Постојано си јадам касно навечер. И по цел ден се нешто си јадам. Фала Богу што не се зафаќа за мене.
Зависи.. кога не се пазам, се случило да јадам и во 2-3 сабајле Ама сега дека сум на диета после 6 јадење, никако.
Јадам често навечер. Можеби не се пазам затоа што не сум дебелка, оти нели обично викаат дека се дебелее ако се јаде навечер ама не и во мојов случај и еве штотуку го пратив дечко ми да купи за јадење
Порано, да. Поготово накај 2-3 саат навечер/сабајле. И тоа најчесто леб јадев со нешто. Ама сега, јадам најдоцна до 8 часот, некогаш 6. Зависи. Може сега да ми се случи летово да јадам навечер, ама само лубеница, ништо друго!
Да, и тоа секогаш во 1-2 после полноќ. Блазе си ви што не ви се лепат килца, мене и вода да се напијам па ќе се здебелам у пм.
Ако си легнувате во 10-11, во ред е да не се јаде после 8, ама ако си легнувате во 1-2, треба да јадете зошто тоа е сепак намерно изгладнување, од 8 до 2 ти да седиш гладен е многу нездраво. Е сега само ќе си одберете што, најдобро е некаква салата или житарици.
Јас не вечерам.Колку и да сум гладна не вечерам.Пред спиење пијам по една шоља млеко,јогурт или по едно мало шишенце вода.Вечера никако . А кога веќе си ги спомнала житариците јас сум повеќе тие да се дел од доручекот.Јас секое утро јадам житарици од јаболка и лешник + шоља зелен чај .Некако ова ми е ем вкусен ем полесен доручек.За вечера не житарици.Салата неможам да замислам да јадам после полноќ накај 1-2.Поубаво да си излупиш една краставица и така да си ја грицкаш.
Да, се согласувам за житариците дека повеќе се за доручек, ама сакам да кажам дека ретко кој може да издржи 6 часа без никаква храна, мислам, може да се издржи ама не верувам дека некој не чувствува глад... а нели е тоа изгладнување. Секоја чест што издржуваш ти
Пробувам тоа да е многу ретко или ако ептен ме фати напад нешто лесно (овошје/зеленчук), ама не успева баш секој пат
после 8h не јадам,без оглед на тоа дали сум гладна или не..значи во периодите на глад,во вечерните часови,практикувам да пијам вода
Не не е изгладнување ако знаеш како да се исконтролираш.Ако ептен некогаш ти се пријаде земи една рака сушено овојшје или пак пиј течности.И мене некогаш ми се јаде во тоа време,но дали сум дома или сум искочена нема шанси да се излажам и да каснам нешто.Игнорирам тоа што сум гладна зошто знам дека ако земам да вечерам се ќе се залепи за мене.Затоа не фала поубаво да почуствувам 5 минути да сум гладна отколку секоја вечер најадена па + 5 кг на вага .
Јадам. Си јадам кикиритки, салати или пијам јогурт. А порано навечер јадев се што ќе ми се присакаше.
Ако не јадам не си легнувам -.- По 2 пати јадам овошје па ова она . Бидејќи седам премногу касно си јадам и во 2-3 сато навечер, и си јадам се
Леле и јас вечерам и што е најлошо јадам и кога не сум гладна Што убаво си бев слабичка , а сега сум се поправила во стомакот уфффффф