1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јаворов сируп

Дискусија во 'Диети' започната од Nice.girl, 1 март 2010.

  1. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    аха пробај нема шанси тешка е уште спорт ти треба ......ако ти е за да ослабеш некое килце повеке ке ослабеш и без да везбаш ........поззз среќно
     
  2. Ma4u64ence

    Ma4u64ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Јас ја држев лани, ми се чини пред нова година и ослабев едно 12 кг, жими мене, значи од 67 симнав на 55 и многумина не можеа да ме препознаат....Искрено се исцрпив, бев среќна последниот ден кога се измерив, ама потоа идеа божиќните празници и качив околу 3-4 кг, ама пошо не го следев оној пост-диетален период, зашто не ни знаев дека треба да пазам...У секој случај намалив со цигарите тогаш, барем за тоа ми помогна, зашо не ми идеа многу :) Планирам пак да ја почнам ама уште сега, и ке внимавам обавезно по неа!
     
    На Perfect7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    како и да е нормално еда вратиш нешто ама сепак супер убава цифра си симнала !
     
  4. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    i jas ja drzev i od utre pak ke ja drzam , prethodniot pat za 5dena simnav 3kg mozev i poveke da izdrdzam samo fati praznici i znaete kako e :) togas ne mi se jadese prvite denovi ni malce ama sega se plasam deka tesko ke bide
     
  5. feminaiskra

    feminaiskra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Еве еден пример како Бионсе :)

    „Додека растеше Бијонсе беше буцкасто дете“ – многукратно има изјавено Тина Ноулс, мајката на Бијонсе.

    Можеби Бијонсе некогаш била буцкаста, но денес нејзината фигура ги краде машките погледи. За да изгледа секогаш прекрасно на сцената и на црвениот тепих, Бијонсе внимава на својата исхрана.

    Диетата на Бијонсе со состои од консумирање на храна богата со протеини. Популарната пејачка најчесто консумира кревко месо без маснотии и зелени зеленчуци.

    На листата на забранетите храни во диетата на Бијонсе се црвеното месо, лебот и алкохолот.


    Јадам многу здодевни нешта како зелени зеленчуци. Не јадам црвено месо или леб и не пијам алкохол – не го сакам вкусот на алкохол.
    Бијонсе
    Во текот на еден ден Бијонсе јаде шест мали оброци. Според експертите, консумирањето на шест мали оброци е најдобриот начин за добивање на убави цврсти стомачни мускули и рамен стомак.


    Поминувам низ агонија за да го задржам мојот стомак колку што е можно порамен, иако според мене никогаш не ми е доволно рамен.
    Бијонсе
    Примерен план
    Прв оброк: блокче од житарици (Corny).
    Втор оброк: овошен плод.
    Трет оброк: здрава салата наречена „Sasha Salad“ која содржи: пилешки гради, вински оцет, зелени пиперчиња, зелени зеленчуци, авокадо и домати.
    Четврт оброк: „орео“ колачиња – колачиња како сендвич од две чоколадни бисквити помеѓу кои има бел крем.
    Петти оброк: печена риба со зеленчуци.
    Шести оброк: краставица зачинета со вински оцет.
    ЕКСТРЕМНАТА ДИЕТА НА БИЈОНСЕ

    За да се подготви за својата улога во филмот Dreamgirls во 2006 година, Бијонсе успеа за кратко време да ослаби 10 килограми. Тогаш таа ја практикуваше екстремната диета со јаворов сируп.

    Строгата диета со јаворов сируп е течна диета, за време на која не се консумира тврда храна. Со неа се слабее брзо, но нејзиното практикување значи буквално гладување. Затоа, оваа диета не е за секого.


    Никогаш не би му ја препорачала оваа диета на никого, освен ако не му е неопходна за филм и само ако има соодветна помош.
    Бијонсе
    Направете смеса од 250ml топла или студена вода; 2 с.л. сок од лимон; 2 с.л. јаворов сируп и ¼ ч.л. чили во прав. Овие состојки ви се потребни да направите една чаша од „магичната“ напитка за слабеење. Во текот на еден ден од диетата треба да се консумираат 6-12 чаши.

    Ако решите да ја применувате оваа диета, најдобро е да не ја практикувате подолго од 10 дена. Особено е важно да знаете како да ја завршите. Првите два дена по големото гладување треба да пиете природни сокови, потоа да преминете на супа и овошје и зеленчуци, за на крај да можете да вклучите и друга храна.

    Оваа диета има многу негативни страни. Неконсумирањето на тврда храна може да предизвика тврда столица. Затоа, во текот на оваа диета треба да се пијат чаеви со лаксативен ефект. Гладувањето може да предизвика и промена во расположението.

    Ефектот од оваа диета е краткотраен и изгубените килограмите се враќаат како бумеранг.

    ФИТНЕСОТ НА БИЈОНСЕ

    Бијонсе обожава да танцува. Тоа е еден од многуте начини на кои таа го одржува своето тело. Таа исто така практикува да трча надвор или на патека за трчање и крева тегови со мала тежина.


    Вежбам 5 пати неделно. Станувам наутро околу 8.30 и појадувам житарици. Откако ќе помине малку време, трчам половина или еден час и потоа вежбам со тегови околу 45 минути.
    Бијонсе
    Еднаш неделно таа оди на часови за јога.


    Секој пат кога ќе одам на час по јога, ми се плаче. Не знам дали ова се случува поради тоа што е толку релаксирачки или затоа што на крајот на часот твоето тело може да прави нешта што не ги можеше на почетокот, па чувствуваш дека нешто си постигнала. Делува како терапија.
    Бијонсе


    И јас сакам да го пробам :) :) :) Изгледа ке ослабам ...
     
  6. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Пролет, време за диети :)
    Би сакала да прашам за Јаворовиот сируп, може ли наутро да си направиш раствор за цел ден, пример 2 литра и да си го пиеш во текот на денот ? Мора ли да биде секогаш свежо направен ?
     
  7. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Да си кажам само. Ја почнав диетата денес, но изгледа никој не знае дали може да се направи раствор за неколку чаши бидејќи вака не ми одговара, од 8 до 16 на работа а таму неможам постојано да си правам раствор :(
     
  8. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Здраво !!ЈАс ја држев диетава секоја година пред лето.Моето лично мислење е дека е ѓубре од диета, го успорува метаболизмот, а кг одма се враќаат, престанав да ја држам , а инаку слабеев точно 10 кг за 10 дена , ама не е здрава пак ќе кажам поголем зијан него ќар.Имаш поубави диети УН детата ти е подобра и таа што се држи 21 ден, ама пак е твој изборот!!!
    Што се однесува до техничкиот делч јас го мешав растворот одвечер во литро и пол, го носев со себе на работа и го оствав за два дена тамански ти е , а за дома ќе си направиш кога ќе дојдеш од работа!!!Со среќа ќе ослабеш сигурно ама пази брзо да не ги вратиш!!!
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Багодарам :*
    Инаку денес 2 ден и досега 2л имам испиено, а како што сум тргнала до утре ке намам сируп :^)
    Ти колку шишенца истроши за 10 дена ?
     
  10. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    Багодарам :*
    Инаку денес 2 ден и досега 2л имам испиено, а како што сум тргнала до утре ке намам сируп :^)
    Ти колку шишенца истроши за 10 дена ?[/quote
    Зависи колкаво е шишето мислам дека мене ми се собираше вкупно околу 1 л јаворов сируп + , - а инаку ке заборавев многу е исцрпувачка диетата само растворот , кафе смееш и зелен чај и минерална негазирана вода и ништо друго.Јас пиев и алкалакс првиот пат кога ја држев ,последниот пат не пиев и пак ослабнав десет килца.Многу е важно по завршување на диетата како ке ја почнеш исхраната.Јас јадев се и сешто и брзо ги враќав.Гледај супи салати првиот и вториот ден,постепено со леб млеко месо!!! :rock:
     
  11. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Јас за 3 дена 250мл од оној на Виталиа
    Значи од прилика некаде околу 4 шишенца :^)
    А од виталиа пиеше или има и некој друг ?
     
  12. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    ДА да виталија , секогаш со него !!!
    колку пари е јаворовиот од 250 мл , ма размисли хахахах
    Слабееш ли секој ден по едно килце?
     
  13. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Јас го купив 370 денари :tmi:
    Значи за 4 шишиња околу 1600 денари хммммм :sweat:
     
  14. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    епа скарти на 3 шишиња ,3*370=1110,00 и така 4 би требало само да го отвориш за еден ден ....
     
  15. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Или ке скратам или ќе се префрлам само на салата од зелка со јабокова киселина наутро и навачер
    Мислам дека и со тоа ке имам резултати за 20 дена :^)
     
  16. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    хммммм , не сум ја држела така искрено!!!
    инаку ја почнав УН диетата ,фала ти ти ме мотивираше :lol:
     
  17. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Мило ми е што сум помогнала ;) :)
    Инаку јас ја држев ама само 2 недели и за тоа време добив мислам -6кг
     
    На trtla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. McDonald

    McDonald Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Јас имам прекрасно и жално искуство со овој сируп. Првиот пат кога го пиев ослабив точно 10 кг за 10 дена. Освен тоа, ми помогна многу во борбата на совладување на гладот и намалување на апетитот. После тоа скоро и немав проблеми со никаква диета, можев да издржам секаква (со многу малку јадење). Но веќе втор пат кога се одлучив повторно да го конзумирам, организмот не можеше да ми издржи и уште на третиот ден ме фати несвестица (ми падна и притисок и шеќер) и имав скршеница... така да мислам дека оваа диета е само за еднаш во животот и за оние кои се упорни, издржливи и со јак организам (без некои здравствени проблеми) и секако НЕ Е ЗА ТИНЕЈЏЕРИ!!! :))
     
  19. westside-girl

    westside-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Ги разгледуваме темиве за диети со другарка ми и не можеме да се одлучиме која е најделотворна. И двете сакаме да симнеме 5-6 килца таман за на свадба у јуни.Ама некако мн ми е ригорозна диета плус испити се у тек не верувам дека ќе ми функционира мозочево без храна. Како се чуствувавте вие за време на диетава? И дали земавте некои витамини плус затоа што не сваќам како може да функционира организмот само на вода 10 дена? Мене ми се има случувано особено летно време да не јадам по неколку дена (особено лани летото кога работев по 11 саати па немаш време за ништо) но тоа секогаш беше попратено со главоболка.
     
  20. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    16
    Е за да ја нема главоболката пиј Б комплекс 3 пати на ден и по можност магнезиум