Верувам утврдивме до сега дека не е објавено од емпатични причини (ќе пратела на жена му), туку од егоистични (сакала да му оддржи лекција). Но тоа не и беше целта на @KateKane . Пошто темата е вака насловена, ќе морам да бидам офф топик. Жената ќе е повредена во секој случај, бидејќи маж и (сака да) ја изневерува. Ама пошто е Македонија и е битно што ќе кажат комшиите, затоа сме сите загрижени за неа. Заборавате дека и да се разведе, сите пак ќе дознаат. Всушност и да не се разведе ќе дознаат. Добро е што се грижиме волку за приватноста, без сарказам ова. Но, уште подобро би било да се загрижевме во каква состојба сме. Значи жената треба да се крие од срамот што е изневерена, а не мажот. Од кого би дошле тие коментари? Знаете некој човек тоа што би го искоментирал? Јас искрено не. А и да се најде некој во моја близина, експресно ќе биде отстранет од мојот ФБ (а и живот). Луѓето се дрзнуваат да пишуваат одвратни коментари (со се име, презиме) затоа што се социјално прифатени. Петко денес ќе стави коментар дека "Ако, мажите сите си изневеруваат, тоа е нормално". Потоа заедно со жена му ќе отидат на гости кај пријателите, кои исто така го прочитале коментарот и ќе го фалат Петко наоколу како е супер дечко. Барем јас мислам идејата за темата е тоа. Како да се разбие оваа општо прифатена појава каде изневерувањето од страна на мажот се смета за толку нормално. Сега женава на ФБ немала идеален пристап. Апсолутно се согласувам дека не требало да ја стави сликата од жената. За приватноста и тужењето, не сум компетентна да зборам.
Место да се срами маженцево, жената ќе се срами. А ако жената била таа што (ќе) изневерила пак она ќе се срамеше (што е и логично). Се' е прифатливо кога станува збор за мажите, нели мажи се имаат нагони. Ништо не е прифатливо кога станува збор за жените, дури и кога гревот тие не го направиле, тие ќе си го носат срамот. Гадно општество. Јебем ти еднаквост.
Ве молам погледнете ги коментарите под линкот што е на 1ва страна. Одговорите на Фросина. Девојкава личи на професионален расипувач на домови и очигледно е дека не и гајле за сопругата. А за јакиот маж, немам зборови. Мизерија
Јас никаде не видов некој да го брани или да алудира дека неверствата од страна на мажите се нормални или прифатени во општеството. Многу се генерализира од типот мислења како машките се исти, женските дискриминирани. Ниту пак некој мисли дека ѝ е срам на жената од делото на мажот нејзин и дека таа го сноси, туку повеќе е срамот од експонирањето на целата ситуација во јавноста и тежината од сето ова не прави разлика дали е женско или машко. Тешко би било за секој, а камоли за трудна жена.
Расипувач на бракови си е мажот, сеа дали професионален или аматерски, не знам. Ако тој не бара швалерки на нет, никој не може да го објави и да му го расипе бракот. И ако нему не му е гајле за сопругата, зошто на таа Фросина би требало да и е гајле? Не се заколнала таа на вечна љубов, туку мажот.
Не знам што е за браво тука. Да била толку ,,фраерка", прво немала ни да врати. Мене само, како си, да ми пише некој непознат или игнорирам или блокирам, а во дебата да влагам, па уште да му одговарам, немам намера. Второ, нејзиниот пост е чисто напишан од егоистична природа, со цел да добие внимание и некакво признание. Разбирам дека е пандемија и немаш што да правиш по дома, ама па и ова на ништо не личи. Трето, буквално ја стави неговата сопруга на тапет, која патем е бремена. Јас не верувам дека би се согласила на ваков јавен срам. Би било етички да праша прво, дали смее. И не мора околината да и суди или потсмева, лично ти ќе чувствуваш нелагодност и срам. Јас не би сакала, прво него ќе го истресам со се партали, а потоа и таа ќе го наебе, што ни крива ни должна споделува мој идентитет. Ти како би се чувствувала доколку се работеше за тебе?
Сопругот е виновникот, ама и таа Фросина е иста сорта. Можеби е добро и да продолжат да си пишуваат, се заслужуваат еден со друг.
Кој ти е тој министер што е женет и што туку го тупиш безвезе? Да се најдеш на муабет? Ако мислиш на Никола, колку што знам тој има полнолетни деца и две бивши жени.
А тој што вара бремена жена не е кретен и има осет ? До кога ќе ги браните ваквите јаки мажишта , а ќе ги напаѓате жените ?
Колку ми е дегутантно некој маж да објавеше вака со некоја жената што му пишувала сите у коментари курва, роспија никој немаше да пише е што објавуваш ова е интима немој да растуриш семејство.
Реков, двајцата иста сорта се. Овој е кретен што сака да изневерува, оваа кретенка што споделува јавно слики од жената.
Далеку од тоа дека го оправдувам мажот. И двајцата ми се дно дна. Ама погледни ги нејзините одговори на коментарите и ќе сфатиш дека типкава нема грам емпатија во нејзе и дека сето ова е направено намерно. И башка намерно ја исмејува сопругата, што не е воопшто крива во ситуација освен што паднала на најниско гомно.
Женава е веќе ескпонирана. Не можеме да го вратиме времето назад. Наместо да се убедуваме за (не)моралноста на постот можевме сите да ставиме на него коментар со поддршка за неа. Тогаш наместо јавен срам ќе има јавна поддршка. Не знам, само идеја.
Па да не беше маж и дегенерик, воопшто немаше потреба да преживува било што. Утре некој таков ќе силува некоја, и што, жртвата треба да не го пријави од емпатија за жена му?
Дали ти би сакала да бидеш во иста ситуација? Хипотетички, замисли. Ти да си жената и сето ова ти се случува. Едното со друго нема врска. Нека објави слика од него, не мора слика од двајцата.