Не. Сакам се да зготвам, да ја поставам масата и со мерак да си јадеме заедно. А и ме нервира дури готвам мм кога ке почне да си поткаснува.
Зависи што готвам и колку сум гладна, некогаш така си се најадувам Но само кога сум сама така можи да си јадам, Кога мажот ми е тука готвам па заедно јадеме.
Не, само лизнувам со лажичката за вкус,зачин и не сакам ни да ми чепкаат другите додека не е готово и сервирано
Мене готвењето ми е најдобра диета. Што и да правам - се заситувам од мирисот и после не ми се јаде, ама ич. Ако ептен сум гладна, тогаш можам да каснам малце од тоа што сум го зготвила, ама тоа никако не е нормална големина на оброк )
Обожавам да готвам се посебно тестенини. Исто така брзо и лесно ориз во кесичка од кам маркет. Во кутија има 4-5 кесички се става во зовриена вода и се става какви сакаш зачини за 15-20 мин готово е ,а за тоа време си средувате други работни оврски. Варам и пченка мммм најубаво ми се пријаде сега. Али кога сум гладна правам 2-3 јадења и обавезно некоја салата. И не јадам зашто после нема да ми биде вкусно а вака сум во исчекување
Не. Не го ни пробам ручекот. Мирисот ме убива,па најчесто не ни јадам со сласт. Ама затоа пак кога ќе отидам на ручек кај моите или неговите-растурам.
Немам таква навика. Сум била мртва гладна и пак не каснувам. Сакам да си седнам како човек. Ме нервира кога гледам и друг кога го прави!
Не, уживам додека ја готвам храната и чекам најпрво другите да ја пробаат, а потоа јас да јадам,посебно кога готвам нешто ново.