Да. Секој ден. Јадам затоа што сум слаба и не сакам уште повеќе да ослабнам и плус тоа ми се јаде и така. Никогаш не сакам со сила да јадам навечер и не ни го правам тоа. Ако ми се јаде, јадам, а тоа го правам секој ден.
Очи ми избоди темата И да моментално јадам, проклета да сум, стрвла, стрвлааааа, спанаќ со јогурт, па сега и ајвар мачкам аххх бре нема ли некој паметен со една суровица да ме подбере и да ме зашлапа по оваа уста стрвна, и вој желудник шо сака се да собере внатре, трудница не ми е рамна, аххх бре тато тебе те кривам, твојот гурманизам мене ми е наследен и твојта стрвност, а мори Ано ти ти си плачиш за дрво по газот дебел!!!!!
Dа јадам секогаш... е не баш секогаш ама цесто сакам и се обидувам да јадам навецер... Pотребно ми е да јадам доволно а и сакам да јадам
Избегнувам да јадам навечер, поготово некои нездрави работи. 3-4 часа пред да спијам не јадам ништо, а последниот оброк претежно ми е зеленчук. Добро, некогаш има исклучоци, ама сведени се на минимум
Јадам секогаш кога ми се јаде, без разлика колку е часот. Диети никогаш немам држено бидејќи немам потреба за такво нешто! Килажата ми е секогаш иста, 50-че! Некад две три килца плус, но таман сум така што јадам кога стигнам и пак сум си шланг!
Во последно време се обидувам да не јадам по 20 часот тешко е пијам многу вода и веднаш симнав некое кило
Да. Особено после излегување. Не можам да одолеам на некое тазе лиснато или на лесковачка после бурна вечер и многу пијачки. А така си е редот, после диско, сите се чекаме пред некоја локација за јадење и обично тогаш паѓаат највеселите муабети, па греотка е да го испуштиш тоа. Сакаш-не сакаш ќе јадеш. Преку недела, на работни денови, ретко јадам навечер од причина што ме мрзи да буричкам во кујна доцна, па обично последно јадење ми е околу 9 ипол, 10 најкасно. Најопасно ми е пред добивање, кога во ниедно време знае да ме спотера криза за благо, па знам и до Тобако да тркнам во 3 сабајле.
Некогаш сум многу стрвна,ми се јади па не можам да издржам,па си поткаснувам .Најдоцна вечерата ми до 21 и 30,во многу ретки случаи подоцна. Ама од сега ко ќе ми се пријади ќе си се напијам водичка и ќе ми помини,само што така повеќе ќе одам во вц
секогаш јадам навечер.. јас дури и премногу јадам и кога не ми се јаде, и кога ми е досадно. и не сум се здебелила секогаш сум иста во тежината.
Порано после 9 не јадев али од коа почнав 3 смена на работа се пореметив и преку ден цел ден спијам ништо не јадам а навечер од досада само нешто грицкам па за 1 месец качив 7 кила е сеа коа сите слабеат јас се дебелам али морам некако да си се вратам во старата форма. супер си бев
даа и тоа многу, тогаш ми се ствара најмн апетит, се обидувам да се контролирам но неможам, цел ден нема да јадам и туп на вечер ке се изнајадам..
Навечер јадам само јогурт и корнфлекс ако не јадам неможам да спијам,а ако изедам премногу ќе ме боли стомак..