уфф секогаш јадам навечер само ако ме мрзи тогаш секоја вечер сум скоро излезена и кога си дојдам дома ме мрзи да тропам ако сите спиат они пак станат ама ме мрзи тогаш да јадам и кога сум излезена обавезно јадам или сендвич, тост со помфритче, пица бурек,со урда или месо било што да е ама ипак бурек да е некои лиснати таму итн итн... ама може времето да фане и накај 1 после полноќ обично накај 10-11 саато јадам или пред дома да си дојдам 12-1 и тоа не влијае на мојата килажа имам чиден метаболизам помалце од 60 кила сум ама ако добро ми е мене си јадам се што си сакам
Многу! Знам дека е лошо, ама знам да си наполнам тацна со малсинки, чипсови со некој дип, чоколадо. Како и да си мцкам од што стигам..
Секако дека јадам. Држев диета, се`уште внимавам и не качувам килограми, ама јас сум од тие што сакаат да јадат, што сакаат и кога сакаат. А, тоа значи дека после алкохол у 4 сабајле сакам да висам пред пекара и да чекам топол четврт бурек и ич не ми е гајле. За мене е јадењето и храната воопшто задоволство, не потреба колку да преживеам. Знам сред ноќ да станам да си направам тост, чоколадно млеко задолжително, мене ми е ко цигара после секс чоколадното. Или ако ништо друго, лепчиња и редам што стигнам од кашкавал, шунка/печеница/чајна, кремсир, путер, мајонез, павлака, буквално бирам 2-3 работи во комбинација, било кои, и одозгора оригано, и седнувам ко господин пред ТВ у два по полноќ да си касновечерам.
Пред извесен период избегнував, но една вечер кога се разбудив од кркорење на цревата е од тогаш редовно си вечерам
Скоро секој ден јадам доцна навечер, немам никакви проблеми со килограмите, изгледа се е до метаболизмот
Избегнувам многу да вечерам, ама некогаш кога сум претерано гладна, јадам или овошје или зеленчук или нешто за грицкање но во најмала можна количина колку само да го залажам организамот.
понекогаш јадам. сега бидејки е лето и го преспивам појадокот а легнувам сабајле во 6 така да мора нешто да се апне
Си јадам што сакам, кога сакам! И бурек, и се Аба баш не ми е гајле кое време е, ако ми се јаде- јадам. Така функционираме јас и моето тело. За среќа, слабичка сум- не мора да се пазам
Јадам Пред пола сат јадев и ме гризе совест и се упм Цел ден се придржувам, си ја стегам душичкава, и ќе дојде 10 и јадам се! Од благо до солено. Ја не знам што е со мене, како некој биолошки часовник да имам, точно да ми се јаде во 10. Порано т.е пред 2-3 месеци не ми текнувало да јадам на вечер, последниот оброк ми беше кај 7. А сега свесно гледам како мојот труд оди у неповрат! Вечерва јадев благо, многу... и се каам. И ветувам дека ќе биде последниот во 10. Крај.
зависи од тоа колку сум јадела за ручек,дали сум имала меѓу оброци или пак зависи од расположенито кога не сум тасположена воопшто не ми се јаде цел ден
Па зависи Некогаш јадам а нејогаш не! Зависи дали сум гладна Треба да не се јаде после 7 за да може да се свари храната и подобро да спиеме ама ако ти се јаде неожеш со празен стомак да спиеш
јадам да,мн лоша навика не за друго него дека е вечер и ккао да се кријам од сама себе и другите најомилено време ми е за јадење навечер...демек ноќта ќе го лапне согори изеденото хаха а сакам да сменам навика да се хранам преку ден а навечер да бидам на полесно нешто ама навечер ми доаѓа жуд за храна..за килажа незнам колку влијае верувам дека треба телото да си го слушаме кога сме гладни да му го дадеме тоа што му треба се разбира на џанк фоод..
Обавезно јадам после 2-3 часот СЕКОЈА ВЕЧЕР. Не памтам до сеа да сум пропуштила. Воопшто не се пазам што јадам , колку јадам и кога јадам. Обожавам мрсна храна и високо калорична. Среќа моја што немам никаков проблем со тоа. Тежинава ми варира 48-50 килограми. Повеќе не памтам да сум имала.