Го немав овој проблем до скоро, но гледам дека сум накачила некое кило. Во последно време знам да станам од сон за да одам да се напијам (?) прелив од чоколадо.. Мислам.. Јадам непотребно по некој пат.. Имам читано дека мотив за ова е да ја пополниш емоционалната празнина.
Живеам за да јадам Оброците никогаш не ми се колку да не сум гладна, секогаш уживам во јадењето и се трудам да не брзам никаде. Дури и не ги разбирам луѓето што не уживаат во храната. Нема ништо поубаво од убава храна, пиење и друштво
Па зависи од ситуацијата во која се наоѓам. По тренинг живеам за да јадам. Кога сум дома цел ден и се досадувам, јадам за да живеам. А многупати се случува и да јадам од стрв. И пак немам вишок килце (добро де, задникот не се важи, така? ).
Јадам за да (пре)живеам. Некогаш навистина уживам во оброците, но некогаш јадам бидејќи морам, да се рече дека сум јадела. Некогаш едвај чекам да јадам, имам преголем апетит, а некогаш јадам од досада.
Јадам за да живеам. Од толку што не и придавам значење на храната како нешто во кое ќе уживам, понекогаш ако не ми каже мајка ми дека цел ден не сум јадена, нема ни да јадам. Но, во екстремни случаеви, кога сум прегладнета живеам за да јадам Spoiler Обично кога се враќам од школо накај дома.
Јадам за да преживеам. Јадам толку брзо што цело време само се дерат по мене, како тоа не уживам, во храната. Лично сметам дека кога јадам полека ми е губење време. Што не измислиле храна да биде ко инфузијата бап у вена и ајт најаден си.
Дефинитивно она второто. Јас сум личност која сака да ужива во храната.Значи не можам да јадам било што колку да се најадам.Сакам да ми е вкусно. Понекогаш кога има дома храна која не ми се допаѓа (а тешко е да се погоди на мојот истенчен вкус) воопшто не јадам.Абе ќе умрам од глад се додека не се нацрта пред мене нешто што ми се јаде во тој момент.И тогаш си јадам од тоа се додека не се прејадам .
Хммм, епа второто. Не ја гледам храната како потреба или предуслов за да живеам, и не јадам од што морам. Уживам во храната, гурманче сум големо, и не штедам на храна. Кога ми се јаде-јадам, и земам тоа што сакам да јадам. Не знам што би ја без храна, не знам стварно.
Уживам да јадам, гурман невиден сум, дури понекогаш се прашувам дека многу е можно и да живеам за да јадам Како и да е, храната е мој единствен порок, благосостојба, мерак, игра, ритуал, цела идеологија на радост и хвалоспев на убавото чувство. Другарките ме зезаат дека кога ќе бидам трудна ќе го терам маж ми среде ноќ да ми купува лубеници среде зима, од што сум таква мераклика на се’ што ми е вкусно.
Дефинитивно, живеам за да јадам. Неможам да го замислам животот без јадење. Ми треба енергија. И тоа многу.
Кога како Има периоди кога едвај нешто ставам во уста, а има и такви кога не знам што се да изедам како последица на мојата стрвност.