хаха јас смао навечер и јадам..преку ден можам цел ден без храна, меѓутоа затоа пак навечер неможам без смоки, чипсови...благо (од кога ги оставив цигарите ова е вака)
Што беше тоа вечера ??? НЕЕЕЕЕ дефинитивно или само некое овошје,чајче или пак мн ретко смоки колку да се заситам ...
Колку и да е здраво да не се јаде навечер, постојано имам нешто во уста. Постојано, нема стопирачка кај мене. Имам среќа што не се дебелеам, инаку до сега ќе ме тркалавте.
Порано јадев навечер секогаш ама откако се поправив малце повеќе не јадам веќе толку касно до кај 8 саатот најкасно
Да не јадам навечер? Па цела вечер да не заспијам? Ноу веј!!! Колку и да сакам да ослабам и колку и да е здраво да не се вечера, не можам бре без јадење. Морам да нешто да втерам пред спиење. Спојлер Затоа ниедна диета не ми успева
ако јадам навечер за неколку дена нема да можам да одам, тука ке се тркалам по патот значи од кога памтам сум во борба со килограмите и затоа никодаш не јадам навечер, а и самиот организам ми се навикна така, не ми се јаде, ама пак затоа наутро уште во сонот ми се јаде
Јадев и тоа како, ќе си каснам во 3 ноќе и продолжувам со учење до сабајле Ама веќе не, никако, после 25 години се е поинаку, верувам сите ќе се сложат... Еве ги читкам помладиве девојчиња, пишуваат, ехе колку јадам и за среќа слаба сум, ама 15, 16, 20 години кај повеќето е така, не е среќа, годинките се Мада има многу што и тогаш имаат проблем со тежината (тие не ги ставам во категоријата предмет на постов), сепак оние кои немаат, како јас на пример, цел живот на чипс, смоки бев, цели ноќи, ама сега се фаќам дека мора да внимавам, многу полесно качувам килце, а порано за кило да качам, мака мачев...
Си јадам иако знам дека не треба особено после искачања каков апетит добивам така да и во 3,4 знам да си поткаснам е тогаш е најслатко
Јадам до 19 часот..но послее 19 часот не бидејќи се препорачува да не се јаде после 19...иако понекогаш знам да земам да јадам салата или овошјее но тоа е здраво..
Вечерата ја избегавам ,ем после 19ч не е добро да се јаде,ем ручам накај 5 па за 2 саати тешко дека ќе ми се пријаде ама проблемот е ако останувам касно обавезно ми се пријадува во доцните ноќни часови па знам и да си поткаснам нешто и исклучоци кога сум на родендени,дипломски,искачања во кафанки-е без мезе не го бива
До 20ч завршувам со храна...Значи сум вечерана...после 20ч ништо веќе...И онака си јадам три оброка дневно, може до 4 да се, ама тоа се мали количини...затоа што секој ден прво сум со корнфлексот. И препорачливо е до 20ч најдоцна да сте завршени со вечерањето.
Избегавам да јадам навечер зашто ако си се подопуштам и си вечерам неколку дена со ред, се навикнувам и после ќе ми се залепи некое кило плус. Гледам последниот оброк да ми биде до кај 6-7 попладне. Кога сум до 7 и пол на факултет, ми доаѓа да јадам и во 8-9, но тогаш јадам нешто полесно - супа, салата, јогурт или овошје.
Одбегнувам да јадам после 21 часот. Обично си вечерам регуларно накај 7 ипол и не ми се јаде. Ама некогаш знае да ме мавне некој напад на глад, ми се пријадува нешто незамисливо и не можам да се контролирам. Најтешко ми е кога седиме во маало, па некаде накај 12, на полноќ, ќе не мавне така сите мирисот од лесковачка или Мекдоналдс. Еден јаде, сите јадат. Не е возможно да се одолее. Исто, често знаеме и да купиме грицкали и сокчиња, ама тоа не се важи за јадење, туку за закуска
Не е ни убаво да се јаде доцна навечер, особено не пред легнување. Јас се трудам после 18 да не јадам, и кога сум била на ваков режим да го наречам, веднаш се забележуваат резултати - слабеам. Е сега бидејќи работам до 5 - 6 понекогаш, морам да си го одложам вечерањето па се трудам барем после 7 да не јадам веќе ништо бидејќи ручам релативно рано - околу 12, 1. Проблем е кога излегувам и пијам, па сабајле кога ќе ми се пријаде - абе ужас. Не можам да одолеам