Ај шо јадам јадам . Ама станувам во 4 саат како глушец некој , ќе напраам "метла" и се враќам со мешето во кревет
Не практикувам јадење навечер може малце овошје да ставам во уста, друго ништо! А понекогаш кога сум прегладнета ќе каснам нешто, и потоа се чувствувам како стока некоја
Не дека секоја вечер станувам од спиење за да јадам, ама ме фаќаат кризни моменти. Најголем апетит имам навечер, и тоа се за нездрава храна, грицки, благо, сендвичи итн. Ама гледам да се контролирам, подалеку од фрижидерот...
Додека спијам топ неможе да ме разбуди, а не па станам да јадам. А за јадење пред спиење, ретко, многу ретко иако ме фаќаат кризи, сепак колку толку гледам да избегнувам оти навечер јадам многу многу калорична храна (брза храна)
Јас сум висока 170 и тешка 48 кг. Јадам навечер до кај 21ч. Немам проблеми со тежината... понекогаш знам и покасно да си грицнам нешто
Да обавезно јадам милка чоколада навечер мора секој ден да јадам . навика ми стана Спојлер чудно што не сум здебелена
јадам секоја вечер после 12 , тогаш ме фаќа сташна криза и секој ден си викам ке легнам и нема да вечерам ама кога ке си речам така бетер глад ме фаќа еве на пример ноќеска станав во 2-15 некаде и изедов кроасан 7days со чоколадо грицнав неколку бисквити и си легнав
Најлошата навика,ама сега затоа што сум на диета си џвакам мастики касно навечер и пијам вода,евентуално може лубеница да каснам,а порано до 6-7 вечер не јадев ништо и тоа станата од 6ипол сабајле за во школо,ама затоа од 7-8 до кај полноќ неможев да престанам да ждерам,среќа што не сум станала стока,4кила вишок и не се многу.
Како може да нејадам навечер после 20 часот кога станувам во 12 напладне и до вечер тоа се 8 часа а си легнувам во 1 2 ноке значи за јадење имам 8 часа а за пост 16 аааааа неможе така
Eпа ако сакаш да ослабеш се се може! И јас исто така станувам во 12 часот, но избегнувам да јадам после 8. Ако ми се пријаде џвакам мастика или си правам некој чај, најчесто и двете.