Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јаворов сируп

Дискусија во 'Диети' започната од Nice.girl, 1 март 2010.

  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите мислења за јаворовиот сируп... и јас сакам да пробам ама..... се плашам, да не закачам некоја болест ( од долгото конзумирање) а инаку сакам да ослабам, ама да ослабам да се гледа на мене,а јас залудно си се мачев секогаш кога резултати не гледав... е сега... ме интересира дали може да се јаде барем од виталиа оние житарките ако не барем оној гранола барот од мед и бадеми ??? Така без ништо да каснеш... некак ми е невозможно !??!?! Ај дајте некое мислење, навистина сакам да ослабнам, и да го купам зирупов, ама што после него.....???
     
    На Ivana.87 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sarah5

    sarah5 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ме интересира само дали во текот на диетата може да се конзумира кафе ? позз :)
     
  3. PrincessLea

    PrincessLea Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Добра вечер девојки? Како сме??

    Јас сум многу заинтересирана околу диетава, бидејки во последно време сум многу зафатена и мислам дека нема да имам некој голем кризи за храна, и за јојо ефектот после тоа. :D
    Она што мене многу ми е проблем околу диетава е што јас вежбам аеробик и се прашувам дали ке може бар шоља мусли или овесни снегулки пред тренинг за да не ми се слоши, бидејки у десет дена имам 6 тренинга.
    Дали некој конзумирал нешто и сепак делувала? Може ли совет??

    Фала однапред феминки! :rofl:
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Ја имам држено на времето 2 пати и буквално ржев низ дома ! Првиот пат 7 дена вториот пат 10 дена. Се швркнав !!! Нема шанси никад у живот повеќе да гладувам за нешто што после тоа секундарно ќе ми ги врати килограмите. Здрав режим, теретана и топ сум.
     
  5. Ivana.87

    Ivana.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    Jas sepak mislam da ne se razocaruvas. Ima slucaevi koga imas namaleno vo obem a kilogramite si stojat vo mesto, a ima i slucaevi koga kilogramite se namaleni a obemot e isti.
     
  6. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Добро како функционира јаворовиов сируп стварно не ми е јасно,дали некој може да ми каже? не се јаде ништо по цел ден само сирупот ???
     
  7. k-sweety

    k-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали мозе да си правам чај од листовите ловоров лист мозе ли така да се ослабне имам слушнато.Пишете ми искусни :) чекам одговор :lol:
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Првпат слушам дека се користи и за слабеење. Јас си го користам како засладувач кога правам нешто благо, како здрава замена за белиот шеќер. Го користам и како прелив за палачинки, во чај, кафе... Преубав вкус ми има, го купувам тоа на Виталија, но имам забележано и од други производители низ маркетиве. Цената е околу 300 денари :)
     
  9. teodorcka

    teodorcka Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Тоа не е тој сируп. Вистинскиот сируп е 1400 денари и е комбинација со палмов сируп и се вика MADAL BAL.Всушност сирупот не е наменет за слабеење туку за прочистување и детоксифицирање на целиот организам.

    Поздрав :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не дека овој на Виталија не е вистински туку тој другиот ти е од органско потекло и нема никакви други додатоци затоа е толку поскап :)
     
  11. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    Зошто да кажете НЕ на оваа диета (прочистување) ?
    1. 2 лажички јаворов сируп во 1 чаша ве снабдуваат со 110 калории. А ако ги пиете препорачаните 8 чаши во денот, се снабдувате со 880 калории ШЕЌЕР. Затоа што јаворовиот сируп е тоа - ШЕЌЕР!!! Немој да ми кажувате колку е здрав и што ли уште не тоа е проклет шеќер! И на крајот излегува дека ова не е пост туку дека е low calorie диета нели?!
    2. Да да, повторно се враќам на шеќерот... знаете дека преработениот јаворов сируп е чиста сахароза? Има да минимални нутритивни состојки, но 90 проценти внесувате сахароза - шеќер. Бидејќи вашето тело треба да ја процесира целата таа глукоза - им нема одмор на вашите бубрези.
    3. Можеби најголемиот фејл на оваа диета/чистење е тоа што сакате да се прочистите а уствари го правите обратното. На ваква диета/чистење масните клетки се ослободуваат од телото за да го надоместат гладот , бидејќи не примаме никаква храна нели, и притоа испуштаат токсини кои биле зачувани во нив и кои го преплавуваат нашето тело.
    - Мислам дека е доволно колку толку да ве убедам да не си го фрлате здравјето... Ваше е да одлучите.. Ако очајно многу сакате да ослабите пробајте здрава исхрана во неколку оброци и најкасно јадење до 6. Поздрав
     
  12. teodorcka

    teodorcka Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Едно треба да се знае за овој сируп, не е наменет за слабеење туку за детоксификација!!! А со самото чистење на телото од отрови, почнува процес на слабеење. Што повеке отрови исфрлиме, нашето тело полесно се ослободува масните наслаги!!! Тоа ке го приметите по 4 ден користење на сирупот. Ке приметите бели наслаги на јазикот, лоша миризба на урината, мозе и потта да мириса лошо. Но затоа после 10 ден (кој мозе да издрзи се разбира) вашата коза, коса, ноктите и многу други работи имаат огромна промена. Мој совет е за тие што ке се решат на овој процес да не се форсираат ако неможат да го издржат 10 дена. Подобро 2 дена, или еднаш неделно по 1 ден отколку да се мачат и да се стрват.
    ПОЗДРАВ И СРЕКНО!!!
    (ова го напишав од искуство бидејки 2 пати годишно го практикувам сирупот)
     
  13. SarCh

    SarCh Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Си купив сируп и од утре починам ^_^ Да видиме што ќе бидне со мене :P Само сакав да ве прашам мора да е лимон цеден или може и од онај лимунов сок што се продава во жолто шишенце? :)
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    колку нето е шишето ? ;)
     
  15. teodorcka

    teodorcka Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Најубаво е да е природен лимон, тоа е и поентата не детоксот, да нема ништо вештачко.
    Со срека :hai:
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ова не е диета туку гладување со течност. Сосема исти резултати ќе се постигнат со пиење свежо цедени зеленчукови сокови без јаворов сируп (што е главно сахароза) а самото тело ќе се чувствува многу поздраво и нема да се јави никаква анемија или слабост туку баш напротив :).

    Земање сахароза кога се гладува е контрапродуктивно за процесот на прочистување.
     
  17. SarCh

    SarCh Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3

    250ml :)
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Искрено џабе си го трошите времето со вакви “диети“ што се тренди а немаат никаков хранлив профил и не се издржливи.
    Кој издржал да пие само јаворов сируп жити мајка...
    Викате дека детоксифицира,знаете ли тоа дека телото го прави 24/7.
    За што ви служат бубрезите,црниот дроб и цревата?
    Да филтрираат токсини,а кога нема микро елементи(минерали и витамини) секој ден 100% како ќе ја извршува таа работа.
    Не бидете будали и не купувајте се што ќе ви понудат.
    На крај не може да побегнете дека мора да се храните здраво.
    Ако сакате да се детоксифицирате пијте вода и јадете повеќе зеленчук.
    Дознајте повеќе за детоксификација и митот тука...
    http://www.atletiks.mk/ishrana/dieti/219-mitot-za-detoks-dietata
     
  19. simeonasimeona

    simeonasimeona Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Да ве прашам ,бидејќи не се внесува храна дали метаболизмот се намалува затоа што нема што да се вари туку само е течност ?
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Секако дека ќе се забави метаболизмот,ако јадеш само јаворов сируп.
    Немаш ни протеини во исхраната,што е многу битно за одржување на метаболизмот здрав и твоите мускули.
    Протеините и мастите се есенцијални за живот и треба секој ден да се внесуваат.
    Не знам зашто се трескаш со ваков вид на диета кога не е истрајна и единствено нешто што ќе ти страда е твојот организам...