнери. Не се сите мрежи тоа. Али шоимавезе, наше е да си се пазиме.
Многу страв се чита на темава, оправдан или не, не знам. Не живеете во земја каде се силуваат жени оти марамата дома ја заборавиле па со ваков страв да се пишува.