Сакала да се стекни со слава па ете господинот Стефан и излегол во сусрет. Целиот пост ми е cry for attention.
А од каде ни е тој страв во главата? Сигурно не се раѓаме со него. На другото нема да се осврнам, ама тие што сакаат да им пишуваат, арно, нека си се допишуваат со кого сакаат, нека си се дружат со кого сакаат. Ама клучниот момент, стравот што ни е во главата. Зошто го имаме тој страв? Дали можеби од тоа што знаеме дека најчесто мажите напаѓаат сами жени, односно користат прилика да се приближат, да направат нешто, водени од нагони, и нема врска што жената не сака? Не се сите мажи исти ама во темница и на социјални мрежи немаш поим кој каков е. Исто како што мажот нема поим на каква жена ќе налета, ама да си ја проба среќата. За жената ќе биде сама си го барала, за мажот морал да проба, оти маж е. Нагони го водат.
Зoштo кaкo мaли се плaшевме oд темницa, некoи уште и се плaшaт? Зaтoa штo некoгaш ствaрнo чудoвиште се пoјaвилo пoзaди некoј? Дa не излевaме oд дoмa тoгaш кoгa ќе се стемни. Не мoжеш зaседa вo темницa сo oнлaјн плaтфoрмa дa спoредувaш кaде тoј штo ти пишaл стaвил слики oд себе, пoдaтoци и секoј мoже дa гo прoгуглa. Вo пoнoви времињa еден куп врски и брaкoви се пoчнaти преку нет, мoже требa предрaсудите нa стрaнa дa ги oстaвиме. Вo нaше време дa не немaше пијaчки чaстење, пoздрaви и честитки oд типoви штo не ги знaеме a сме ги сретнaле вo кaфиќ? Сегa пoвеќе инфoрмaции имaш зa секoгo oткoлку штo имaвме ние тoгaш. Ризици секaде имa aмa дa сееш стрaв тaму кaде штo ти oдгoвaрa a oд другa стрaнa дa пишеш -сo мм се зaпoзнaвме нa фб и еве не сегa сo две децa...не oди. Не декa ти се реклa aмa мнoгу -дa, зaтoa штo е сoсем нoрмaлнa рaбoтa.
Искуството налага да пазиш. Не е нереален страв напад врз жена. Се случува. 'Чудовишта' се нереален страв. И јас маж ми на интернет го запознав. И еден куп сум запознала во најразлични ситуации... ама тоа не значи дека нема да сум внимателна.
Се случувa и нa слaвa дa гo зaпoзнaеш дoдекa се сите рoднини oкoлу тебе и нa крaј дa се нaјдеш вo несaкaнa ситуaцијa сo негo. Мoжнo е? Дa. Кoлку oд силувaчите се личнoсти кoи жртвaтa веќе ги пoзнaвaлa, рoднини, "пријaтели", пoзнaници?
Ви препорачувам на сите The Gift of Fear, феноменална книга. И да, не можете од сѐ да се плашите затоа што тогаш стравот кој го чувствувате при реална опасност ќе го отфрлите со: "не е ништо бе, јас редовно така реагирам" Мора да го негувате инстинктивниот страв за ваше добро и безбедност. А тоа што заради социјалните мрежи не се чувствувате безбедно во надворешниот свет само кажува колку лошо ви влијаат, пред сѐ на психата. Знам куп жени чиј квалитет на живот значително се подобрил по излегување од мрежите, оти нападите и "опасностите" кои ги гледате на мрежата не се одлика на реалната опасност што не чека надвор. Живееме во многу побезбедно времиња, А многу поисплашени сме. Масовните медиуми се ширачи на страв, вклучително и социјалните мрежи. Не потпаѓајте на нивните игри, за попаметни ве сметам. Од мене толку на темава. Како викаат, на човек што не сака сам да си помогне не можеш да му помогнеш...
Не се плашам заради социјалните мрежи, силувањето и она што го поминав со бившиот ми покажаа колку можеш да настрадаш од маж. Немаше тогаш социјални мрежи... немав интернет, ни компјутер. И не е онеспособувачки страв... не познавам некоја што се плаши до толку... Ако беше така, немаше да се среќаваме никогаш-со никој. Внимателност од друга страна, се препорачува. Пример: Ако некого прв пат среќавам, сигурно нема да го викнам дома или да му влезам в кола. Ќе се сретнеме на јавно место. Каде што има луѓе
Ама не е заради тоа. Не е заради социјалните мрежи. Од претходно искуство е. И тоа не едно. Можам да мапирам во цел град каде се тоа едно "здраво" прераснало во нешто поозбилно. Инаку ја имам книгата прочитано и се согласувам дека е добра. Ја препорачувам и јас. Сега делот онлајн. Страв не е тоа што го чувствуваме од едно "здраво". Но е вознемирување. Исто како од "здраво"-то во живо, го поврзуваме со претходните искуства и знаеме дека целат на секс. Само "здраво" во порака секако дека никаде нема да помине како сексуално вознемирување, но знаеме на што цели.
Мене здраво од скроз рандом маж на соц мрежи што го немам ни за пријател ми е замарање искрено, ама таквите пораки си стојат во Message Requests и не враќам. Има мажи и момци што се неспособни да фатат девојка и пишуваат здраво на секоја мислејќи дека ќе им се посреќи. Ама сигурно нема да му пишам ЕЈ ШТО МЕ ЗАМАРАШ или останато. На улица некој ако ми рече здраво, при разминување, ќе си помислам дека или ме знае или ме помешал. Ако некој ми пријде со здраво, ќе одговорам за да видам зошто ми пришол. Нема одма да избегам. Пример стојам на автобуска, доаѓа дечко/маж/дедо и ми вика Здраво. Сигурно нема да му свртам грб. Може сака да знае колку е часот, кога има автобус или кај има најблиску продавница. Ако нешто ми е сомнително или ми стане непријатно, ќе се тргнам на страна. И не, не е дека не сум била сексуално вознемирена. Сум била. Ама нема ради тоа да бегам од секој маж на радиус од 2 метра. И не, Фросина немаше потреба да му одговара на Стефан. Нејзината намера од старт се гледа дека била да го дупчи и да си тера мајтап. Не е она никаква светица. Последно нешто што би ми паднало на памет кога ќе ми пише некој што има профилна со жена/дете е да го наведам муабетот за тој да си каже што му е намерата со цел да го објавам јавно. Spoiler Не го бранам дечкото што и пишал, да си кажам пред да бидам нападната.
Здраво од згодњачина е сосем во ред, а здраво ако не те бендиса типот е така малку како језивко. Факт. Пораснав во град каде да те свиркаат, следат со коли до дома од диско, па и пешки да те следат, се туркаат во тебе на поминување беше "нормално" оти беше секојдневие. Манијак ме нападна сред бел ден, па пак не мислам дека секое здраво is the devil its self. Здраво било вознемирување. Може да биде откако ќе го игнорираш, па продолжува да напиња. Може да биде, ако ти скокне од зад дрво и рашири мантилот пред тебе. А некој по пат да ти рече здраво и да те вознемири толку оти ти рекол здраво, за одма да го квалификуваш ко манијак е повеќе до тебе, не до него.
Само да ви кажам да не застанувате на секого на улица пошто мене ме начека крадец на улица у ниедно време, и фала Богу ни здраво не ми кажа него директно ми кажа да му даам пари. И еве после 2 месеци уште се вртам да видам дали иде некој позади мене. Едно е коа ќе ви пишат на чат а друго е кога ќе ве застанат на улица. Не застанувајте на секој, немаат сите добри намери ко вас.Ќе зажалите некој пат
Твојот страв е апсолутно оправдан. Мене во парк со пиштол ми бараа пари, но не изгубив надеж во општеството. Не можеме да ги судиме сите поради еден изолиран случај. На некој му треба помош, некое старо чиче е осамено, сака да ти раскаже дел од неговите стории, милион ситуации кои не асоцираат на вознемирување. Но, она што упорно го велам е дека на улица, дали од култура, дали од друштвеност, дали од емпатија, на некој начин ,,мораш" да вратиш. Со текот на годините го бараш она што те прави среќен. На почетокот си пишував со непознати, сега само со тесен круг на пријатели, другото нималку не ме интересира, а не ни допира до мене.
Не знам искрено ја нож си носам некад.Па и да ме застане некој дури и да праша колку е саат спремна сум за одбрана. А ме прашувале стварно и колку е саат и автобус кога има ама не сум ни сањала дека во свое маало ќе бидам несигурна. Каков наркоман беше тој му ја памтам уште фацата шуплива. Ама дефинитивно навечер не застанувам више на никој па шо сака нека е, освен ако не умира пред мене
Не, жена му го лапа немиен и гнасен секој ден. Сељаци еј. Ама штом не се развела веројатно си го заслужува Стефче... Ама коментариве во машкиве простачки муабети, за жал, го потврдуваат тоа шо го ломотеше Фросе... ТРЕБА ДА ГАЗИМЕ ПО МАШКИОТ РОД!