Секогаш јадам пред екран. Не можам во тишина. И општо, кога работам низ дома работам со серија уклучена. Доволно ми е само да ја слушам. Исто така и заспивам. Не можам без гласови едноставно. Тоа не ми пречи во количината на храна која ќе ја внесам ниту во видот на храна. И супа и пица можам да јадам сѐ додека серијата тече. Ретко музика да пуштам. Дали е здраво или не е индивидуално. За мене е супер.
Пред компјутер можам само да заборавам дека треба да јадам, а не јадење да земам и да работам истовремено. Јас никогаш не се прејадувам и не ми прави разлика дали оброкот ќе го изедам гледајќи тв програма или не, ми нема поента темава мене лично. Ниту па ми влијае тоа што е на екраните за да ме вознемири додека јадам.
Леле, guilty as charged. Само не пред телевизор, на телефон пример скролам на фемина, читам articles на нет, гледам видеа на јутјуб. Ретко кога јадам без телефон, или ќе го фатам неколку пати најчесто ако не седам цело време. Многу лоша навика, не знам зошто се научив така.. Едино кога јадам надвор со луѓе, или сум на гости, кај другарка, не сакам телефони, ама вака... И филмови гледам на телефон, не на тв, ама тогаш не грицкам ништо ниту јадам.
Јас секогаш јадам во тишина без тв и мобилен. Не можам ни да функционирам дома ако ми е пуштен телевизорот. Ми смета и ме деконцентрира. Единствено може тивка релаксирачка музика во позадина, ама и тоа ретко. А кога гледам филмови цело јадење и грицки ги јадам уште пред да најдам филм за гледање.
Кога гледам натпревари, филм или серија, тогаш земам нешто за грицкање или некое овошје. Понекогаш каснувам нешто додека правам проекти, семинарски... Цели оброци не јадам пред екран.
Најчесто јадам грицки кога гледам фудбал или серија. Исклучок правам ако има фудбал за време на вечера (20-21 часот), тогаш јадам цел оброк. Знам дека е нездраво, ама и онака сум у минус килажа.
Не јадам пред екран. Не оброци, да земам чинија во раце или послужавник и да јадам пред екран, не. Во последно време ниту грицкањето нешто додека гледам филм/серија не ми оди.
Кај мене е комплицирано малку Не можам да гледам на тел до дека јадам зошто ми смета тоа. А во последно време сум научена кога ке седнам да јадам да си пуштам песни на тел и само да слушам и да ручкам
Јас не можам да почнам да јадам додека не најдам нешто за гледање. Секогаш јадам со нешто пуштено. Не е воопшто здраво, кога се јаде треба полека, да се вкуси храната, а обично кога гледаш во нешто имаш дистракција, па се случува да јадеш брзо, да не запазиш колку ставаш во уста и сл. Се обидувам да се одвикнам од ова.
Немам навика да јадам пред екран. Сакам во просторијата да има звук од тв, радио, без оглед што се емитува, но погледот и мислите ми се "исклучени". Оброкот ми создава чувство на концентрација и смиреност.
Пред екран ептен ретко во случај кога ќе легнам ла пуштам нешто на тв да загрицкам чипс или смоки. Инаку не.
Кај мене нешто е нон стоп пуштено, и да не го следам во моментот. Чисто ради галама. Па кога јадам секогаш има нешто во кое да гледам за да не го окупирам мозокот и тогаш со реалноста. Дури, и да нема ништо вклучено, пред да седнам обавезно пуштам. Немам навика за грицкање повеќе, во поголем број случаеви јадам испланирани и определени порции, во останатите знам кога е доста па немам проблем со прејадување. А што се однесува до вкусување на хранта, немам проблем околу тоа, затоа што се' се сведува на "вкусно" или "не вкусно" генерално кај мене. Но кога станува збор за деца, сум ПРОТИВ. Не би дозволила мало дете да јаде пред екран, или уште помалку да премине во навика.
Порано почесто сакав да јадам дур гледам нешто, сега ретко некогаш ако ептен се забинџам некоја серија па сакам да го користам времето дур јадам да ја гледам. И пуканки порано знаев понекогаш да грицкам дур гледам филмче, сеа ептен ретко, само во друштво ако сум.
Ако јадам за доручек каша или овошна салата, обавезно е тоа пред екран (лап топ) и во кревет . Исто и кафето. Обично читам вести, отварам фемина, отварам мејлови. Посебен момент ми е тој наутро, во кој нејќам никој да ме замара . Инаку не јадам пред екран, на маса кај што јадам не редам телефони, лап топ и сл. Телевизија скоро и да не гледам. Ако јадам не можам да пратам пример серија, зошто заборавам да јадам тогаш, или пропуштам сцени. Пуканки ретко со филм, ако го рачунаме за ‘јадење’. Дали е здраво? Имам слушнато дека не е зошто немаш контрола колку јадеш и кога си сит. И тоа...
Ако јадам сама, исклучиво пред екран. Не знам да функционирам без некаде да ми е насочено вниманието, а храната сама по себе не ми е доволна за да ми е зафатен мозокот. Ако не јадам сама, тогаш доволно ми е друштвото и не јадам пред екран. Храна и добра серија ми е ритуал Како на спа што одат нормалните луѓе, мене тоа ми полни батерии
Да јадам пред екран. Се занесувам во тоа што го гледам,и се заборавам со јадењето. Ќе приметам кога ќе се прејадам
Секогаш јадам пред екран. Не сум ни седнала на маса. Во тацна на скут и нетфликс. И мора сите светла да бидат запалени, не знам зошто.