Ама нема да ги решите. Само ќе го валидизирате објавување туѓи податоци, и секој за секого ќе може да објавува што сака, без разлика како тоа ќе влијае на жртвата.
Па да де, и ја тоа викам. Ми пишувале, и дикпикс ми праќале, сум блокнувала и чао пријатно. Дали имале девојки не знам, не сум чепкала профили. Овде имам објавувано во темана ама со скриено име на тој што пишува. И јас му пишував на еден пред да бидам во врска па си добив само корпа, ништо повеќе. И утре да бидам изневерена, последно ќе објавувам скриншоти, му раскинувам и нек се гони. Јавна поддршка оти сум изневерена не ми треба. За случки како сексуално вознемирување надвор од социјални мрежи е друго.
Ваков закон нема, најдов еден за заштита на приватноста што се однесува на прислушување и тонско снимање, вакво нешто во случајов нема. Ваквите разговори по социјални мрежи ако не знаеше ги користат и во судски постапки за докажување факти, за што и нотар составува записник така што ништо од девојкава не е нелегално, за разлика од објавување такви фотографии што е кривично дело.
Од желба да се преземе некаква иницијатива за менување на однесувањето на типичните балкански сељачиња и лигуши, се оди во крајност да друга жена ја става во незавидна положба. Апсолутно сум сите да го дознаат каков кретен е овој Стефан, ама мора да се најде начин тоа да се направи без да биде оштетена недолжна страна т.е. жена му, затоа што таа не е одговорна за она кое тој го прави. Друга работа е тоа што девојкава Фросина на еден начин ја омаловажува неа, цитирам: „... Ете затоа никогаш нема да се мажам, барем ќе нема кој да ме вара и ќе можам да го шутнам тој некој ропак што ќе ми е партнер дури и да има само обид да ме изневери, па макар и имала 5 деца со него. ..... И дај боже да имаш ќерка на која некој во иднина ќе ѝ го прави ова што ѝ го правиш ти на жена ти. Не знам само што си мислат женичкиве што рипаат од среќа коа некој ќе им извади прстен да ги бара?... “. За мене ваков муабет е најблаго речено мизерен. Греота што стапила во брак и клетва за ќерка му?! Значи за неа сопругата негова е глупа и за жалење. Не можам да се согласам дека лекцијата е предадена за него.
На форумов видов за ова па потоа прочитав на фб и според мене намерата не и била лоша, ама реализацијата фијаско. Можела да ја изземе жената од сликата, мислам на сите ни е јасно кога ќе напише некој за некого дека е женет( или самиот за себе пише дека е женет) дека има и жена во приказната, не мора на слика да ја видиме за да се увериме. Како и да е и покрај првичната се надевам незлонамерна намера, Фросина ќе научи лекција до каде може и смее да објавува приватни разговори јавно.
Не знам еве...јас да бев на местото да жена му, немаше да ми биде сеедно. Не дека јас ќе се срамев, само не сакам цела држава да знае дека он ме вара и дека ние имаме лош брак. Меѓу нас ќе решиме она што може, она што е посериозно, ќе вмешам полиција или кој треба, ама не гледам потреба од социјални мрежи, освен ако е ко што реков посериозна ситуација.
Можела барем да ја скрие фацата на жената кога веќе пишала дека не можела да ја најде на приватно да и ги прати сликите. Е сега колку е ова вистина.. Греота е бидејќи знаеме каков е менталитетот и повеќе нејзе ќе и се ситат демек леле каков маж си одбрала отколку што овој ќе го сметаат за идиот. Овој заслужува и тоа како да биде објавен вака, ама во нашава држава слабо тоа со ваков народ вината пак ја префрлаат кај жените, типично. А во главно профилот нареден со цркви, крстови, икони, Богородици, жена му..
Претпоставувам дека го напишала ова со навредлива конотација бидејќи земала во предвид како ќе постапи жената, како што би постапиле и најголемиот број жени во слична ситуација. Ќе се помири со ситуацијата или ќе ја сврти во нивна заедничка полза дека мажот не е неверен. Ова многу ми наликува на случајот на Викторија и Дејвид Бекам кога неговата љубовница објави за наводната афера и смс ппораки меѓу неа и него, па потоа кога се оствари како мајка јавно се извинуваше што воопшто се ставила во ситуација да раздрма брак, особено брак со деца. А познативе го решија проблемот со проширување на фамилијта и така и волкот сит и овците на број.
Точно е дека голем број женети мажи им пишуваат на девојчиња / туѓи жени било за односи,било за нешто друго - не битно. Објавата на Фросина е дно дна. Девојката не би да ја частам,ама сигурно би и кажала дека работите така не се решаваат со тоа што вмешуваш и оцрнуваш трета - невина особа. Да,она ајде го објави тој дечкото,ама слики од свадбата,па мислам целосно ја избрука жена му. Па уште пишува во коментари : услуга и направив . Што услуга бе златна , од кај знаеш ти они каков живот водат,како им било и ти баш ќе ги разведеш !? Според мене ова е неопростиво и истото претставува кривично дело. За дотичнава Фроска не сакам ни да ја коментирам сфативме дека не сака да се мажи и дека секој таков ропак би го шутнала. Океј богињо,али твоите 5 мин слава ми се чини 15мин повеќе како да те оцрнија. И не, не се решаваат така работите со луѓе коишто ти испраќаат недолични понуди. За тоа постои Блок и Делете. Фросинка оправи се.
Ја следам цел ден ситуацијава од досада на работа и имам нешто да кажам. Јавното објавување не е ништо друго освен его буст, нема никаква добра и суштинска намера. Фросина не откри топла вода дека женети мажи пишуваат на слободни девојки за секс познанства. Ама на Фросина постот има еден куп задни намери и фрустрации. Сака да се претстави како слободоумна, без влакна на јазикот, еманципирана жена што не мота сарми(што има лошо и понижувачко во мотање сарми?! ) и за жал и успеа во голема мера кај масата луѓе судејќи по коментарите. Не, не сакала на никој да "отвори очи" пошо имаше нејзин коментар за сопругата на Стефан "-види ја жениЧКАВА колку е горда". Целта не и беше да го омаловажи шврљачот туку и жена му што (не) свесно се венчала со него. Јас сум над вас што влегувате во брак стил. Муабетот е дно дна, ама нејзиното величење како таа нема да се омажи пошо секој маж е ваков е слика на купот фрустрации кои ги влече. Потенцирањето дека типот сака да ебе на страна после 25дена брак, а не после 25 години зборува многу за нејзиниот морал. Пред неколку години јас тазе раскината во кафич ми се пушти дечко од другиот крај на Македонија. Муабетот екстра ни тргна, разменување телефони и среќа не продолжив во диско пошо морав да станам рано. Се прибрав утредента го барам на фб, слика со сопруга и 3 месечно бебе. Ми се згади буквално а немавме никаков физички контакт. Ама не и пишав на жена му, зашто 1)муабетите во брачни неверства ќе бев курвата што му се пуштила, 2) се надевав дека му било момент на слабост и си се средиле. За жената на Стефан се надевам нема да заврши како куп жени кои ќе дојдат ќе си ги напишат проблемите и ќе продолжат по старо со истиот партнер. Не знам дали и ги памтите "колумните" кај другарка и Јоци Ниски провокации метропола-провинција итн итн итн.
Не, не постои онлајн приватност. Ама тоа важи за операторите со твоите податоци, не за твоите пирови или корисници. На форумов има политика за не споделување Лп, ФБ немал Ако не сте се информирале, не значи дека нема https://www.cnbc.com/2018/04/24/facebook-content-that-gets-you-banned-according-to-community-standards.html#text=Facebook released its "Community Standards,allowed and what isn't. Значи се вика Комунити стандардс и според истите, сите овие правдољубиви и осветољубиви корисници треба да бидат санкционирани од мрежата, што и да значи тоа. И едните и другите Не, не заради одмаздата. Заради тоа што не треба така, секој шериф сам за себе. Непознавањето на правилата на мрежата, не ве ослободува од одговорност при прекршување на истите. Ова на темата на приватост, на темата неверност, меѓуродова нетрпеливост и останати фб поттикнати збеснитиси, во друга прилика.
Тој е кретен тоа ни е јасно, но како се чуствува сега жена му? Помисли ли Фросе на тоа пред да ги објави разговорите јавно да се смее цела држава и да ја наречат "херој"? Не е Фросе херој, јасно ни е дека тој изневерува веројанто Фросе не е прва на кој и пишал ама ете таа решила да објави приватни разговори како демек сега Стефан ќе биди усрамен, па јас мислам повеќе е лошо за жената....Што е полошо има многу како Стефан дали се во брак или врска небитно,секој за себе одлучува дали да стапи во брак или не и мислам на 99% од девојките ни пишувале такви па не сум се осудила да објавам јавно и тоа поради девојките навистина ми е мизерно некако да ги срамам нив пред цела јавност. Ако сакаше да му помогни на жена му можеше неа да му прати...
Фросе срцка целосно си во право за ваквите мажи. Но ја усра работата срц. Трета личност што никако не е виновна сега СТРАДА заради тебе! Не заради тоа што си му пишувала на гнидата туку затоа што тоа го објави јавно. Не фросе, ти не сакаше да и помогнеш на глупата (според тебе) женичка (се согласувам за ова со @Purplelilac ), ти сакаш 5 минути слава или сакаш да покажеш колку ти е жал за жената, да бидеш херој во очите на женската популација или .... Не знам што сакаше да постигнеш, но направи жената да страда со објавата и ништо друго. Не ми се верува какви луѓе постојат господе боже
Башка сега го прочитав целиот пост. Жената е бремена, во сред бременост, и те како е ризично да си изложен на стрес. Не дај боже, ама ова може да биде кобно. А зошто? Затоа што сакала да испадне богиња пред очите на другите. За срамота за двајцата, на што црнила ја осудија кутрата, невина жена.
Видов за ова на фб сабајле а сега цел фб е преплавен. Де со објавата на Фроска де со скринови од чат со неа.. Многу е јасно дека е направено за внимание, ако дотичната и мислела добро на неговата сопруга би и ги пратила директно неа па она нека си решава каков маж има а не цела Македонија. Сликите на социјални мрежи не се приватни никаква приватност до душа се нема таму.. сите сме добиле некаква порака ама постои опција пријави и блок нема никаква потреба јас некој си Павле женет/разведен со деца ез да, го опаметувам, јас никогаш не сум праќала чат што зборам со некој ама имам другарки што праќаат. И не никогаш нема да ја частам оваа жена затоа што жена штити жена, а оваа се направи најпаметна од сите.
Постов на Фросина нема да смени ништо, освен што она ќе добие некој плус лајк и коментар на фб. Оцрнета е третата особа т. е жената на особава. Муабетов на Фросина у стил зошто не се е*еш со жена ти туку сакаш со мене? Пред месец се женел, и сеа демек неа многу сакал да ја е*е. Као ако и пишел некој шо е 30 години у брак ќе сфатела дека е ок? Разбива монотија човекот? Ај он што е како секој втор ропак, ама на исто ниво се со Фросе. Она дели слободоумни сфаќања, а по коментари ја спушта 'женичката'.
Мислев ако за нив се однесува, полесно ќе сфатат кај е проблемот. Иначе, ова е исто како муабетот: Ако ме силова, ќе го истепам. - шо се расправавме на Прашање за форумот. Виџиланте 'правда'....
И многу на ниско ниво беше тоа напишано демек сите што се венчавале жените им седеле дома и ги трпеле додека господарот си се ебавка со други. Или дека скокале од среќа кога прстен ќе им дал. Алоо колку девојки што сега се вериле го прочитале ова и кое понижување е тоа и за нив. Бидејќи она решила да не се мажи не може сите што решиле да се верат и мажат да ги омаловажува. Ја сфаќам донекаде поентава и ја поддржувам дека треба да се стават на тапет ваквите машки, ама само нив а не и нивните девојки или пак уште полошо сопруги. Уште ако навистина женичкава е бремена, тешко нејзе со вакви стресови.
Подобро би темава наслов да носи "како и за што се користат социјалните мрежи" оти тоа дефинитивно е поширок проблем од тоа дали ставила скриншот од разговорот или не
Никој ништо не мора да сфати. Само некој треба да им ги пријави профилите на ФБ заради ширење на омраза, нетрпеливост и штојазнам-како-да-преведам ствари Facebook also bans: Bullying that “purposefully targets private individuals with the intention of degrading or shaming them.” Harassment. Private information that could cause someone physical or financial harm Правилата на мрежата не се некои апстрактни, ванземаљски или незнам какви, базирани се на постоечките права и прописи. Ако во МК такви права и прописи не постојат, ФБ не значи дека ќе ги погази истите, ако се дел од нивните политики. Така што Менче или Митко, сеедно ми е со какви цели некого ругате, фб правда не исправа криви дрини. Уште и движење да покренеме, ж суи Фросе мислам