Живеам за да јадам-дефинитивно!Многу голем гурман сум(бик во хороксоп ) и цело време јадам,а кога не јадам(ретки моменти) размислувам што ке си спремам за јадење...повеке од пола леб јадам на оброк(ако не сум гладна),а скоро цел ако сум гладна...значи,2-3-5 саат навечер,мене не ми е битно,станувам и спремам нешто за јадење и таква сум нестрплива,едвај чекам да го изедам Кога ке ми се случи нешто убаво,прво што помислувам е јадење,ако е нешто лошо,уште повеке ,најголема среќа ми е тоа што сум висока и имам пребрз метаболизам,да чукнам у дрво
Кога-како. Дефинитивно преовладува она - живеам за да јадам. Не сум воопшто горда, ама од вистината не се бега, уживам во храната, а кога сосема се опуштам, тоа го правам без грам грижа на совест. Јас сум од онаа екстра класа гурмани, кои не се задоволуваат со малку вкусови. Ми се случило со денови да си размислувам за некое јадење, како да го приготвам, што да му ставам, со кого би го јадела. Безобразна гурманка и хедонист, ете тоа сум ти јас. Кај мене најголем злостор се сварени тестенини само со сирење , на таквите им се чудам како си мљацкаат и уживаат. Ако немам квалитетен сос кој подразбира месо, печурки и доматен сос, батали ги таквите тестенини. Уживам во забранети работи како мајонез, крем, многу пармезан, милион зачини, свински ребренца, омлет со сланина, мрсни пастрмајлии, сакам да готвам, сакам да јадам... Жива среќа што метаболизмот ми е брз, некогаш размислувам како со таква опседнатост за убава храна не сум и 150 кг. Пред некој месец страшно и се навртев на една мрзлива палачинка. Тестото се пече и се премачкува со крем. Мене нормално , ми беше сиромашно, па решив да му додадам ореви, па некоја банана и малку шлаг... и претерувам, факт е дека претерувам. Сиренцето си го сакам со маслиново масло врз него и црвено пиперче, рибата полнета со мирудии, морковче, дури и обични тостови, им додавам мои работи на крај, како варено јајце или сусам врз лепчето со путер. Гурман сум и таква и ќе си умрам. Е сега... има денови како овие, кога јадам за да преживеам. Една конзерва туна е луксуз. Не е убаво, далеку од идеално, организмот доживува страшни шокови, не е ниту здраво, но... тоа сум јас. Нездрава.
Живеам за да јадам дефинитивно Единствено зачините ми се исклучени од храната и неколку намирници што не ги сакам. Количински јадам многу и често се случува после јадење да ми падне тешко на желудникот или тешко да дишам. Пред некое време кај тетка ми на гости бевме и седнавме да ручаме сите заедно - имаше приготвено сецкана млада зелка варена, со сос од домати, кромид и младо телешко месо. Изедов пола кило леб и две преполни чинии Не знам како не ми падна срам пред останатите на масата, пошто сите ги надјадов и од тогаш некако слабо не викаат на ручек Кога ми се допаѓа некое јадење не гледам воопшто колку калории има (сакам само да е свежо истото и да не јадам многу касно навечер...) После јако калоричен ручек или доручек ми се случува плус и едно цело чоколадо да си изедам. Ете имам среќа што не се дебелеам, генетски сум најверојатно така предиспонирана или имам брз метаболизам. Откако почнав да вежбам фитнес ставив мускулна маса само, а не ослабев, пошто и не ми беше намерата да слабеам...Едноставно уживам во храната, посебно со домашно направена пица со мешан кашкавал, сос од домати, унгарска чајна, рендано овчо сирење и сецкана свежа пиперка одозгора - можам цела тепсија да ја изедам. Потоа кога јадам некое добро печено мевце во тава со компири на пример, јадам и леб со компирите, а плус го макам во зејтинчето во тавата. А кога сум во ПМС - јас тогаш сум претворена во термит. На колегите од работа им кажувам да си ги кријат чоколатцата и грицките, пошто не одговарам кога ќе им ги снема од биро Свежата и добро приготвена храна ми е едно од најголемите уживања во животот и така ќе остане тоа засекогаш. И кога излегувам со дечко на вечера или на благо или на фаст фуд - се што ми се јаде си јадам и тоа со голем апетит, можеме заедно да си изедеме по еден цел хамбургер од седмица со Кока Кола или огромна палачинка од Балила преплавена со црна нутела, плазма, банана и од страна 4 топки сладолед од ванила. Никогаш пред дечко не глумам лудило и да чепкам со вилушката по чинијата како маче некое, туку ако ми се јаде ќе си се најадам со апетит...
Јадам за да ПРЕживеам Се гледа по мене, ослабнав, само коскиве останаа на мене........ и малку кожичка Среќа што моите ми стојат над глава и ми викаат јади, јади, јади (ме полудуваат со тоа) инаку јас и без храна би си живеела
зависи кога како најнапред мора да се јади за да се живее а некогаш и од стрв малку повеќе и солено па благо па што ли не се да се проба
Јас јадам од што морам за да преживеам имам апетит само пред да добијам а инаку јадам по 1-2 онака од што треба , понекогаш дури страв ме фаќа малку зашто доста слабо јадам , ама најверојатно до орагнзимот си е и се осеќам баш ок
Дефинитивно живеам за да јадам. Не, јас уживам за да јадам. Никогаш нема да се откажам од брзата храна, ни пак од прекрасните јадења на мама. Со задоволство го правам тоа.Не дај господ да имам некогаш ептен потреба за диета бидејќи тогаш ќе го доживеам пекоот. Знам дека е погрешно сето ова,но што сум виновна кога ми е вкусна храната,особено месото.
Живеам за да јадам. Не сфатив како до сега не се направив топка. Храната ми претставува уживање и задоволство.
Јадам за да живеам. Гурман сум, ама не сум зависник, можам да издржам подолго време без да јадам, ама затоа после ке надокнадам .
Јадам за да живеам. Има некои јадења што ми претставува задоволство да ги јадам но секогаш се контролирам и внимавам. Можам да издржам и подолго време без да јадам, не ми претставува проблем. Јадам од се во умерени количини. Само од благо сум голем зависник и незнам како да си помогнам.