Јас јадам до 20 часот, после само течности пијам, но кога премногу ми се јаде и неможам да издржам, грицкам сончоглед за да се подлажам или двопек. Успевам
Пред извесно време не можев,а да не јадам навечер,многу нормално кога седам до доцна во ноќта и претежно многу пиев газирани сокови. Сега во последно време се редуцирав околу тоа,односно не пијам повеќегазирани сокови воопшто,а ниту јадам после 8 и пол навечер. Верувајте осеќам многу подобрување и во мој метаболизам и во спиењето и надуеноста во стомакот.
Да, можам цел ден да не јадам но мнооогу ме фаќа криза наверчер, како оние од африка што цел живот не виделе храна сум
Цел ден да ми става некој да јадам колку што јадам ноќе, не би можела да изедам! Ноќе и фрижидерот да го изедам нема да ми биде довoлно! Што да правам, тогаш ми се јаде, а поготово нешто благо!! Да не се подречам, немам проблеми со килажата, ама да кажам кратко и јасно ЈАДАМ НОЌЕ!
Порано додека студирав, да. Подоцна останував и ми се пријадуваше. И сега ми се пријадува ама јадам овошје, масакр ги правам мандарините секоја вечер компоти отварам Ако јадам доцна, утрото обавезно ми е тешко на стомакот, а вака ем немам тегоби, ем рано наутро ми се пријадува па не пропуштам појадок
Обично последниот оброк ми е околу 18:00 или максимум 19:30.И да,навечер после 19:30-НИКАКО!Јас некогаш не ни вечерам,зависи од ручекот,но ако јадам покасно неможам да спијам.Стомакот ми е ужас....