Јагнешки бут и начин на приготвување

Дискусија во 'Рецепти' започната од marija.1986, 24 мај 2011.

  1. marija.1986

    marija.1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Предлозетеми некој убав начин за подготовка на јагнешки бут благодарам...
     
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Јас убаво го солам ,и само го печам на тивко подолго време.
    А за поинтензивен вкус,моите дома го приготвуваат со рузмарин,босилек и месото премачкано со лимон и така го печат.
    Добар апетит.
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Можеш да го направиш со Елбасан тава.
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го прави на наједноставен начин:
    Го посолува со сол, го засекува и во засечените делчиња става лук, му става и малку црн бибер и до пола го налева со вино. Го покрива со фолија и го става да се пече. Повремено го врти и кон крајот кога течноста ќе испари ја вади фолијата за месото да добие боичка.
     
  5. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    еве начини на кои јас го правам
    Јагнешки бут во пивски сос
    За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве производи:
    - еден јагнешки бут
    - 3 главици кромид
    - 1 лажица бибер во зрна
    - 1 китка магдонос
    - неколку гранчиња жалфија
    - неколку чешниња лук
    - 350 мл. Пиво
    - масло за јадење
    - сол и црн пипер
    Потребно време за подготовка на ова јадење е 40-тина минути.
    Јагнешкиот бут убаво го миеме под млаз вода. Потоа бутот го посолуваме од двете страни и додаваме црн пипер. Вака подготвениот бут го ставаме во тава за печење.
    Трите главици кромид крупно ги сечкаме и ги додаваме во тавата. Одозгора врз јагнешкиот бут ги истураме зрната бибер. Ситно ги сечкаме чешнињата лук и ги ставаме врз месото. Китката магдонос сосе рачки крупно го сечкаме и го додаваме во тавата. Месото и зеленчукот во тавата добро ги полеваме со масло за јадење. Потоа тавата ја налеваме со пивото и ја ставаме во рерна. Кога месото е убаво заруменето ја вадиме тавата од рерната.
    Потоа на оган ставаме едно тенџере, во него цедалка. Зеленчукот кој се печеше со бутот во тавата го истураме во цедалката. Со лажица решртка добро го притискаме зеленчукот за да истече целиот сокво тенџерето.
    Јагнешкиот бут на чинијата го сечеме на парчиња.
    Потоа во еден подлабок сад ставаме половина лажица брашно и го размешуваме со сокот во кој се печеа месото и зеленчукот. Го истураме во тенџерето и го оставаме да проврие. Со вака добиениот сос ги полеваме со црпалка парчињата од јагнешкиот бут.
    Преостанатиот магдонос ситно го сечкаме и со рака го ставаме врз месото. Декорирамме со неколку кришки лимон и неколку кришки домат.
    Со јагнешкиот бут напиете се црвено француско вино.