Да, јадам. Што ми се пријаде во истиот момент ако го имам дома, зошто за жал продавниците не работат барем кај мене после 10. Не глеам кој период од денот е, едноставно ако ми се јаде, јадам, ако не можам и 2-3дена ништо да не јадам, а можам и 2-3 дена да се најадам како за цела недела. Немам распоред, не се замарам едноставно, зошто телесната маса ми е константна со мали промени од типот на 0.некој килограм, ептен ретко цел, не се случило во последно време такво нешто.
Не само што јадам туку и често пати претерувам со јадење Никако да се одвикнам, стварно незнам како, дај кажете некој начин Се чудам како со толку јадење на вечер и многу ретко вежбање имам само 2-3 кила вишок, цел живот така, повеќе од 5 вишок не сум имала
Понекогаш. Некогаш успевам да се исконтролирам, некогаш не. Најчесто јадам кога сум излезена надвор, смачкувам нешто набрзина. Иако, внимавам што јадам, не се трујам со сендвичи или ептен калорични работи. Барем до толку не сум..
Летото му било мајката! Поради тоа што седев до сабајле (yesitwasme) грицнував, море ЈАДЕВ а сеа шо си легнувам пред 11 неам никаков проблем.
Да. Кога ќе ми текне поточно . Летово се навикнав подоцна да легнувам, подоцна да станувам, така да, јадам во 3-4 скоро секоја вечер
Редовно и тоа што ќе се најде пред мене.Не можам да си замислам да легнам без да каснам нешто,независно дали е благо или солено.Инаку имам брз метаболизам и затоа немам проблеми со килограмите.Посебно ако седнам да гледам некој филм и заборавам да затворам уста цело време нешто џвакам..
Скоро секоја вечер јадам, а пак на мене не се гледа ништо Кога ми се јаде си јадам не гледам колку е саатот. Некогаш дури и кога ќе легнам да спијам ќе ми текне и си станувам да јадам.
Јадам и тоа како, најслатко ми е во доцните часови.Да се настегам добро и да си легнам А посебно петок и сабота бидејки не јадам пред излегување и кога се вракам јадењето ми е неизбежна работа
Jaдам. Па после чуди се од кај ти е стомакот! Као демек ја витка става, јади јади, ништо не ти се лепи, ама..и ноќното јадење и честите посети на МекДоналдс си го прават своето.
Mногу ретко, освен ако не сум на некоја прослава и ете морам да јадам нешто да не ги навредам домаќините, ама утредента се чувствувам ко да ме натепал некој. Не практикувам и многу подобро и поенергично се чувствувам следното утро. Арно рекле Кинезите „Појадувај сам, ручај со пријателите, а вечерата дај му ја на непријателот“. Па така и јас, најмногу внимавам појадокот да биде богат со се што му е потребно на организмот, а за вечера не ни размислувам.
Последниве 2 недели не јадам после 20 часот. И фала богу веќе немам толку пивски стомак. Онака цело време бев подуена.