Јас без да јадам навечер неможам да си легнам бидејки неможам ни да заспијам. Затоа обавезно јадам, дали во град дали дома, мора да јадам. Се случувало во 1 ипол по полнок кога се вракам дома да си печам пица, да правам тост, и да јадам скара. Затоа нозете ми се полни со ридови од целулит.
Е веќе се нервирам со тоа јадење навечер,секогаш сама себе си се лажам дека не вечереам но ништо само си продолжувам со старите навики а крајно време е да намалам од килажата веќе, барем 5кг.и ве молам некој нека пише ако држел диета што е ефикасна и има добри резултати.
признавам дека јадам навечер ох море јадењето навечер е најслаткото јадење. плус тоа кога ќе се вратам мртва уморна и прегладнета од работа сигурно не би му простила на фрижидерот и материјалите кој ги чува внатре, а со килажата па плус минус немам проблеми си се пазам и лесно качувам и лесно симнувам така да си сум на граница и во нормала на висината
Често јадам и тоа м исе случило во 12,1 пошто имам навика касно да си легнувам така да неможам да издржам ако не ставам нешто во уста,не бирам што јадам може солено благо све собирам али затоа си се жалам имам салце никако да го согорам
Кај мене дефинитивно воздржувањето од јадење после 18.00 дава резултати, слабеам! Значи сеуште се контролирам од јадење навечер и се држам храбро и војнички. Ама некогаш нема послатко од симитката во Фурна во 4 наутро, или пирошката во парк после град, или кога си доаѓаш дома со другарките кои преспиваат кај тебе и ја правите кујната лом во 5 наутро, пијани, затоа што ви текнало дека ви се јаде. Уствари, тоа ќе му дојде веќе нешто ко доручек, нели? Епа без слатки гревови, не се живее.
Туго сестрице! Пуштив бардак ко паша, цел ми е од MC, и од пустото јадење во ниедно време. Отиди до WC, те мами фрижидерот, седни, поткасни нешто. Шта чу, вечен гурман на тато. Горда или не, стомаков ќе ви покаже.
Си се вратив на старата навика да јадам навечер и тоа во 22-23 часот, пред да си легнам Денот го минувам сo еден максимум два оброка, ама пуста вечера без неа не бива. Гледам тоа да не бидат некои висококалорични намирници, ама си правам и "прекршоци"
Еве сега ми се јаде ми се плаче- одолевав си сварив кафе со локум пред 2 саати, ама место да ми се намали гладтта, сега 100 идеи ми се вртат за тоа што би можела да јадам
Се молам да заспијам кај и да е веќе, зашто не можам да си дозволам да јадам во ваква непрокопсана доба. Значи нема полоша навика од јадење навечер, т.е. после 21 часот, нема, нема...
Нема полоша навика, ама да си легнуваме ко порано, кога бев 6то одд после фудбалот во 22 и 35 јас бев во кревет, а сега еве 3 наближува, уште некоја минута духовите ќе почнат да шетаат , а мене цревата симфонија ми свират, и тоа тажна, ко штурецот во зима сум И сега како да не јадам? Како?
Како шо сум тргнала во последно... страшно ќе биде. Ко некоја свиња јадам секоја вечер последниве две недели ова време леб со ајвар, кашкавал, салама за на крај да стегнам еурокрем или како сега цела ресана. Не, не е ова на арно. Таман постигнав цел и пак да се вратам? Не. Најсериозно ќе им речам на моите да стават катинар на фрижидерот, синџири да висат. Дуца дебелуца ако не се напрам ја еве. А сум внимавала баш навечер да не јадам, али сега шо ми е, абер немам.
Да не сте во ПМС? Јас само тогаш не можам да го контролирам желудников, ама инаку издржувам. Еве вчера последен пат јадев во 4 и потоа повеќе не. Си направив чајче, кафенце, цигарче и толку. Се издржува бе! Само треба многу self - control. Си го пијам зеленион чај или оној за целулит и си велам, оф оф пилешко печено, оф оф плескавица - и така поубаво ми е
Нема шанси. Јадев порано многу лелелеле дебелана, знали се гоев и гоев и абер немав ама сега 2 недели веќе одам кај нутриционист, и пазам, после 21 ништо не јадам, само водичка и фала богу, ми дојде умот и мене
Јадам само кога сум ептен гладна. После тоа гледам да не одам веднаш на спиење, барем 1 час покасно. *Ако не треба да се јаде навечер, зошто е светлото во фрижидерот?
Секогаш јадам касно навечер и тоа најчесто брза храна. Знам дека не е здраво ама ете...убаво ми е и не ми се одразува на линијата, слаба сум. Ама имам други здрави навики во исхраната, јадење за доручек нешто здраво, секогаш салата со ручекот, пиење витамини, овошни оброци и почнување на денот со свежо исцедено овошје или чаша чај за прочистување.
Јадам и тоа јадам страшно многу.......најубо ми е навечер,на сабајле не можам ама затоа навечер мхмхмх...