А што па она морала да се докажува на жена му демек ''види каков е маж ти, неморален'' секој што е барем малку паметен игнорира пораки од таков тип, јас лично не користам фб и фала богу што никакви полупани сељаци не ми пишуваат, која е потребата да и докажува со каков се омажила, таа ако не знаела ќе и каже некоја вака, аха и искрено порано многу посреќни бракови имало, ако ништо друго се мажеле/женеле преку менаџери па знаеш од каква фамилија потекнува , како се однесувал порано и се поврзано за таа личност, а денес ни го знаеш како што треба омажи се и овој ако се смета за некоја јака фаца гадно се заебал, биди маж па чувај ја жената а не да се бавиш со вакви гадни работи, па као нешто фаца и дно дна се машките што пишуваат вакви глупости а мислат дека се нешто посебно интересни. Не сум за јавно реметење , бидејќи луѓе како луѓе повеќе циркус ќе направат од колку што некој ќе се засекира за случајов, а за жал не е единствен.
Аман бре луѓе ама се нафрливте во одбрана на Фросе. Хахахаха Па ако не сака муабет блок и толку. Она е таа што ќе ги оправа браковите. Светицата
Не туку пуштај срциња, научи се на правилно резонирање на работите. Ако ти пишам оти сакам да ти го начукам, тоа не значи тоа, туку малце напорно ми е на работа. Чиста метафизика е во прашање, јас не знам шо се чудите.
Извадокот се однесува дека му даваш права на провајдерот те во случајот фб., да ги складира, обработува итн. твоите податоци. Не на ојле дојде корисник.
Малку повеќе од што треба се разврза работава ( разбирливо ) и онака повеќето се рамни на Фросе и на исто ниво па и бетер , ама ако правиме муабет за човечки однос , етички кодекс во тој случај ако сте сите нормални индивидуи и се ставите во истата ситуација без разлика на тоа за што конкретно се работи сево ова е бесправно нарушување на приватност и повредување на човечки права ..... ај само едноставно да Ве прашам тука сте или на било која друга социјална мрежа имате приватен разговор и при тоа е обелоденет без ваша согласност и стане вирално па вие , вашето семејство сте исмејувани заради нечија злоба , какво е чуството ? .... Не ми е битно што правел тој и што напишал , секогаш имаш опција да го игнорораш разговорот ако не ти се допаѓа , ама чим влегуваш во дискусија , чим почнуваш дебата и плус попуваш како би требало да биде со цел да го обелодениш и објавиш тогаш јасни се задните намери позади постапкава ..... темата е јасна и за било кој конкретен случај јас сум против објавување на ПРИВАТНИ работи по социјални мрежи , зашто веднаш влегуваме во контрадиктотност кога јавно би објавиле нешто , приватната работа не е веќе приватна , таа е јавно достапна ..... дополнително само да кажам згрозена сум од македонскиов менталитет и треба да Вие срам бе луѓе покрај се што било изнапишано и кажано нели не е во ред да се навлегува во животите на луѓето па да пишувате ТУКА , баш во оваа тема дали тој бил ваков или онаков , дали жена му знаела или не , дали таа била паметна или не , дали имало за него пријава за злоставување , после приказни она била таква , идела со тој , па со оној , му пишувала вака така , кажав и на почеток го осудувате чинот ,а тука истото го правите, требаше да си отворите тема " Ај да ги оговараме Фросе и Стефан " па таму да си пишувате свашта, офтопик сте до бескрај со милењава ..... пусто македонче ако не седнало како бабине пред зграда па да измисли некоја приказна и да оговара некој ете немало да помине денот , гладни за дезинформации , гладни за драма , гладни за уништување животи и најненормалното е што си мислите дека ете тоа е правилната работа што треба да се направи и дека е тоа социјално и етички прифатливо .....
Кој и е филмов на будалава не знам,што меша сега и деца,па и ги урочува цццц. Стварно треба да се лечи.
И едните и другите се мизерни, играат средношколски игри, а нов живот ни крив ни дужен мешаат. Ја тагнале што ја тагнале, ако она е барем малце попаметна и позрела би ги игнорирала и би продужила непридавајќи им никакво значење на нивното постоење.
Ниту тој Стефан , ниту таа Фросе се салам со паметот . Ако имаат малку гордост , ќе го решат тоа без галама и прашина . Таа можеше да го прати разговорот на неговата сопруга а понатаму е меѓу сопружниците што ќе прават . Се ова мене ми личи на потрага за медиумско внимание . Толку . И мене ми пишувале женети и со деца , па оделе на блок . Ниту јавно сум ги објавила , ниту фама сум дигала . Евентуално на сопругите сум праќала скриншат , чисто да знаат дека мажите пишуваат на други жени/девојки , и тоа кога отворено пристапувале ( обично ги игнорирам кога ми пишувале здр , како си и слично ) со фрази : " би сакал да се запознаеме , дали си за кафе " итн .
Пред вакви нешта не е добро да се молчи. Со молчење само му даваш на злото уште повеќе да расте. Еве еден пример ќе ти кажам. Во Русија минатата година се приклучив на движење кое лови педофили. Се користеа деца како "мамка"(да напоменам дека никогаш децата први не започнуваа разговор) се зачленуваа на апликации како тиндер и слично, им пишуваше потенцијален предатор, договараа да се сретнат, од страна изегувавме ние. Правевме интервју со човекот, тоест биолошки отпадок од човек и го предававме во полиција. Видео материјалите и разговорите беа пуштани на интернет. За жал про западните мрежи не блокираа и видеата се достапни само на телеграм и ВК. Движењето е активно неколку години и приметно беше дека педофилите се помалку бројни. Дури и при разговор со потенцијален предатор тој се плашеше да се оствари средба бидејќи се сомнева дека и него го чека некој друг наместо дете. Како и да е тоа нема врска со темава туку само сакав да ти кажам пример како одредено нешто може да се спречи или редуцира. Тоа што ти пишувале такви и ти си ги блокнувала не е решение. Ќе пишат пак на друга. Доколку повеќето од вас постапат како Фросе тој морон со жена и дете, на кој му дошла мисла да шврља на страна би ставил прст на чело.
Ако на тој морон не му дојде памет со едно одбивање/игнорирање и сериозен разговор на темата со сопругата , ќе му дојде ли ако е јавно објавен ? Таквите немаат ниту срам , ниту перде . Со тоа што се јавно објавени си го билдаат егото , посебно ако поминат лесно , како овој Стефан на кој ( ако не се лажам ) сопругата му се вратила по три дена . Ова не е кривично дело како она во примерот што ти го наведе Витали , ова е личен избор што не е казнив со закон ( доколку нема полигамија , што во случајот со Фросе го нема ) па ќе го однесеш во полиција и ќе биде соодветно санкциониран . Од кого да се плаши Стефан ? Од жени на кои им пишувал ? Што можат тие да му направат , освен јавно да го објават ? Најлошо што може да го снајде е да се разведе од сопругата ( а како изгледа , таа ќе си носи и рогови јавно ако треба , ама ќе живее и ќе тера брак со него ) , евентуално да се пушти на некоја мажена па да дојде до физичка пресметка .. Друго , не знам што би го снашло . П . С . Ниту Стефан го оправдувам , ниту Фросе . Двајцата се виновни . Жртва е само сопругата на Стефан во ситуацијава, и жал ми е за неа , што баш во бременост ја најде цела драма , сепак сигурно било голем стрес за неа и за бебето .
Не му доаѓа памет со одбивање и игнорирање за жал се додека не му ги исчука некој роговите. Не само на него на сите кои прават така. Или ќе неможе да излезе до продавница од срам. Има ли поголема казна од тоа? Јас мислам дека не... Незнам како му беше името на оној една емисија што водеше и што коентираше рандом девојки од инстаграм. Неколку пати го тепаа па му дојде памет. Исто и со ваквите.
За жал , физичката пресметка е сепак казнива со закон , за разлика од пуштањето на рандом девојки и жени . Ама има разни луѓе , не се знае на каков ќе налеташ . Некој ќе му ги искрши коските еден ден , па нема да му текне веќе социјална мрежа да користи , не па да се пушта на девојки и жени . Кога си кај срамот , веќе ти кажав , таквите немаат ни срам ни перде . Оперирани се од срам тие .