И жртва на грај гревов испадна. ЕДИТ: Ме радува фактот што сите сме еднакво вознемирени дека 3-4 пати се објавија тука експлицитни слики од Фросина. Но, јас мислам нема потреба од таква тревога. Секако подобро експлицитни слики да ти злоупотребат, отколку да дознае јавноста дека маж ти те изневерува.
Не го пиша ти, ете @Shery го пишала и ако ги прочиташ нејзините постови ќе сфатиш зошто реагирам, маж во брак може да се пушта а товарот да бидат морални и не само да одбијат, туку и да молчат за тоа е на жените. Еве сеа читам и жртва го напраила, демек сигурно не и бил тој прва жртва на Фросина.
Ако го разбирам едитов правилно, како сарказам, тоа е посебна тема за дилема. Особено ако иде како преќутно или овациски поддржано од жени.
Па реагираш на мои постови за работи што не сум ни помислила, ниту пак кажала. Мојот став е дека, тој е ИДИОТ, и тој ја има најголемата вина, и истото го мислиш и ти. Другиот став е дека, таа дотичната нема осет никаква и го прави ова од очај, досада и желба за внимание. На крајот од приказната жртвата е неговата жена, во средина помеѓу нејзиниот кретенски маж и оваа што го прави ова чисто за разонода.
Добро си го разбрала. Фросина и сопрузиве ќе ги заборавиме за 3 дена. Не ги знаеме, не ни се битни во нашиот живот. Ама од целава оваа работа на површина избиваат многу општествени проблеми.
Така така. Сега ќе се збори и вреѓа само таа што објавила, додека типот на инста или сл. апп ќе си кулира и бара некоја шо ќе му даде. Ама не, крива е оваа шо објавила. Зашто баш него? Зашто тие пред него не ги објавила? Замислете заради неа жалниот и фб морал да деактивира. А таму најлесно барал жени.. Кутар тој.
Избриши тоа жртва, молим те. Не е битна фразата, што, оh boze, скоро сите ја користиме. Тука, игла во сено бараат и да знаеш ќе ти најдат.
Мене најжално од сè ми е што вакви дешавки се главна тема на муабет кога ќе се појават, па и шуто и сакато излегуваат од дувлата со пропаднатите менталитети. Како и да е, можела фино и достоинствено да го столчи со тоа што просто ќе ја извести само сопругата, и тука и' завршува моралната должност. Ама луѓето сакаат циркузи. Јас би оставила сопругата да одлучи што ќе преземе зашто стварно не знаеш во каква ситуација е. Вака и' ја одзема контролата и ја става пред свршен чин. Услуга не и' прави секако. А инаку не, постот не го сметам за empowering. Просто од авион се гледа дека целиот муабет е од типот "хехе маж ти ми е во инбокс ти додека спиеш". Многу нефеминистичко, незрело и детинесто.
Утката на Фросе е што не ја скрила/затемнила сликата на жена му. 1 минута работа. Ама треба ум за се.
Абе многу лесно се решаваат голем дел од тие проблеми. На пример забрана на платформа фб и сл. Да треба да се помачат да вараат без платформи, потешко ќе иде, време, ресурси... Јас уште некако не го разбирам ова, сите постојано во сезона на парење
Реагирам зашто ги стави на исто рамниште, или ете да се изразам со твои зборови рече дека се иста сорта и си се заслужуваат еден со друг. Без разлика дали јавното објавување е добра идеја или не,и кои биле мотивите за тоа, иста сорта ќе бидат кога Фросина ќе биде во брак и ќе си бара ебач на фб.
Избришано е се што можеше. Не може човек тука да си пише мислење а да не биде извртено. Си се повлекувам од темава. Не вреди дискусија едноставно Додуше нема ни што да се дискутира.. Сите го мислиме истото а упорно има препукување Само ќе кажам, нека и е со лесно на сопругата. И треба да има поголема подршка за нејзе, наместо оговарање на овие двајца. Ако не читаш, Главата горе
Не знам колку се парат. Можеби е само бегање од реалните проблеми. Наместо да ги рашаваат, бараат малку возбуда на ФБ да си завршат работа. Врска немам.
Пак ќе ти повторам, не можат да бидат иста сорта од причина што не се венчала Фросина со женава, не се заколнала на вечна љубов и не чека дете со неа, тие две не се ни познаваат па да е чудно што не и било гајле кога веќе на тој што треба да му е гајле ич не му чуе.
Те разбирам што ми пишуваш. Но, јас ти пишувам доколку ситуацијава мене би ми се случила, што би ме погодило. Иначе постои оддел за сајбер криминал во МВР, ова е вознемирување и истото има основа за реакција. Нејзиниот живот, не е наша работа пред се. И да ја вара, не треба нас гајле да ни биде. И не ми вади од контекст дека него го одобрувам. Ова се лични работи.
Жена му на клошаров учеше со мене, се запрепастив кога видов. Башка и бремена е кој знае колку се потресла. Да не си и во кожа сега.. Вакви ги има многу,мене цел профил ми е слики со маж ми и детето па пак ми пишуваат. Едноставно, блокирам и ни не му кажувам на мм. Игнор скроз. Случајов стварно излезе од контрола