Да, особено сега летото... Постојано станувам накај 12/01 часот и јадам. Како некој вампир сум, после 12 часот наоѓам жртви.
Еве моментално се борам со искушението Не дека сум гладна, изгледа до навика е или незнам што, паметот ми е само во јадење на вечер. Еве сега се воздржувам ама тешко ми оди, живците дури ме фатија Кажете лек ?
Јадам,навика ми стана неколку пати имам пробано да не вечерам и неможам да издржам неколку пати ноќе сум станувала за да јадам
Секој оброк ми е од 400-600 калории. Вкупно во денот јадам некаде до 1500-1800 калории. Имам денови кога јадам повеќе јаглехидрати. И да јадењето вечер не дебелее ако си повеќе активна личност и си внела помалку храна
Не да јадам , немам мерка Едно време немав многу апетит ама последниве недела две ау кога ке ми текне во 4-5 сабајле (дека не спијам навечер) благо , па солено , па не знам салатичка , најискрено од петни жили се трудам само на салата да остане работава , ама некогаш ете .. Од секогаш сум имала одличен апетит дури и ми завидуваа како нон стоп мелам нешто а дали 46-7 кг имав , е последнава година драстично ми се намали се до скоро кога почна да се враќа во полн сјај
Ау јадам и Тоа многу количински... Знам дека не е здраво ама неможам против себе. И најлошо шо јадам калорична храна скоро секој ден и тоа во 3-4 сабајле. Ама кога ми се јадеее ...
Зависи кога како.Оваа недела ни преку ден не јадам,немам апетит,ептен по малце,дали еднаш дневно. Така да,сега за сега,НЕ.