1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадења „набрзинка“

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 22 февруари 2010.

  1. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Сендвич или нешто намачкано на кришка леб. :)
     
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    најчесто пица или ладни сендвичи,тост,некогаш само овошје,житарици со млеко.
     
  3. butterflyyy

    butterflyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    59
    Тостче, нешто намачкано на леб или мусли со јогурт
     
  4. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Нема да наведувам во грамажи, зашто зависно од вкусовите секој различно може да ги припреми.
    Значи потребни се неколку кришки (јас ги употребувам од Жито лукс лебот на коцки) леб на кои се ставите малку маслиново масло.
    Малку кечап, парче шунка, парче кашкавал, ситно исецкани маслинки и оригано.
    Ги редите во намачкано тавче со маслиново масло и ги ставате во претходно загреана рерна на околу 180 степена.
    Се запечуваат околу 10 минути и...ВУАЛА!!!

    Запечена салата

    Состојки:

    карфиол,
    150гр грашок,

    мал цвет брокула,
    2 домати,
    2 шаргарепи,
    1 црвена пиперка,
    2 лажици лимонов сок,
    една шолја кисела павлака,
    пола лажица шеќер во прав,
    сол и зачини.
    Подготовка:
    Сварете го карфиолот, брокулите, грашокот и шаргарепите. Исецкајте го сварениот зеленчук на помали парчиња, па додајте ги доматите и пиперката исецкани на коцки. Измешајте со киселата павлака, сокот од лимон, шеќерот и солта, и на крај посипете со зачини по желба. Кратко потпечете ја смесата во рерна и послужете додека е топло.

    Модерни ражничи

    Потребно:
    3 пиперки,
    100г шампињони,
    10г димен кашкавал,
    млад кромид,
    3 главици црвен кромид,
    пола тиквица,
    сол и бибер.
    Подготовка:
    Пиперките исечете ги по должина и очистете ги семките. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете 10 минути во рерна загреана на 200 степени. Кога ќе се оладат пиперките, извадете им ги лушпите и исечете тенко по должина. Тиквицата и кашкавалот исечете ги на кругови. Со пиперките замотајте го кашкавалот и ставете го на ражничот заедно со остатокот зеленчук и шампињоните. Посолете, зачинете, полијте со маслиново масло и загрејте ги околу 15 минути.

    Летен компир

    Состојки:
    3 компири,
    100г кашкавал,
    100г шунка,
    пола чаша јогурт,
    пола црвена пиперка
    пола жолта пиперка,
    праз,
    3 шаргарепи,
    масло,
    оцет,
    бибер и сол.
    Подготовка:
    Сврените компири испасирајте ги и промешајте ги со јогуртот. Шунката исецкајте ја и додајте ја на компирите. Изрендајте го и кашкавалот во смесата и формирајте мали топчиња. Пипеките и празот ситно исецкајте ги и додајте ги во топчињата. Шаргарепата изрендајте ја и заедно со оцетот, јогуртот, солта, маслото и биберот сипајте ги на чинијата. До овој сос наредете ги подготвените топчиња.
     
    На SarahTayMomsen и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Штотуку си подготвив топли сендвичи со лук.

    Мириса цела куќа, ама ми е гајле.

    Исечете кришки стар леб, и премачкајте ги од обете страни со путер. Чешне лук излупете го и исечете го на половинка. Истријте ги кришките со лукот, но внимателно за да не ви се растроши лебот.

    Во мала шоља измешајте лажица мајонез, лажица кечап, кари, рузмарин и малку павлака.
    Полијте врз секоја кришка по малку, за да се натопи.
    Исечете на тенки кругови кисела краставичка, и наредете врз секоја кришка. Доколку сакате, ставете и маслинки. На крај, листови кашкавал одозгора и печете ги на силен оган, за да фати коричка кашкавалот а лепчето внатре да биде сочно.

    Препорачливо е да се конзумира со јогурт. :rock:
     
    На pamelche, Lilit, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Често си го правам ова за доручек или вечера а многу е вкусно и лесно.
    Секогаш користам црн леб од Жито Лукс - грахам.Мене со црн ми се повкусни лепчињава отколку со бел.
    Лепчињата намрсете ги со малку маргарин,ставете една или две тенки кругови шунка или каква салама имаш дома :D па исецкајте малку маслинки врз секое лепче и накрај по едно парче кашкавал врз секое. И ги печете ги на 250 степени околу 10-15 минути.Зависи,кај некои шпорети рерните се посилни и може и да ги изгорите.Ѕирнете да видите дали е кашкавалот стопен и тогаш извадете ги.Може да ги комбинирате со кечап или мајонез или пак јогурт.Бон апетит!
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    И јас тостови :).
     
  8. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    јајце пржено со хогурт а последно време му се навалив на копирчињава печени
     
  10. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    некое овошје до мене шо е или во случај на криза, ќе го пребарам станот за едно чоколатце ;)
     
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Знам дека не е препорачливо, но јас си јадам парче бел леб. Без ништо 8)
    Ама понекогаш ќе грабнам едно јаболко :rofl:
     
  12. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Тост.Одбегнувам да јадам,ама понекогаш кога мн ми се јаде,а ме мрзи или немам време ке си напраам тост.
     
  13. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Пржени јајца, ладен сендвич, тост, инстант супа, житарици со млеко, од оние замрзнатите пици (само во микровална и готово) и толку
     
  14. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.389
    Тост или некој ладен сендвич :)
     
  15. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    50 денари + вегера + пирошка = НАЈ БРЗОТО ЈАДЕЊЕ :rofl:
     
  16. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163

    Зашто не е препорачливо? :^)
     
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Лепче намачко со мајонез и домати, јајце пржено или салата од варени јајца. Тоа најчесто... :)
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Леб намачакан со крем сир,или пак путер со изрендано сирење,едни диетални грисини со стопен кашкавал и наросени со босилек или некој друг зачин,салата зависи што имам в фрижидер,туна ке си отворам и ке исечкам кромид,ке додадам чили флејкс,киселина и готово :)
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Секое јадење што може да биде направено за 20 минути..........
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Тост,пржени јајца,макарони,супа, Лепче намачкано со нешто маргаринче ил исамо со сиренце,па тоа е во глобала брзи јадења. :D