1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадење пред екран

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 11 февруари 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    За темава ме поттикна дискусијата во темата Бебињата и екраните, нешто беше спомнато, но да не се продолжува таму со оф-топици може овде подетално да се разменат мислења.
    Плус, ја ставам во категорија Дете зашто и децата се повеќе опфатени со оваа тематика.

    Ги оставате ли вашите деца да јадат пред телевизор? Колку често? Се обидувате ли ја да укинете таа навика?

    Ќерка ми јадеше некогаш пред телевизор, ама не ми се допаѓаше кога ја гледав само како става во уста без да е свесна некако што јаде и колку. Плус, немаше мерка некако, а сакам и работам на тоа да е свесна што јаде и колку, да си го знае организмот и да знае кога и е доволно. Па сега додека јаде читаме. Она јаде, јас и читам, ама не се унесуваме туку со паузи, ќе станам да земам нешто, па ја прашувам дали и се јаде уште, дали е вкусно, едноставно да е сосема свесна. Секогаш знае кога и е доста и кога е најадена.
    Важно е ова за понатаму да се нема проблем со прекумерна тежина.

    И јас, за жал, го правам ова, јадам уз серија, па јадам повеќе отколку што ми е потребно занесена гледајќи, а и не ја перципирам сосема храната. Многу, многу лоша и глупава навика.

    Како се справувате со ова?
     
    На PaLaVa, SkarletOHara, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Не јаде пред ТВ. Така темпераментна е што после вториот залак е исправена на столчето, што ништо не ја интересира. И да е пуштен ТВ не погледнува, за да јаде со ништо не се лаже. Мака мачам да ја нахранам.
    Ние никогаш не јадеме пред ТВ. Се знае оброк на маса во кујна и хранилката таму ја носам да се учи бебе. Ако попуштам да гледа за да јаде така за се ќе ме игра. Ако јадат гледајќи всушност јадат механички, не знаат што јадат, дали се гладни сеуште. Мозокот им е во ТВ, и добива погрешни информации. Затоа понекогаш се прејадуваат и дебелат.
    Синко е 16 год скоро. Со него немав проблеми за јадење, но сега знае да зјапа во тв додека јаде. Но веќе тинејџер е се брани со онлајн, со другарки. ..
    Ова е мое мислење. Затоа постојат простории во домот секоја за своја намена. Јас би во спална не дозволува тв од тие причини
     
    На Neda997, eli25, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Најпотенцираниот совет од педијатар, во периодот на започнување со немлечна храна беше "храна со текстура, не блендирана, да не се спречува туку да се поттикнува бебето да се храни само", а како најважно од се "хранење без дистракции, особено без екрани", најмногу една сликовница или една едноставна играчка на хранилка.
    Одлични навики стекна, ама потфрливме после 3години, па така сега знае да јаде со цртани. Сепак не го сметам за пораз тоа, затоа што цела година во изолација помината не беше лесна за возрасните а тек за мало дете, па ете некако недостатокот од интеракција што во нормални услови го имаше го надополнивме со време пред тв па и додека се руча.
    Помалото дете се роди кратко пред пандемијата, па навикнато е постојано да е вклучен тв,тоа ништо не смени во фактот дека не јаде, ни само, ни пасирано, ни парчиња... предизвик со кој тек ќе се справуваме
     
    На Presrekna, eli25, ☆P!nselsp!tze☆ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Јас се водев по blw го оставав да ја истражува храната и да јаде сам. Не блендирав, тоа што беше кашето (палента, гриз тој тип) јадеше со метод на 3 лажици. Јадеше секакви текстури, без дистракција. Не можев да си дозволам тв и да бута храна заради начинот на исхрана. Нооо.. корона, дома. Не дека гледа тв, не е љубител многу, но се случува и ужинка јаде гледајки. Гледам бар главниот оброк да е без дистракции.
    Во главно така е за сега, очекувам да смени, но што можам ќе се трудам.
    Не обвинувам некој што така јаде затоа што многу е тешко за мајка да не и јаде детето и секој си бара решение.
     
    На Lady*Bug, ☆P!nselsp!tze☆, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Кој како сака нека си прави.
    И ние возрасните јадмее пред тв.
    Јадам колку ми се јаде, без или со тв.
    За се нешто мудрување. Растеме по некои "правила и ограничувања" ко да е крај на свет. Се знае, се што е умерено е добро.
     
    На LadyD, TheSecret, ma4e1311 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Види, ако не сакаш „мудрување“ не ни читај или дискутирај на вакви теми, терај си како што си мислиш ти и толку.

    Инаку, ова е навика, не е умерено, значи детето јаде со екран и тоа е тоа, не е еднаш јаде, па следниот пат не и така, да е умерено.
     
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    умерено е ако си јаде пред тв. Моето јадеше исклучиво пред Тв и ете ја ништо не ѝ е. Ниту е зависна од тв, ниту веќе и е предуслов за јадење. Се е фаза. Ако е загрижувачки, тогаш е друг проблем.

    мудрување затоа што за се веќе се поставуваат норми и правила на “добро и лошо” и се поставуваат очекувања и нереален притисок на мајките. Знам за првото како се осеќав. Сега си терам по мое.

    И уште еднаш, се што е умерено е во ред.
     
    На LadyD, Amore.Mio, hub и 13 други им се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас вака ќе кажам. Мојата мајка не растеше по строги прописи и правила како треба и нема отстапки. Конкретно едно од правилата беше ова за јадењето. Мора на маса, телевизор исклучен, навален врз чинијата за да не рониш доле и само се јаде без било што друго и најважно не се збори. Луѓе вие не знаете колкав притисок ми беше секој оброк уууу ексик, само во тањирот да гледаш. Зборам од најмало дете, па се до иселување. Дури и кога почнав сама да живеам исто правев еден период, а мм ќе си гледа во телефонот и јаде или гледа телевизија и јаде. Ја ко робот за време на ручекот :D.
    Заради моето искуство свесно имам решено дека такви "тортури" ја нема да им правам на клинциве. Они јадат пред телевизор со послужавници и не ми е гајле ич, :) јадат сами, јадат доволно, знаат кога е доста, не прибираат храна.
    Штом дете ми вика мамо ми се јаде кога ќе јадеме или доста е, не можам повеќе, мислам дека со јадењето проблем немаме без разлика како јадел. ;)
     
    На DoubleK, AlicaInWonderland, ma4e1311 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Кога син ми беше бебе имаше еден период кога единствен начин да го наранам беше да гледа во нешто. Како идеше оброк, го ставав во хранилка и пуштав некој цртани. Се тоа знаев што зборуваат, не екрани, не вакво онакво, ама кога си во ситуација да имаш бебе/дете нејадач единствено битно ти е да биде најаден.

    И ќерка ми беше нејадач и со неа имав такви моменти, да јаде и да гледа во нешто, бидејќи храната едноставно не ја интересираше.

    Сега пораснати јадеме на маса, семејно, без екрани и занимации. Се случува да гледат во телефон кога грицкаат нешто или вечераат сами на маса, ама не многу често.

    Тоа ми било решение, опција, која ми послужила без оглед на што велат како е најдобро.

    Ни јас ни мм не гледаме додека јадеме, ептeн ретко можеби да гледам во телефон, ама генерално немаме таква навика. Факт е дека не стигнува информација до мозокот колку си изедел и доаѓа до прејадување што јас лично за себеси зборувам првенствено и затоа пазам и не го правам тоа на редовна основа.
    Што сум постара или повозрасна да се изразам попрецизно сакам повеќе да уживам во храната и вкусовите.
     
    На TheSecret, hub, Chanell* и 6 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Кога нешто е факт е факт, тоа е, без разлика дали нам ни одговара. Сите се користиме со работи кои не ни се во најдобар интерес, или пак кога едноставно не наоѓаме друго решение. Или едноставно не можеме.
    Ама, да се правиме дека е океј и тоа не иде.

    Децата кога се помали полесно е да им се тргнат лошит навики зашто лесно им се скренува вниманието. Ама како растат тоа е потешко, ако остане таквата навика треба многу нерви за прекинување подоцна.
    @irena.1 мене трауми од детството ми се едно залче леб, три лажици манџа.:D И само те гледаат што јадеш и те командаат колку од што да јадеш.
    Не и поставувам некакви правила, едноставно не се уклучува тв, обично за одмарање гледа цртани и тоа е.
    Плус и се создава навика нешто да се грицка додека си пред екран, што исто така не ми е океј. Зашто и јас го правам. :D
     
    На eli25, tina2018, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Јас имам дете нејадач и последниве недела две јаде додека штрака мобилен. Не само да гледа, туку да скрола и да бира цртани сака.
    Дали знае што јаде? Охооо и те како, не отвара уста ако не му е погодено јадењето.
    Дали јаде без мерка? Камо среќа. Затвора уста по кришка две и ни залче плус не сака.
    Додека беше помал, пикав со лажење, со играчки, ама сега плука и одбива вкусови.

    Не е ни здраво, ни нормално, ни ми е сеедно, ама кога секој залак е борба, на една нога ке клецкам за да јаде.
    Пробани се сите техники, не пројадува.

    Не сум му дала екран за да јас пијам кафе, така да не чувствувам грижа на совест.
     
    На TheSecret, Chanell*, АнеАце и 7 други им се допаѓа ова.
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ние родителите знаеме да претераме со вака треба, така треба. Работава од што сакаш најдобро за детето се забораваш. Еве случка од попладнево. Јас ручав, па седна и големиот со мене на маса. И сега бидејќи напред му фалат три заби не може да гризе и се мачи. И јас скрши го вака, скрши го така, не го гмечи толку, не ги пикај прстите толку во лебот. И едно време вика мамо ај не ме гледај веќе, гледај си во твојата чинија, ќе си гризам. Мислам у право беше детето, да јадеш ко на камера.
    Мене стално ми текнува за некој случки ја кога сум била дете, а мајка ми скоро сите ги негира дека не било тоа така. Уствари друга перцепција имала она. :)
     
    На lackygirl, eli25, emkaemka и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    И мојата не пројадува со ништо. Затоа И не нудам тел. Сега И правам креации со храната не дека нешто повеќе јаде ама барем низ приказна во чинијата учи нешто и се интересира. И повеќе сама јаде. И вака јајце каснува.
    А тоа дека сега не знаат што јадат додека се мали. Како што рече и @RainBow лесно се одвикнуваат од навики. Но кога ќе пораснат тешко е. Имав моменти со синко ( период од 6 месеци после прележана мононуклеоза кога требаше да прима здрава, витаминска храна и количински доста, па допуштав се за да јаде) кога ќе му давав со лажица тој да зјапа во екран и после јадење да праша јас јадов? Кога ќе речев да следеше прашање а што јадев? Тогаш беше 5 год и тој период се поправи доста( улога играаиграа и лекови, мирување, храна). После тоа многу тешко го одвикнав од таа навика.
    @irena.1 сите сме ги имале тие трауми порано од нашите родители, не троши на земја, не се грбави над чинијата. Денес мајка ми не можам да ја препознам колку му допушта на внуците.
    Јас сум за јадење на маса но не во такви стеги како порано. На бебе и дозволувам сама да јаде, чепка по храната. После секој оброк правосмукалката стапува на сцена.
     
    На eli25, NewMama, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    @Presrekna синко јаде кога штрака мобилен. Од 1 година до 18 м нема качено ни кг, има 12 константно, само во висина оди. 4 цм за 6 месеци.
    Јаде и без телефон, ако го начекам уз игра, ама не јаде ако не работи нешто друго.
     
    На eli25, Presrekna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Мојава беше бебе јадач, значи ќе јаде оброк со месо и сите салтанати и седнувам да јадам таа и од моето сака да јаде.:D Нормално дека цртани не и давав за да јаде затоа што беше фасцинирана од самото јадење така да и јас мудрував како не е убаво пред екран да се јаде, та механички било и така ама не знаев што значи дете уста да не сака да отвори... Некаде после година ипол малава се претвори во нејадач па пуштав и тв и телефон само за да јаде ама кратко траеше среќата и за месец- два ја научи финтата и не палеше веќе, па сега не пуштам на јадење затоа што исто е.|( Моментално сме на фаза 1 ден јаде, другиот преживува, најчесто трчам по неа у парк за да касне нешто дури игра ( и ова исто велев дека нема да го правам (facepalm)).
    Инаку на мене како дете ми било дозволено да јадам пред тв, ама сега како возрасен не јадам пред тв затоа што сум гурман а и немам навика да гледам тв.
     
    На Chanell*, eli25, emkaemka и 7 други им се допаѓа ова.
  16. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Јас нема да кријам дека се случува да јаде пред телефон. Прв пат ми се случи кога беше изнемоштена од температура и сирупи па бев пресреќна 2 залаци ако касне,па макар и пред телефон. Татко и јаде гледајќи филм, тоа му е задолжително и малото гледа од нас што правиме. Се тешам дека не сум немајка зошто останатиот дел од денот воопшто не гледа ни цртани ни мобилни телефони бара. И точно, родителството само по себе е тешко, а овие притисоци плус ни се, само јагоди на шлагот. Не осудувам никој, но не сакам ни солење памет. Сите ќе утнеме некаде. Нема генерација која не поминала без оштетување.
     
    На Chanell*, lackygirl, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Од кога седна во хранилка јаде со цртани. И ќе јаде така додека не посака да е поинаку. Од правила за јадење само сакам да седи на маса и да јаде, а не да ми шета наоколу со храна.
    Кога веќе споменавте и јас бев така порасната под режим. Никад не сум размислувала на темава баш ми отворивте спомени. Прво рацете миење, столот повлечен до масата, ракавите завратени да не се мачкам и почнувам да јадам исклучиво во чинијата што ми е ставена пред себе. Ако сакам плус или друго да кажам да ми стават, а така да се пофаќам по масата - не можи!
    Затоа после кога идевме на гости како роботи на масата :rofl:

    Тешка југословенска команда. Иако има предности тоа воспитување сепак сега како мајка сметам дека ептен влагале во партизански филм. Значи стварно не мора да е баш по правила. Ама пак и да не е без правила нели.

    Од овие насоки задржав:
    - раце мора да се миени
    - ракави завратени
    - и да седи на гз додека јаде
    Сакала се шлапала со храна ставала на коса јадела не јадела тоа не и се мешам додека не заврши па да ја средам.

    Инаку чим е факт дека се создава нездрава навика со јадење пред тв се создава. Нема тука збор. Но си велам иста количина и ставам секогаш во чинијата и таа во однос на генерација е половина од нивната. Ако и е вкусно јаде, ако е овошје и свети цртани стави и не јаде. Така да не гледам како би се прејала ако не и се допаѓа храната пред неа. Верувам дека никој чипс не им става и пред тв.
     
    На Chanell*, Sesil, АнеАце и 20 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Сите тројца јадиме пред екран.

    Така се 'справуваме'. :tmi:
     
    На eli25 и PeachGirl им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие јадачите пред екран.:D И како дете јадев пред тв, јадам и сега само кога нема никој дома, ама најмногу за да добијам на време.
     
    На PeachGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  20. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Тргнувајќи од мене, кога јадам пред ТВ или компјутер, помалку се сеќавам колку количински сум изела. Следниот оброк знае да ми е уште пообилен.
    Немам контрола на тоа колку и каков квалитет на храна сум изела.
     
    На Presrekna и Sky-butterfly им се допаѓа ова.