Бидејќи денот обично го преспивам ,јас практично се хранам само навечер Таков ми е биоритамот ,ноќна птица Немам проблеми со тежината ,значи се е во нормала ,меѓутоа ако почнам да консумирам многу калорична и нездрава храна во континуитет ,секако дека ќе се одрази. Доста внимавам на исхраната ,така што здравите продукти ги внесувам во неограничени количини,а оние "забранетите"(слатки ,грицки) ги ограничувам,но не се лишувам од нив.
денот ми започнува во 7 и 30 доручувам во 10-11ч,ручам во 15-16ч и тој ми е последен оброк, на вечер чаша млеко ако веке ептен ме боли стомакот ама обично издржувам,инаку ке изгледам како буце
Вчера јадев во 2 секако тоа не ми се случува често еве на пример во последно време и заборавам да јадам, ама ако ми се пријаде многу си јадам во било кое време
Моментално не Бидејќи е лето, си спијам до 10-10.30 и поручувам некаде меѓу 11 и 12. Потоа околу 15-16 вежбам, и ручам меѓу 17 и 18 и околу 20-21 часот пак вежбам бидејќи си сум малку дебелка и сакам да ослабам 7-8 килограми во летниов распуст
Ау, ова јадењево навечер најголем проблем ми е. Мислам ради тоа се здебелив 10кг лани лето. Ама што да правам кога ми е најслатко у 12 да јадам и да си се испружам у кревет?
Аууууууууу НИКАКО многу време ми требаше да се навикнам После вечерата која мора да биде до 19 најкасно до 19:30 дозволени се само неколку чаши вода (40/45мин по вечерата) за прочистување на организмот (3/4 часа пред легнување) Исто да си кажам дека вечерата СЕКОГАШ мора да биде лесно сварлива :Салата, мелку тестенини, чашка јогурт, варена риба и сл. (Да не ме сватите погрешно ова никако се заедно наеднаш-едно е доста )
Многу ретко јадам навечер. Треба да сум ептен гладна за да изедам нешто, ама после сигурно ќе имам мака со киселини, гризење на желудникот и несоница, без оглед на тоа што сум јадела. Многу ми е терсене желудникот, и искрено ме нервира што не можам да јадам кога сакам и што сакам.
Апнувам си. Значи цел ден можам да не јадам ништо или онака по малку само колку да преживеам али КАДАА ПАДНЕ НОЧ, ЈА ЗОВЕМ УПОМОЧ пошо кризи ме фаќаат ненормални се јадење. Ретко успевам да ја издржам цела ноќ без да јадам. Па и до касно седам, до кај 4 5 часот како на човек да не му се прејаде од 19:00h. Ајде си се тешам дека е оправдано (а знам дека не е )
Последнава година дена ми испаѓаат по два оброци дневно, па може да се заклучи дека навечер не јадам. Ама па затоа се дешава да начекам отворени грицки и да им се фрлам и се‘ маф да направам, што исто ми се фаќа. Додуша не ми е битно дали е вечер и приквечер.... битно ми е да не се плеснам в кревет веднаш после јадење. Тоа е беља веќе.
во последно време пазам малце да не се поправам па затоа не јадам после 19:30 али се случува и тоа ама мн ретко
многу ретко јадам навецер кога ептен премногу сум гладна имам онака нормална тежина 60кг ама сум висока 177цм се случува некогаш да претерам еден период со јадење ама ко ке видам дека сум претерала се јадам без леб јадам мн салати течности пијам и пак це си се вратам во нормала, абе само едно кило да кацам ми смета и нема да се смирам дури не го снема
Хехехехе..Навика од порано цеееел ден на диета а вечерта ќе се најадм дупло Сега не сум на диета ама навика,тешко е да се одвикнам.
Знам некогаш цел ден да не каснам ништо до 8 саат навечер, и после да се прејадам. Или пак ако сум јадена предходно, обично каснувам нешто лесно.. најчесто лубеница, ама ретко се случува.
Да! И се мразам самата себе поради тоа, знам дека не е убаво и дека тогаш се ми складира во салцето окулу стомакот, ама па неможам да се воздржам. Треба домашниве да стават катанец на фрижидерот и после 19 часот клучот на врата и нема јадење, така можеби и ќе ослабам некое килце.