Јадења „набрзинка“

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 22 февруари 2010.

  1. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    201
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    Ау што ми направивте, пак ли да јадам во ниедно време |( :( . Ќе идам сега да смачкам еден сендвич, тоа јадам кога ме мрзи нешто посебно да спремам :)
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    Пааа знам да си зготвам јајца на сите начини, на око, кајгана, варено, со шампињони (најслатко), после многу често си правам една прженица со малиџан и јајце (многу е слатко како тазе ајвар има вкус), друго си варам виршли и ги јадам со јајце на око и друго не ми текнува.
     
  3. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    инстант пире готово на Чачак, палента , може и супа од кесичка, и кога ќе видиш се е хемикалија :D
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    потпечени макарони во релна.
    Еве и рецепт-2 пакетчиња макарони,4 јајца матени, 1 литар млеко, 1 литар кисела вода, сецкана салама на коцки количински по желба,1 филџан зејтин, 1 лаж.мала сол.Се се става во поголемо тавче и се пече отприлика 1 час.
    Може и да ја преполовите дозата за помалку да излезе.Топ јадење со кечап и мајонез, мф мф мф.
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    Макарони и шпаѓети
     
  6. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    најлесно омлет :?:
     
  7. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    Лолита, пред да ги ставиш да се печат земи една шолја за јогурт и две супени лажици мајонез наместо млеко и кисела вода, измешај ги и стави ги во макароноте/шпагетите..многу послатко е. Пробај..
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    Пржено јајце на кое додавам една лажица пресно млеко и малку вегета. Млекото не го менува вкусот, ама го прави јајцето како сунгер, ама вегетата додава шмек (башка јас јадам посолени јадења)
    Пржена урда со јајце, сецкани шампињони и сецкана шунка. Прво ја подзапржувам урдата, потоа ги додавам печурките, па шунката и на крај јајцето. Брзо се готви, а многу е вкусно.
    Пржени компири, виршла во комбинација со топен кашкавал и сенф и пица (со тесто од замрзнувач) :)
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Што ви најлесно да зготвите, а воедно и најбрзо?

    Тост,сендвич некое јајце да свртам,виршли пржени и тоа :D
     
  10. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Најчесто јадам набрзинка дома тестенини печени или варени со сиренце кечап оригано маслинки,тост,лебче со ајварче и сиренце,лиснати со пица како форнетите,пирошки купечки само да се испржат,тесто за пица само да се испече,кајгана или нешто слично набрзинка зависи што нуди фрижидерот:)
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Нешто набрзинка и вкусно...лепче исечкано на коцкички, одозгора се ренда маргарин коцка, и се ренда сирење, потоа се пече додека се стопи маргаринот.
     
    На flowergarden му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.240
    Допаѓања:
    27.867
    Нов хит ми е бисквити 2 со мед измеѓу. ммммм
     
  13. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Најчесто на брзинка јадам сендвич со се што имам во фрижидер,тестенини или пак некое колаченце :)
     
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Варени макарони од тие поголемите со рендано сирење и кечап - и по можност парчиња чајна одозгора..Јадам цела чинија од тие големите за пица - за 5 минути
     
  15. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Макарони со сирење- обожавам, виршли, лепче со маргарин и сирење, варени компири, пржени јајца, јајца со сирење, ајвар, мармалад, млеко со бисквити, лепчиња со кечап саламче кашкавалче оригано малку подпечени.....
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    најчесто мачкам ако ми се брза некаде а лебот секогаш го печам и мачкам со ајвар, абц крем сирење, маргарин и мармалад, понекогаш сендвич.
     
  17. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Тостови хахах т.е. скоро секој ден :rofl:
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.063
    Допаѓања:
    5.114
    Пржено јајце :D
     
  19. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Тостови, млеко со корнфлекси, бисквити со еурокрем... а може и овошно јогуртче... зависи што нуди фрижидерот во моментот.. :D
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Мојот најнов пронајдок, било какви тестенини, што се наоѓа по дома ( макарони, шпагети, јуфки..) се варат во многу вода, во тавче се пржи лукче, малку кромидче ( по желба ), или било што друго од фрижидер ( сланинче, салама, печурки ) , во тавата се става хопла и се ставаат тестенините да се доварат во хоплата ( може да се замени со млеко ) додека не испари течноста ...вкусно :)