Kога како зависи дали сум јадела цел ден ако сум јадела само еднаш тогаш секако дека ќе јадам вечерта кога ќе си дојдам од шетање а ако сум јадела 2 пати во дено тогаш не јадам навечер
Ее ова е мојата најголема мана се случува цел ден ништо да не ставам во уста но штом дојде вечер јас се фрлам на јадење едноставно само тогаш иам апетит шејм он ме . Сепак неможам да се пожалам тежината ми е супер спрема висината некои дури ми викаат дека треба малце да се поправам
понекогаш кога сум излезена ми се случува во 4 сабајле ама тоа е ретко , во принцип не практикувам да јадам после 19 ..може само салата ако стварно осетам глад . што ретко ми се случува , затоа што во текот на денот јадам по милион пати
Хмм.. се слушува понекогаш ноќе да ми падне нешто во памет, некој нов експеримент. Ако не сум расположена да правам неред во кујната, тогаш што било...
уф колку си мразам таа навика....цел ден јадам малку, демек на диета сум и вечерта коа му ја легнам абе се изедам...Сабајле мајками кога стане се чуди кај исчезнала сета храна
Не јадам ништо после 18 и супер е за тежината.Правам исклучоци само кога одам на родендени-не можам да одолеам на торта
Обично не јадам бидејќи не ми се јаде навечер, ама некогаш способна сум и во 2 да станам да си се симнам во кујна и да си јадам..
Како што касно легнувам преку летово, обавезно јадам навечер...па и по два пати И искрено јадам што ми дојде, не дека пазам да е овошје или салата.Може да биде благо, нешто останато од ручек...
Порано - немаше шанса да пропуштам доцна вечера! И тоа, оброци, ко за маж. Значи, после свирка, излегување, обавезно се смачкуваше или четврт бурек со јогурт, или лесковачка или дома ќе дојдев и мачкав што ќе најдам. Затоа имав 72 кила и бев ко телевизор у задницата Веќе не, гледам да имам умерени оброци и никогаш да не јадам доцна вечер, зошто ем после тоа не можам да заспијам, ем ќе си ја вратам несмасната килажа. Дури и да ме тепа глад, или пијам чаша млеко или земам некое овошје.
Зависи кога како. Не можам да кажам јадам или не јадам. Се случува некогаш да јадам и тоа баш обилно, а некогаш воопшто и не сум пак гладна. Кога излегувам со либето имаме навика да седнеме да јадеме некаде, а со другарки не- многу ретко или пак јадеме нешто благо. Како и да е и онака ништо не ми се познава, како воопшто да не јадам.
Порано јадев, всушност и сега јадам ..... Ќе го преформулирам одговорот -- Порано јадев навечер и тоа освен тоа што јадев многу количински, дури јадев и од најмрсните можни ствари -- Мајоноз, Кечап, Салами, јадев од Мекдоналдс понекогаш дури и скарите ги посетував ... Добро, тоа беше порано. Сега може да се случи да каснам нешто навечер (само гледам да е помалку калорично ) и гледам да не е многу касно, но сепак тоа е поретко
Навечер сум најгладна,сега јадев леб со мајонез,изедов цело пакетче на чипс иксел и севн дејс дабл кроасан,ах исто така и мала политанка(оние малите од 10 денари) и сладолед. И верувале или не имам помалку од 60 кила. И плус за мојава висина треба да имам четири повеќе Чуден метаболизам...