Еве јас како слободна ќе ти кажам. Започнувам муабет ако сум расположена, ако не не. Друго, ако ми тргне муабет скенирам профил, лесно се гледа дека е скриен, т.е. или дека е во врска или дека е женет. Отворено го прашувам, инсистриам на одговор. Би се зачудила не ни кријат. Изговори милион. Јас само културно, ако не иде бракот разведи се, јас да ти служам за ладење не мислам и иде на блок. Листата ми е охохо.. Ако е слободен пишува од негов профил и тука веќе зависи како ќе се погоди хемијата. Многу знаат само убав муабет да направат, некои се простаци до бесвест. На тие таквите блок и адио. Да се дополнам.. да ми се уклучи некој како оној каде има жена бремена има да го направам од ништо подолу, да не му текне уште еднаш.
Ок, во ред. Сосема нормално. Прашањво го поставив бидејќи јас кажав и стојам на ставот дека ако не сум заинтересирана - игнорирам. И за тоа ме нападнаа дека тоа било ќутење, трпење итн итн. Затоа мене ме интересира како постапуваат они чим не треба да се "трпи"..
Еве и јас како мажена и прилично активна на социјалните мрежи (посебно на инстаграм скоро секој ден постирам слика) ќе пишам. Пораки добивам секојдневно, од оние што ме следат а јас не ги следам, стигаат во message requests, тие се случува и да не ги отворам со денови. Онака од непознат кога ми пише, игнорирам. Не ми се случило некој ептен да ме напнува, обично ако не вратиш, продолжуваат да лајкнуваат, па се повлекуваат. Некои што не се повлекле, сум ги ставила на блок и тоа е тоа. Али во глобала не сум се осетила сексуално нападната или загрозена на социјалните мрежи. Ни во реален живот, да бидам искрена.
Така е. Јас сум слободна ама истото го мислиме. Ама се уште не добив одговор од оние кои за игнорирањето велат дека е трпење. И уште чекам одговор како треба да се постапи. Ај ќе си почекам.
А ве види има дечки кои се срамежливи во живо да ти пријдат, па вака им е полесно да стапат во контакт. Ама има и дегени..
Јас сум пресреќна шо четот со задникот е фејк, пак се осеќам достаточно природно лепа и згодна а перфекции се дело на фотошопирана Гугл галерија.
Бидете сигурно дека не е фејк. Ако проверите на пазар5 групата ќе проверите дека и она ја има таму како членка. Сеа ме мрзи да ставам слики ама проверете и сами... Типкава желна за внимание си ја постигна целта, понатаму со тоа внимание ќе си го користи како што сака дали со видео влогови правење, дали со статии, дали со веб страници небитно. Нешто копија на ИнаМногуФина ама од алиекспрес. Ве манипулира како ќе ви текне, ставала лажни слики од одмор дека наводно е во Корчула со превземени слики од инстаграм. Уште што нема фејк кај неа... Нејзината намера и е внимание, лајкови и популарност. Доколку и било намерате да помогне на жената да виде каков "ѓубре морков швалер" има за маж можело е само да ја контактира и да и ги покаже сликите и завршена работаа... Замислите се сеа сите на местото на жената, бремена и потценета оти таков и се погодил мажот, и за тоа да знае цела Македонија...
Инаку, жена му прво го оставила, па му се вратила нели заради детето.. Нејзините се против да му се врати..
Па боље да расте без татко него со таков пичкопатеник. Тој шо варал еднаш ќе вара и уште еднаш. Ако чивијата е длабоко забраздена нема назад
Е многу убаво размислуваш дете уште не родено а веќе без семејство да расте.. А зошто затоа што овој со ножичката на рака со долниот мозок разменил неколку пораки со оваа "јаката риба" Ова ако не му биде лекција и ако не му дојде паметот, никогаш нема да му дојде. А и сеа најпаметно да си се средат, да му дојде паметот да ја тужат оваа што ги објавила на фејсбук. Има да и земат едно 10.000 евра... Да си купат ауто, да си средат куќа/стан... Оваа нема да може корчула ни на инстаграм да ја виде
Ако денес тој и' пишал на Фроска, утре може на друга да и' пише. Многу жени остануваат и со насилни сопрузи само заради децата, не само со неверни.
Јавно објавување приватни работи - на западу ништо ново. Буквално. Пред некој ден го гледав новиот биографски филм за Марија Кири. Се нашла во слична ситуација, еве пред повеќе од сто години. Имено, Марија започнува врска со пријателот и колега на нејзиниот (тогаш веќе покоен) сопруг. Арно ама, типов е женет. Во еден момент сопругава дознава за нивната врска, ги наоѓа љубовните писма што си ги испраќале гулапчињава, а кои биле полни со експлицитни и сочни сексуални елементи и - мртва ладна ги објавува во весник. Скандал невиден! Госпоѓава хемичарка станува предмет на исмевање, осуда, бес, до скандирање на најпогрдни зборови пред нејзината куќа, притисок да ја напушти Франција... Епилогот? Госпоѓа Кири издржува храбро, останува да живее и работи во Париз иако репутацијата и отиде надоле, неверниот Леси ја прекина врската со Марија и се врати кај жена му, а госпоѓава сопруга веројатно излезе победник. Успеа да ги понижи и засрами двајцава познати интелектуалци и да ги натера да се почувствуваат мизерно како што таа се чувствувала, и решава да остане во брак веројатно зошто ја постигнала целта - ја победила моќната соперничка и му покажала на сопругот кај му е местото одржувајќи му животна лекција. Сигурно ја запамтил за цел живот. Не правам паралела со овој случај, само сакав да кажам дека природата на луѓето е иста и сега и порано, само улогите се менуваат.
Не жал ми е што ќе те разочарам. Никогаш не би бил како тој стефчо морковот со ножиците на раце Проблемо е што ние сме и далеко од западот 50 години и сме мала педа земја... Неможеш западот да го споредуваш со овде и со нашиов менталитет.
Епа мене тоа и ми е зборот, значи сеа после ваков скандал ако не се опамете никогаш нема да се опамете А и греота е така неродено дете да живее без семејство само ради едни обични пораки испишани од долниот мозок... А тоа што бирате вие жените насилници за мажи е и ваш проблем, треба очите да си ги отварате со кој што започнувате семејство и е сосеме различно со ова.