храната ми е слаба страна, неможам да одолеам на вкусни јадења, посебно слатки. Затоа цел живот се борам со тежината, баш им завидувам на тие сто јадат а не се дебелат, камо и јас да бев една од нив
хехе интересна е темава... повеќето живееме за да јадеме, макар што не треба така... ама гурмани сме сите скоро
Јас сум голем ГУРМАН, така да живеам за да јадам Обожавам да готвам, обожавам да јадам, обожавам да експериментирам со храна, обожавам да пробувам различни кујни Во кратки црти, обожавам се поврзано со храната
јадам за да живеам инаку порано се хранев нездраво но со тек на времето внесував промени во менито но не нагли промени и успешно е затоа што ништо не бидува преку ноќ.
Ако треба да се фолирам ке кажам дека јадам, за да живеам, но ако бидам искрена пред вас, бога и себе ќе кажам дека живеам за да јадам. Јас сум голем гурман, обожавам да јадам посебно оние традиционални јадења, а богами и слатки. Не легнувам ако сум гладна. Не сум од оние што пагаат по улици од глад само за да изгледаат добро. Јас изгледам сосема добро, немам проблеми со вишок килограми т.е јас мислам дека немам. Не сум 60 90 60 но никој досега не се пожалил, дека му пречи што не сум по некои стандарди. За да те сака мажот треба да бидеш добра во кревет, за да си добра во кревет треба да имаш енергија, за да имаш енергија треба да јадеш. Значи се се врти околу храната, храната е горивото кое го покренува човека. Човекот е како колата, џабе ја имаш најубавата ако нема бензин нема да мрдне, а храната е токму тоа за човекот.
Јадам за да живеам.Не сум голем гурман,и не експериментирам со храната,и не претпочитам да јадам традиционални јадења.Повеќе практикувам готова храна од маркет,сендвичара,слаткарница. Јадам 2 пати дневно,што е нормално(иако пак имам проблеми со тежината). Така што себе си не би се класифицирала во таа група на луѓе кои живеат за да дегустираат што поголем број јадења,односно што константно нешто имаат во рака и грицкаат.
имам периоди кога живеам за да јадам и моментално сум во таков период,а ретко јадам за да живеам(најчесто кога ќе ме фати укор)
Обожавам и уживам во јадењето, но гледам да биде со граница. Некако овие две ми се преклопуваат, но повеќе второто изгледа
живеам за да јадааааааамм во задгробниот живот би сакала да бида дегустатор хахахах гурманче сум и се сакам да пробам а проблем со тежината неам вечно слабичка затоаа срценцеее навалиии слободноо на хранаа