Компир во микро, го мијам, виткам во салветка и едно копче. За 5 минутки ми е готово, му рендам сиренце и си јадам.
Сеси обично копче што пишува potato. Мојава микро има посебно копче за компир и посебно за пуканки. Другите се за одмрзнување и така натаму. Најискористени ми се овие две да ти кажам искрено.
Ама знаеш како ти е објаснето, како да му ставаш некакво копче на компирот и ме збуни, исто и тоа виткањето во салветка ми е чудно, јас би го завиткала во фолија, ама штом ти успева тогаш супер. Инаку во овие жештини сите јадења што ги правиме се “на брзина“ (патем, модератори корегирајте го насловот), ретко кој ќе се осмели да динста 2 часа месо на 50 степени .
најискрено најбрза храна што ми е убава а и ја имам подготвено за три минути се едни шпагепи една минута се загрева водата , потоа ги ставас по една минута варење им ставаш готов сос а додека да сси ставиш тањир на маса тие се веќе готово
Печам три-четири лепчиња на тостерот со зачин на тостерот и си земам кисело млеко ако имаме или патлиџанче и изедени се за 5 минутки
Замрзнати готови пирошки. Ги оставаш 5-10 минути да се одмрзнат, ставаш масло, пржиш и за 5мин. се готови.
Најлесно за правење, а и вкусно за јадење ми е оризот од кесичка со разни зачини (од кам). супер оброк за 3 минути.
Мојот фаворит летово - брускети. Сечам кришки леб, дебели колку еден прст, одозгора ставам две тркалца домат, парче кашкавал и оригано (понекогаш и малку вегета колку за вкус), подмачкувам плехче со малку маргарин и ставам во рерна на 200 степени околу пет, десет минути а може и петнаесет да речеме, ако сакате покрцкави. Не можам да им се изнајадам, верувајте!
А да го заборавив и омиленото брзо јадење кое порано ми го правеше баба ми - варени компири со сол и зачини одозгора
Со дечкоми последниве денови бидејќи и двајцата сме шворц си правиме лепчиња одозгора со маргарин оригано и малце лук во прав,и се ставаат во релна едно 5-10 минути. Ептен е убаво Вчера правевме со млечен намаз и вегета, исто во релна И да, брускетите на Мишелка морам да ги пофалам
Парче леб најпрво го мачкам со маргарин,па со кечап ,огозгора рендам шунка кашкавам или ставам цели парчиња и оригано ...го ставам во микробранова 5-10 минути и готаво еее... ------------------------------------- тост,ладен сендвич,помфрид.. или накратко кажано секое јадење што е готаво за 20 мин.