Теоретски за мене е скоро и невозможно да не јадам после 19 часот. Се враќам најчесто од работа околу 18.30, а некогаш и покасно. Па, нормално дека ми се јаде. Ручекот сум го имала меѓу 12 и 13 часот и нешто ако сум успеала да грицнам до 18 супер. Сепак, гледам да завршам со јадењето до 21. Често се трудам да јадам супи навечер, риба, салати или ако е месо тогаш да е пилешко. Исто ако сум јадела навечер повеќе, 2 часа пред спиење малку повежбувам. Е сега како се одразува сето ова на мојата линија... Па што знам, сега за сега е ок.
Не практикувам да седнам и да изедам полн оброк после 9 навечер. Мачно ми е после тоа, и одбегнувам. Се случило секако, да сум многу гладна, па да каснам нешто полесно. Или да излезам на вечера, па да чекам нарачаното да ми стигне два часа, па додека да изедам веќе нов ден стигнал. Инаку нема некоја штета од јадењето навечер. Освен за оние кои внимават на линијата, па се препорачува после 8 часот да не јадат воопшто.
И пкрај тоа што секогаш си ветувам дека повеќе нема јадење на вечер, јас не си го исполнувам ветувањето! Баш навечер ги јадам најклоричните јадења на кои не можам да им одолеам! Не знам како да ја изгубам таа навика да не јадам после 19 часот кога тогаш најмногу ми се јаде!
Навечер ми се отвара неверојатен апетит како цел ден ништо да не сум јадела, но знаејќи дека тоа не е здраво јадам само по една кришка со путер и кисели краставички или маслинки.
Со оглед на тоа дека ручекот ми е во 17 часот, не јадам навечер. Ретко кога сум излезена на некоја вечера и сл. па може така малку да каснам. Не дека ја избегавам вечерата ама такво ми е темпото на живот.
Знам дека не е здраво да се јаде навечер, затоа избегнувам , иако ми се случува.Последниот оброк ми е меѓу 17 -16 часот, а бидејќи сега имам зголемена потреба од храна се учам навечер да изедам банана, мандарина и сл.
Ретко скоро никогаш после 18 часот, и ако вечерам,гледам да не јадам со леб или најчесто во последно време ако почувствувам глад јадам јаболка
Скоро никогаш не јадам навечер, многу ретко ако се случува тоа, ако јадам навечер ми тешко некако после тоа, затоа не јадам со години наназад
Нема вечер да не ми помине во јадење... И не знам зошто, ама некако јадењето најслатко ми е навечер, после 12-1
Избегнувам да јадам после 19 часот. За беља седам секогаш до доцна и скоро секогаш си легнувам по малце гладничка Постоеше и период кога си каснував уште еднаш пред легнување ама многу брзо ми се одрази на тежината.Им завидувам на сите кои си јадат кога сакаат и колку сакаат и пак си немаат вишок. Јас малце да се опуштам и килограмите си се лепат.
Јас откако знам за себе си јадам навечер. Ручекот можеби и ќе го прескокнам, но појадокот и вечерата никогаш. Последниот оброк ми се движи од 2-4 часот после полноќ. Понекогаш се случува да станам од спиење за да каснам едно парче леб и пак да си легнам. Фала му на Бога, досега не сум имала проблем со килажата. Дури и слаба сум... :/
Тууууу бе сите не фаќа криза за јадење навечер Зимски период не до толку, ама летен период се утепувам од јадење, ова лето највеќе држев диети,трчав возев на кеј и ништо не постигнав,затоа што после диетите јадев како луда! Особено навечер, нема шанси да не јадам!Само на храна мислев и секако си јадев, бурек, оброци од мц, сендвичи, и после ме викале мече Тоа беше летово, а сега зимово избегавам да јадам, јадам само 2 оброци доручек и ручек. После тренинг не јадам! Сакам вака да си продолжам до празнициве, па после празници можеби ќе се ставам на некоја диета
Зависи од вечерта. Ако сум изморена од денот што поминал, не јадам. Ама ако има нешто вкусно за јадење, јадам.
Jадам понекогаш,си земам в рака кисело краставиче,маслинки и сок,колку да имам нешто в стомак а некогаш в рака лешници,бадеми и вода имам денови кога не јадам после 17 навечер,ама ете имам вишок пак
Јас зависи кога како.. ако ми се јаде и да е 12 или 1 навечер јас ќе јадам. Ама некогаш не ми се јаде и вечерата ја прескокнувам.
О да ! Јадам. Најслатко ми е тогаш, мх мх Во 2 или 3 по полноќ кој сака да ме најди, пред фрижидер сум И тогаш на фемина само темите што се за јадење ми се пред очи Друго ништо не ми се чита.
Јадам навечер. Ретко прескокнувам и тоа само ако излегувам, немам време да јадам а кога ќе се вратам не ми се јаде или пак ако се заседам на компјутер, ТВ... ме мрзи да станувам да јадам
Навечер ми е многу тешко да не јадам! Особено додека гледам Survivor! Гледајќи како гладуваат таму апетит ми се отвара невиден!