Порано како мала сум јадела спањаќ,боранија,кромид,лук.. (барем така од дома ми викаат ) а денес со око да не видам. А моето омилено јадење како мала беше млеко и бисквити. Јас мислам дека со тоа пораснав, толку имам прејадено што сега ми се лоши кога ќе видам дома некој јаде.
Не мразам храна, едноставно не можам да ја јадам и тоа е тоа. А сега ја видов темата и баш се мислев. Па, компир манџа. А баба ми кога ќе ми каже "Ау сине па ти јадеше порано, не е дека не јадеш" Е сега не јадам жено, остави ме. Па не знам, ја прејадов. Бев љубител на манџиџки, уште сум, ама неа едноставно не ја јадам.
Не можам да јадам бисквити. Еднаш, многу одамна, се прејадов бисквити во комбинација со млеко и несквик. Сега кога ги мирисам, ми мирисаат на повраќано и толку ми фали да трчам накај тоалет.
Јадење не мразам, само не го јадам. Е сега назад на темата, јадења кои порано сум ги јадела: 1. Цреши - им дадов отказ заради црвчињата 2. Лубеница - имам прејадено 3. Леќа - ми се згади еднаш кога беше приготвена со многу кромид 4. Телешко, јагнешко, свинско месо и риба - сфатив дека веќе не ми се допаѓаат (особено мирисот) 5. Млеко (освен во кафе) - ноу уеј, препиено плус ми мириса неубаво
1. Паштета, виршли, колбаси - порано ги јадев како помала а сега несакам ни да ги смислам. Ми се грози од состојките што се направени а и + извор на конзервански, адитиви...не ги купувам по дома и не давам никој да ги јаде 2. Грозје - ми омрзна и не го јадам затоа што порано ме тераа да го берам и собирам зрнциња (татко ми одгледува па гроздоберот беше жив хорор за мене ) , единствено овошје што не го сакам 3. Милка чоколадо - прејадена и не ми се допаѓа вкусот воопшто, верен конзуматор сум на производите на Краш, Европа, Нестле. Буквално се ежам од таа чоколада и ја мразам 4. Вариво од зелка, сарма, подварок - бремена многу јадев и сега ако сакаш да ме казниш дај ми само тоа да јадам, дефинитивно ќе
Чоколади, тешко ми е од нив, најмногу што можам да изедам е еден ред преку сила (у пмс), а порано за доручек, ручек и вечера сум јадела. Крем, како мала чиниш само тоа сум јадела, сега ми е гаден (само нутела една кришка би изела ). Палачинките ги сакам само со мармалад. Паштети, салами, виршли, колбаси (исто како славица) одвратни ми се Пилешко месо, не го преферирам, поготово стекот ми е гаден, таков пржен или печен Млеко И ајварот мислам дека го одјадов веќе Подолга ми е листава, ама толку ми текнува сега
Спанаќ дефинитивно. Порано кога во градинка ке сме имале спанаќ јас дома сум се враќала среќна и постојано сум велела " јадев спанаќ, јадев спанаќ " .