Не ми се чудете ама јас јадам само еднаш во денот а и не претерувам многу јадам 2 до 3 кришки(мајка ми само вика по мене,но јас кога ќе речам толку и готово)Страв ми е да не се поправам зимааваСпијам до кај 14 часот,некогаш и повеќе(вака правам само кога сум на распуст,зимски и летен).Потоа дур станам да се средам ќе си дојде негде 16 часот(а и немам апетит незнам зошто) и тогаш ќе јадам и толку е јадењето за мене во денот.А кога сум на училиште ќе купам нешто грицки некогаш и ништо и само дома кога ќе појдам јадам и толку.Инаку не сум дебела само ми е страв да не се поправам (не за џабе правев стомачни и несакам да ми биде за џабе трудот).
А така што јадеш само еднаш,си штетиш сама на себе.Не е убаво,и нема врска тоа,ти мислиш ако не јадеш ич, дека ќе ослабеш.Подобро јади 3-4 пати во денот ама по малце.
Да те разбирам што сакаш да кажеш,но немам многу апетит заборавам дека треба да јадам.А и знам дека така не е можно да ослабам (за тоа вежби правам),не јадам за да не се поправам(особено зимаава),за линија да си држам, а не да ослабам.А можеби и не е правилно,те подржувам за тоа дека е штетно по здравје,ама и таква сум само маани си наоѓам.Си мислам ако јадам џабе правам вежби,и ме нервира кога ќе се најадам или вода да се напијам ми се подува стомакот,а на утро кога ќе станам рамен ми е не ми се познава ни малку стомак ама ако се најадам
Јас не јадам после 20:30 и строго се држам до то, само ради едно а то е дека после ко ќе легнам ќе ми биди мачно
Да, и тоа бајаги навечер.После полноќ апетитот ми е отворен како за цел ден, поготово за нездрава храна.И ретко кога попуштам пред таа потреба.Знам дека не е воопшто здраво, али ајде, немам никакви тежини и веднаш да си легнам после обилниот '' појадок ''
Ја не, освен ако морам поради некоја веселба, слава, роденден, службена вечера, ама и тогаш јадам нешто лесно,колку да замачкам тањир и да не викаат по мене дека ескивирам
Да...и тоа многу касно, буквално пред легнување...За да биди уште полошо, најчесто јадам благо..по нездраво амин
Јадам навечер и тоа со сила со надеж дека ке накачам некое килце.....завалијата јас сите сакаат да ослабат, а јас незнам како да се здебелам
Сега бидејќи е лето и не ми бара организмов многу храна, јадам по два пати на ден и тоа вториот оброк некогаш е доцна навечер. Нема никакво влијание врз килограмите. А на зима внимавам бидејќи лесно можам да се здебелам, лесно можам и да ослабам, таков ми е организмот
Избегнувам да јадам навечер, еден период јадев константно пред некои 5-6 години, па после проблеми со исхранава и нагло слабеење не јадев никако после 7, најкасно 8. Сега претежно не јадам, ама знам кога сум излезена да јадам нешто џанк, или домче ме фаќа стрв за благо или овошје чат пат... Клучот е баланс и координација на внесот на продукти и нивниот квалитет...
Кога станува збор за дневните оброци применувам режим кој најмногу ми одговара на потребите. На дневното мени секогаш имам три оброци (појадок, ручек и вечера). Денот не моќам да го замислам без појадок. Не можам да функционирам во никој поглед. Ручекот е задолжително проследен со домашно приготвена храна, а вечерата е нешто лесно и помалку калорично најдоцна до 19.00. За одржување на континуитет во телесната тежина, храната што се внесува и преработува треба енергетски да се потроши.
Во последниве години, односно од ко станав мајка, искрено денскијадењето ми се сведува на кафе од сабајле кое го тегнам со саати, дур ми дојде на ред тоа веке оладило, па стави го ваму тамуда не е на дофат да не го истурат.. Појадок по нешто што јадат тие грицни лапни, ако не дојадат јас јадам и така. Кога ги ранам нив нешто шо ќе успеам од на нога каснувам и претежносаглам оброк ми е навечер од ко ќе заспијат тие уз филм со мм, таманпочнало интересното јас готова сум за спиење и толку од мојот ден Сега од ко сум бремена јадам многу патипо помалку, најчесто овошје и зеленчук, пак од на нога а ретко неколку пати ме фатило мерак за некоја храна и сум си приуштила 10 минути да каснам ко човек.
Уф, од никогаш не сум јадела навечер. Кога некој ќе ме натера друштво да му правам after искачање, кога ќе си легнам ми е лошо. Тахикардии, глупости.