Живеам за да јадам! Толку сум гурман се сакам да пробам,да приготвам,направам,среќа уште не сум се направила свињче ама иде накај тоа,ама стварно храната ми претставува задоволство,уживање и посебен момент од денот! секогаш се е приготвено внимателно и со љубов!
Уфф темава . На големи маки сум со храната и скарана сум со неа години наназат. Јадам колку да преживеам, 2-3 залака колку да не е без ич. Не уживам во храната и без проблем можам цел ден ниту да јадам ниту да пијам.
Живеам за да јадам.Се сметам за голем гурман кога е во прашање храната.Од ладни предјадења, па завршувајки со десерт.Имам огромен апетит.И, не сум премногу дебел, бар према висината и према интернет страниците
Јадам за да живеам , ич не сум мераклија по јадењето,слабо јадам ама не сум слаба благодарение на благото
Јадам за да преживеам.. главно безвкусна храна, која мене поради навиките ми добила вкус.. убав и тоа, бугати. Само ден-два-три кога сум во ПМС, се си мислам дека ако не изедам се’ што сум замислила ќе умрам
која е среќата? Факт е дека колку повеќе работи постојат што ти чинат задоволство, толку си посреќен. Добро се е до личност, ама јас искрено не можам да ги разберам тие што јадат за да преживеат. Не дека ги обвинувам, пфф далеку од тоа. Неможе некој со сила да седне да јаде. Само малку сте ми чудни Веќе се изјснив јас во ова тема, дека сум многу голем гурман. Ама под тоа голем гурман не се подразбира, хамбургери, тостови и планини од нездрава храна. Јас можам да уживам и во манџа, ако е убаво приготвена. Во последно време имам страшна желба да почнам да готвам и да си правам вкусно јадење. Мразам храна без зачини. Тоа не го заслужува никој. Јас сакам да и погодам на душичката
Јадам за да ПРЕЖИВЕАМ. Многу јадења не јадам, не јадам никакви манџи, апсолутно ништо од нашите традиционални македонски рецепти (или од домашна кујна), не јадам свинско, не јадам јагнешко... Многу не јадам Ама, ако ми се погоди јадењето (италијанска кујна) јадам и тоа со задоволство !
јас сум бик и затоа ја обожавам храната.од ова се доаѓа до заклучок дека живеам за да јадам.но само добро зготвено и вкусно јадење не било што.
Јадам за да живеам. Внимавам на исхраната, си имам малку вишок, па колку ми треба толку внесувам. Освен во тие денови на ПМС кога живеам за да јадам, мислам дека се што има дома - се ќе изедам. Особено благото - слаба точка ми е.