бидејки им е вметнато дека мажот колку сака може женки да има а жената само еден потенцијален маж одат по биологии.
Јас лично познавам засрамени жени поради тоа што биле изневерени од мажите. Не биле експонирани на социјалните мрежи (сепак биле тема на муабет на цел град и пошироко) ама пак се срамеле, како тие да имаат направено нешто срамно. Не мислам дека сите мажи се исти. Само сакам правда. Сакам таа жена да не ја наведнува главата без разлика на тоа што ја имало на слика до некој си бесрамник што го нарекува маж. Не ми се свиѓа и мене овој начин на откривање на прљавите намери на дечкото но сметам дека е подобро да се открие отколку да се живее во некоја заблуда, во замислен идеален брак.
Иначе од гледна точка на женаму кога ке размислам подлабоко осеќам дека сите ја сметаат за ниско интелигентна проста и лаковерна жена кој аси го расипала животот. Затоа се сраме а не за копилето од маж има 1000000 мажи други напланетата.
Се согласувам со @Bezimenka90 во целост. Убаво е што јавно кажала за тоа какви манијачишта постојат на социјалните мрежи, но на лош начин го направила тоа. Можела да ја исече сликата со сопругата. Дали се пуштала на некој министер или не, не е важно тука, а и мислам дека тоа и' беше саркастично заради мајтапите со Лиде Лиде. Ама да не забегиваме од темата. Девојките чии слики беа во 'Јавна соба' беа напаѓани од ЖЕНИ, а исто така и од млади девојки. А говедава што биле во групата никаква казна не добија, па дури и поддршка имаа на социјалните мрежи. Се согласувам и со @KateKane дека треба да бидеме гласни за овие работи. Доколку маж ја изневери сопругата, тогаш третата личност ја сметаат за никаквица, ороспија, растурачка на бракови, а сопругата е советувана да не се разведува. А ако жена го изневери мажот, тогаш тој е советуван да ја остави. Двојни аршини имаме.
Мене ова на Фросина повеќе ми личи ко - глупи сте вие што сте мажите, јас не се мажам оти сум паметна хехе....
Која е точно дефиницијата за некој кој е професионален расипувач на домови, она кога оженет маж бара швалерка, а таа и кажува на сопругата, значи таа е професионален расипувач, а мажов што е, професионален одржувач на домови?
Ужасно би ми било, тоа сигурно. Само што нема вината да ја барам во девојката, туку во маж ми. Ако тој што избрал да го помине животот со мене, ми напраил бебе, нема емпатија за мене, зошто би очекувала од некоја што не ја ни познавам да има?
Како што веќе некој кажа, можеби се во отворен брак. Можеби жена му од неговиот профил пишувала... Ликов ниту се заканил, ниту пак ја загрозил безбедноста на Фросинава. Додека она, ЈАВНО, го објавила него, па и жена му. Која е поентата? Од каде право? !
Не се научивме дека домот може да го расипе само тој којшто го правел и никој друг.. Домот, семејството, фамилијата можат да се растурат само и САМО од неговите членови. Се' уште вината ја префрламе на некој аутсајдер. А гадотиите на овој што спие до нас во кревет си ги закопуваме во бавча.
Ќе си праиме муабет на чешма? Пред некој месец се дискутираше некоја новинарка му била девојка, не знам дали ја оженил во меѓувреме за да биде женет. https://kurir.mk/makedonija/vesti/po-dva-propadnati-braka-ministerot-dimitrov-vo-vrska-so-novinarka/ Оф топик, ајдее
Главната вина е кај тој муфљусот. Девојката да сакала да помогне, ќе и пишела приватно. Јас да сум на нејзино место, ќе го направам тоа. Што има сите да знаат? Да не си и во кожа моментално. Ај што добива вест дека овој ја изневерува, па уште и цела МК за тоа знае. Има решение како тоа се постигнува, ама зависи што ти е целта.
Сега видов објавува слики со тролови као она е херој. Еј ова стварно страшна слава на типкава. Ех, Фросе.. топла вода измисли. Пошо нели, она е првата најпи*ка на која и пишал оженет де. И тоа оженет пред месец. А темава не да е болна и гадна... Греота жена му. Јер Македонија е ова.
Тоа е пошо такво ни е општеството, за никаде. Маж е ќе си проба, сигурно има причина зошто ја изневерил изгледа грав не знаела да вари, и секакви слични коментари кои те прават да се осеќаш крива ако мажот те изневерил, те удрил и слично, а најтрагично е од жени што идаат овие коментари ко таа срцушката што имаше лепено по бандери Жени, чувајте ги мажите од учителката по музичко, пошо нели мажите немаат контрола над своите емоции, треба некој да ги пази со начукани 40 години, се до темине на форумов кај што жени пишат како се несреќни во својот брак и немаат кај да одат ама чувај боже да им кажеш да си бараат дел кој што поштено им следува од домот во кој израснале, па како на братот да му земаш, дали си нормална со советов. Забегав скрос, ама ако жените се свесни и не трпат срања, вакви лигуши нема да имаат шанса ама тоа е. Во ниеден момент не си помислив нешто срамно за жена му, дека е глупа или кутрата таа оф оф, нема што да ја сожалуваме, сочувствуваме да, ама не ја сожалуваме пошо не е неспособна па да мора да биде со таков, се знае дека е силна жена, нема зошто не би била.
Нажалост во право си. Простуваат и изневерувања и ќотеци и се. Менталитетов е причинител за таквите нешта. Затоа што уште се вртат муабети дека за разведени жени штом за едниот маж не чинела нема да чини ни за вториот, додека разведен маж е само разведен. Дека си дозволила да и растурат брак, дека погрешила што не простила, дека ради курви брак не се растура итн итн. Простуваат пошто ние 7 страници тука се оправаме дали е погрешна или не постапката на Фросина, а некако се игнорира фактот дека мулево трудна жена дома ја остава за да пишува и да замара девојчиња. Уште и постови на фб за негова поддршка, уште исмевање на цел женски род, не сме биле ебени правилно ние жениве, затоа вака сме аздисувале. Мене тоа ми смета и ме нервира. Малку наивно од мене што помислив дека и други жени ќе споделат вакви случки каде мажи трудни жени имаат дома а пишуваат на девојчиња (еве анонимно нека е). Врвот беше кога прочитав дека едно баце имаше пишано дека оваа го наместила јадниов, го подведила за овој сам да проба да искористи шанса. Швалерај нема никогаш да прекине да има. Ама бустање на машко его и лепење етикети на жени може и ќе може некад да се случи. Макар што денес тотално се разочарав по не знам кој пат од тоа со какви луѓе делам воздух. Абе се убаво другар, ама за актов на пријателов да искоментираше? Пошто секогаш кога се фрла фокусот на друго, се разводнува случајот и се дефокусира вистинскиот проблем - а тоа колку е социјално нормално прифатено женет маж сексуално да вознемирува слободна жена. Страв ме фаќа кога гледам колку на сите ова им е како секојдневие станато, како да е нешто најнормално што секој го прави. Факт е дека илјадници жени се на местото на сопругата. Не е само таа изолиран случај. Ова ми е секојдневие да разбирам како дома имаат златни жени, а бидејќи телото им се менува да сакаат настрана да си тераат ќеф. И никој ништо лошо не рече за сопругата, да речеше овде јас лично одма ќе реплицирав. Ама пошто очигледно не е наша работа, не треба да се коментираат вакви случаи јавно, туку се во животов да биде ќути си - дупи си, ќе си живееме вака каде на тапет се и двете жени, апсолутно само за нив се коментира - а за ваквите мажи ќе правиме пресмешки на фејсбук и статуси за да ги бодриме.
Шала на страна, не сум знаела оти не ме интересира. Повеќе бев шокирана од моментот "човече толку ли време помина" оти ми текна еднаш кога седевме на маса до него и жена му (сега бивша, нели). Нема везе... Не е тоа тема на муабет, I overreacted.
Едно е да ја преиспитуваш нејзината одлука разговорот да го објави јавно, а сосема друго да ја наречеш расипувач на бракови и да ја ставиш на исто рамниште со дебилот.