Јадам за да живеам,иако се случува и да се прејадам од некое омилено јадење во граници на нормала секако. Не ги сфаќам оние што "живеат за да јадат" ,не само што не водат грижа за својт изглед истовремено и не водат грижа за своето здравје(освен ако не се здебелуваат).
Јас сум човек кој ужива во јадењето но во последно време се ми се поремети па така и јадењето, последниве недели јадев на сила.... чувствувам полека ми се врака апетитот.. и се радувам за тоа, а порано се чукав по глава дека сум дебела и се радував да немам апетит... сега на храната гледам како извор на енергија и здравје и се трудам да балансирам.
хаха нека има за да си апнам..нон-стоп јадам ...секогаш мора да имам нешто во уста (иако сум слаба)...
Јадам за да живеам. Не сум нешто многу по јадењето. Не јадам многу. Во нормални количини. Имам само доручер и ручек,не вечерам. Имам многу страв од тоа да не качам некое кило,па затоа вежбам секоја вечер и не јадам многу калорична храна. Избегнувам или воопшто не јадам брза храна. Бидејки не вечерам- во случај да ми се пријаде пијам сок,јогурт или јадам чоколино.
Јадам за да живеам... Ама воопшто не изгледам така а инаку искрено, не одбивам слатки. Ми се има случувано да сум прејадена ама од стрв сакам се да пробам... аа мора да симнам 4 килца !!!
Тешко гурманче сум си, и да си јадам и да си пивнам, т.е. да си мезнам.... според ова, јас требало како маж да се родам. Но, добро ми е и вака, само што женските повеќе треба да ја пазат линијата. Така да, јас сум нешто измеѓу, ни живеам за да јадам, но дефинитивно и не јадам за да живеам. Само еден краток период од мојот живот кога не знам што желба имав, се направив стапче и колку и да ми збореа јас стара песна си терав.
Јадам за да живеам.Воедно и уживам во вкусот,мирисот и изгледот на плодовите кои ни ги дала природата.Треба да уживаме во онаа вистинската храна, а не во преработената индустриска ѓубре храна.Така ќе ги задоволите и апетитот и здравјето