За добра салата,лубеница,сирење.. Кога е ова во прашање,можеби и живеам за да јадам. Но во принцип не. Ми се има случено на пример,си легнувам многу гладна и да си кажам,еј како ќе се најадам утре.. Али утредента ми е заборавено тоа. Не сум јас за во кујна,фаната сум во рацете што се однесува до готвењето. Сакам да уживам додека јадам и никој да не ми зборува,но тоа е се. Кај отидов ако храната мене ме контролира,а не јас неа..?
Нормално дека јадам за да живеам Но, постојат моменти и кога живеам за да јадам кога нешто добро се готви
Не сум голем гурман,да отидам некаде и да си купувам за јадење,ама кога јадеше дечко ми порано абе и нешто што ретко би го јадела,ќе ми замириса убаво и одма пола ќе му го изедам,ама веќе не правам така...мењам политика сега јадам за да живеам!
До пред некое време навистина живеев за да јадам, јадев по 3-4 пати дневно и многу уживав во самиот чин на јадење. Од кога отидов на одмор, се чувствувам некако флегматично и ме мрзи да јадам, па јадам само кога морам, така што јадам за да живеам и се надевам ќе остане така.