Е ради точка 1 ме боли душата. Што како и да вртиме, што и да се случи пак ние сме курвите, тие што си го бараат, неебаните, милион придавки што следуваат после тоа. Тој е океј дома женет со дете да се пушта во кафичи на други, ама ти ако кажеш ти си курвата. Точка 2 ми е уште поболна од точка 1 и тоа е дека вакви екскурзии многу често се простуваат од жени баш заради тој изговор - момент на слабост, како џокер карта која ги вади од вакви срања, а ниту се слаби, ниту пак се глупи да не знаат во што се впуштаат. Искрено тажен ми е цел ден заради постов. Затоа што заврши типично, потипично здравје. Не дека јас се ситам и фаќам сеир на ситуацијава, мислам дека тие што ме читате ме знаете каква сум. Ама дека ме боли душата за секоја жена како сопругата која има вакво говедо како ова и не може да мрдне без притоа да не и се деси малограѓанштина ме боли. Да имам ќерка, да ја гледам цел живот, да се тресам над неа и некое говедо ова да и го прави, а да не смее за тоа да се збори ради јавен линч на секој освен на копитото... Мислам срце ќе ме стегне, еве најотворено си кажувам.
И како ќе се санкционирани од мрежата, ќе му избришат фб? Оти овде тужби се спомнуваа, а сигурна сум дека не можеш тужба да покренеш дека јавно ти објавиле пораки кои сам си ги пишал. Мислам колку треба да си наивен да мислиш дека некоја ко Фросе нема да те објави
@KateKane Приказнава ја знаеме само од едната страна, од кај знаеш дали жена му не знае и му простила и други вакви испади? Како си дава за право Фросина јавно да ја објавува конверзацијата и да ја сожалува и понижува жена му и пропратно сите други во за неа навидум моногамни врски/брак? Добронамерност нема нигде во објавата, мажот е безр'бетник, а за жената немаме ни малце информација дали е свесна каков човек земала за да носиме заклучоци. Пак ќе кажам еден куп жени и девојки се имаат извртено низ темите со неверства и простиле огромни киксови и неверства и продужиле, покрај сите спротивни совети. Фросина сакала 5мин слава, нешто скандалозно, провокативно, ако сакаше да ја сврти темата накај сексуален тормоз на жените на социјални мрежи крајно е промашен начинот. Да, ни пишуваат мажи во лични пораки неповикани, сегде дури и на форуми, ама со вакво прозивање не постигна ништо освен пукање сеир од цела држава. Мислите ова ќе спречи некој да прекине да си бара секс надвор од бракот по социјални мрежи? Not even close.
Content that gets you banned. Јас сум по политиките, вие како корисници треба да си ги знаете правата и последиците. Не се прави револуција со ФБ, ама ако мислите дека ви дава некоја гласност видете колку гнасно може да стане без регулација. Секој за секого може да лае и секој по секого да плука. Лепота. И сега J`sius Frose илиJ`ne suis pas Frose?
Слободно можам да заклучам дека девојкава нема грам свест и совест. За да напишеш толкав текст и да осмислиш како тоа треба да изгледа, треба време за реализација. Понекогаш пишуваме во револт и кажуваме работи што нема да излезат прифатени, како што сме си замислиле. Со оглед дека правела скриншоти, па вадела слики, па текст, наааа реферат. Ова го правела со умисла и некаква цел за придобивка. Се ова ми дава слика, дека воопшто нема емпатија и воопшто не размислува за последици. Тој, ај удрен со мокра чорапа, ама девојчево треба да се преиспита, има психопатски елементи. Се надевам дека афектираната жена нема да биде предмет на потсмев од околината, со оглед дека живееме во општество каде повеќе му се суди на оштетениот, отколку на штеточината.
Кога се регистрирате на социјални мрежи, како и на форумов имате услови на кои се согласувате, притоа секаде пишува што, со кој споделувате, постојат повеќе опции за блокирање и пријавување несоодветни содржини. Корисниците имаат тотална контрола над своите акаунти и кој и на кој начин ќе ги контактира. Не ја оправдувате его-типкава дека направила добро дело. Ако и беше грам гајле за трудната жена, додека го пишуваше и спремаше постот да имаше малку свест и разум немаше да го објави.. Ти можеш да даваш подршка колку сакаш овде ама никоја тука не би сакала да е на место на сопругата. Понекогаш правиме погрешни избори, но не е исто кога на ваков начин би дознале и би се справувале со истите, додека цела држава има увид во проблемот. Секој што го прочита постот треба да му е јасно дека Фросе си го набилда егото понижувајќи рандом особи на интернет затоа што она донела пресуда дека заслужиле. Колку пати напомена дека е среќна што не е како жена му, она така, она вака... Се надевам душата ѝ се наполни барем на еден ден, затоа што тие фрустрации и комплекси нема да исчезнат со еден пост.
Фросиноо детее. Земи избриши ги сликите кај што се гледа ликот од жена му. Ќе и се смеат сите. Убаво си му пишала на магерето дека "ќе ја спасам жена ти од тебе со само 2 скрина", зашто после тоа ги објави јавно сликите? Ти требаше 5 мин слава? Што не ми пишеш мене јас ќе ти кажам лек. Вака само ја обрука жена му. Место фино лепо да и пишеше. Ти одбра да ги брукаш двајцата јавно.
Требало да ја замати жена му, вака стварно е лошо, џнаејки во какво опшество живееме повеќе нејзе ќе ја одедуваат него него.
Е ова. И уште нешто. Вака изгледа како што имам речено, ФБ е средсело или муабет на селска чешма. Ама утре, тој/таа/другата таа, утре ќе излезат на улица, па после некои работи ептен може да излезат од контрола. Ама мислете вие дека е тоа само ФБ и никому ништо. Истото и за форумов важи. Мислете малку пред нешто да пишете некому, во која тема пишувате, кому пишувате. Сите ние сме живи битија со некаков психолошки сетап, некому никому ништо, некому може нешто.
Нема што многу да се збори,сопругава треба да ја тужи.Ништо повеќе. Типкава сакала да биде популарна по објавата. Бедно.
Шала на страна. Ај да направиме некако да и се избрише објавата на Фросина. Дали со пријавување објава. Незнам како се користеше фејс. Али дај да направиме нешто. Греота е за женава.
Браво Фросе и малку му е на таков идиот Инаку кога веќе сам објавуваш лични фотографии на социјални мрежи, и ги правиш public, треба да знаеш дека секој може да ги гледа, и утре да ги објави или што и да прави со нив, така да не гледам какво право на приватност прекршило тука девојчето.
Само што таа не е во брак и нејзино право е дали има ебач,за разлика од тазе женетото мажуле што брка швалерки при трудна жена дома.
Јас кажав, за мене е глупост тоа што го направила, не е ок. Посебно што женава ни крива ни должна пола Македонија во најмала рака фацата и ја виде. Тоа што имав пишано беше во контекст ќе ги тужев јас мене да ми објавеа. Инаку нормално дека е направено за да глуми интересна да е, не ради нешто друго. А и сум повеќе некорисник отколку корисник Ама сфаќам на што мислиш.
Министерот Димитров е женет и со деца. Да не е светица што го контактирала? Тој првиот грев пред Бога прави, нека му ја мисли. Не е свесен колку тага нанесол на жена му која најверојатно дознала сто пати до сега.