Моја тема Скоро се што спремам ми е набрзинка, значи тостови, ладни сендвичи, одмрзната хрна, лиснато тесто, а омилен збор ми е ИНСТАНАТ, во превод значи стави во вода (или во микро), посоли и јади
па имаш инстант пире, инстант пилешки батачиња и крилца ( испечени, зачинети и замрзнати , само ги подгреваш ) , инстант пица ( само 10 минути во микро), ај да видам во кујна што друго имам
Од горенаведените само инстант пире имам пробано и не ми се допаѓа , научена сум на домашно подготвеното
Е да у право си, не е како готвено ама пуста мрза кога ќе ме фати а мора да се јаде тоа е , инаку јас веќе се изјаснив дека сум по готвењето ама не секогаш имам време . Кога одам во Веро купувам инстант-храна, таму има такви ствари, па што имаат убави опаковки , примамливи и после се чудам зошто имам вишок на стомакот Како американка ќе станам , дебела
Храна набрзинка ми се топли сендвичи, потпечени компири, готова супа, сите видови тестенини ама со готови сосови - значи се што се прави во рок од 20 минути
Тост,или еден печен т.е препечен сендвич со шунка и кашкавал.Ама понекогаш и тркнувам до продавница и купувам куп грицки и се лажам дека не сум гладна :mrgreen:
Ладни сендвичи - со се што може да се најде во фрижидер! Тостови, со екстра кечап. Пржени компири, купени веќе спремни, само да се фрлат во врело масло, со тартар сос, мф мф! Истото важи и за панираните пилешки медалјони и буковка. Салата од туна, марула, кубети, домат и маслиново масло! Кајгана-омлет, со кашкавал, шунка и зелена пиперка. Потпечени пица лепчиња - од стар леб најчесто си ги правам, да ми крцкаат. Инстант пире, пудинг, или супа. Благо- бисквити со млеко и лажица Несквик, а може и само еурокрем на бисквитите.
Брза храна дома ми еЧ тост со што ке најдам дома, јајца пржени, макарони, тарана, шпагети нешто за мачкање и незнам др не ми текнува ако ми текне ке ви пишам
тост и тост и пак тост ....па тостови во стомак ќе ми никнат ама најбрзи и најлесни ми се...само менувам содржина во средината на лепчињата....во зависност од тоа со што располага мојот фрижидер
Луѓе и супата ми е во брза храна, ама прегеска малку време подоцна откако напишав за брзата храна станав и заминав да си испржам јајца со урда со оригано со буковска, со вегета со бибер со кисело млеко мх мх мх пак ми се пријаде :roll: :roll: :roll:
Кога сум многу гладна, а ме мрзи да џвакам (навечер) јадам чоколино Ако не сум до толку, корн флекс, лепчиња со кашкавал во микро, замрзнато лисно тесто - за појадок. За ручек: јуфки со готов барила сос, јајца, колбаси. Инаку готвеното е повкусно, ама кога се нема време - инстант врши многу работа.
Кога нема ништо зготвено,си правам пица од готово тесто,шпагети со туна,печени лепчиња со моцарела,а тост не сум си направилла долго време пошто ме мрзи да го вадам тостерот :mrgreen: а почесто голема работа завршува скара на кило со салатка,побрзо здравје
Тост, тестенини, виршли, корнфлекс и чоколино а и си имам 3 ресторани во близина па си знам да си нарачам ако ме мрзи да направам нешто. А и да не заборавам - да ми е здрава и жива мама - само на брза храна ќе бев
најчесто тост или нешто испрженко ... или во фрижидерот ќе најдам маслинки,шунка и сирење ... и ќе се накркам