1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадење пред екран

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 11 февруари 2021.

  1. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Буквално само еднаш имам пробано кога беше околу годинка две и се почуствувам толку неубаво како не знам како да го опишам тоа.
    Строго сум против.
    Како робот, а не бебе/дете.
    Подобро е да не јаде, отколку да јаде пред екран, според мене.
    Пред екран нема да стане свесно за храната, нема да знае колку е гладно и слично.
    Со тек на време ќе пројаде.
    Ни јас ни мм немаме јадено пред телевизор, а ни моите дома. Сепак друго е возрасен кога јаде пред тв, тој е веќе свесен за се околу него.
     
    На Presrekna, tina2018, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Е што има врска ако е умерено, добро е се кога е балансирано, па и малку чипс пред тв, секоја мајка знае што е најдобро за своето дете.
     
    На Neda997, Autumn_ и ☆P!nselsp!tze☆ им се допаѓа ова.
  3. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Добро, а децата во дневна ви јадат или имате тв и во кујна?
    Или во кујна на лап топ, таблет, телефон?
    Колку и да се лажеме факт е дека не е добро јадење пред екран. Секоја мајка од свои причини го дозволува тоа, но барем бидете реални дека тоа не е добро.
    И јас може давам секое сабајле само паштета да јаде ама не е во ред ако кажам дека тоа е добро, треба да сме искрени најпрво кон самите себеси, па после кон другите.
    Мене никакви правила не ми поставувале, секој јадел кога му се јадело и тоа што му се јаде, и тоа не е добро ама мн работеле и немале време три пати на ден да не седнат сите заедно на маса и да јадеме по некои правила.
     
    На tina2018 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Кај мене чипсот не спаѓа у балансирана исхрана нема ни да го добие. А вие секако како милувате така.
     
    На kukla21, tina2018, RainBow и 4 други им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.755
    Имам бебе јадач и поголемо нејадач.
    Ќе пишувам за поголемава.
    Се роди 2.700гр.
    Од бебе беше проблематична.
    Цицаше најмногу минута до две.
    По 15 мин.пола саат вриштеше пак за цицање,така по цел ден и ноќ по малку почесто.
    Понудив и ад за да го испие цело мислеќи несака да цица,и да и држи бар 2 часа,несакаше да го види.
    5ти месец време за дохрана.
    Научна фантастика.
    Понудив се за што сум слушнала за да ја занимавам да јади.
    Во хранилка,во дубак,во релакатор,никаде не ја собра.
    Со играчки,глумење кловн пред неа,со различни книги сликовници,вадење се што имам и немам од кујна за да тропка игра.
    Носење надвор со ете го пилето,врапчето,како не.
    Тахикардии имав и имам де денес кога е вррме за оброк.
    Значи крајна опција тв.
    За кратко и тоа не палеше па дадов мобилен.
    Само така јадеше.И ден денес без мобилен не јади.
    Свесна сум дека не е правилно,ама кога дете едвај напредува,па година дена само кг.ставила,и душата на ѓаволот би му ја продала.
    Ден денес не е јадач,освен кашите овошни од сестрае кога се во прашање:wasntme:
    Со сила ја седнувам и цел саат јади мала порција,5-6 јадења,компир,ориз,јајце,леќа,
    микс зеленчук,и тестенини,понекогаш месо.
    Се да е суво без зачини и додатоци.Е ако сака цел ден нека стои гладна ама паштета,салама нема да понудам.Јади 1 до 2 пати месечно ако јади татко е па да проба од кај него.Да е до мене и толку нема да проба.
    Како бе за нив не и треба ни тв ни мобилен:envy:
    И да,кога е време за јадење не мрднуваш од дома,зошто каснува исклучиво дома и од рацете на мама.Без мене и ден денес не јади.
    Беба е на мене,може цел ден без прекин да јаде,вришти се тепа ако гледа некој да јаде.
    Кој не видел мака нема да верува колку е тешко со дете нејадач.
    Кога и ти се самоказнуваш и нејадеш со денови оти детето залак во уста не става;(
     
    На dunika, Осе, Chanell* и 12 други им се допаѓа ова.
  6. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека не е баш добро.Кога беше помал пуштав тв од причина што немав истражено за штетното влијание и кога увидов сведов на минимум.Општо мразам кога е пред екран поради други причини а не поради наведените погоре. Бебчо мој јадеше со сликовници , значи голем јадач. Последниве два месеци неќи да види јадење ,ако го остам сам ке изеде само лебче или кашкавал со лебчето тоа што ќе му фати око и во никаква количина. Расти а не дава килажа. Кога се помеша и излегувањето на сите четворки алармантна стана ситуацијата. И еве сега не е количински кој знае колку ама пуштам тв или телефон па колку толку ке лапне и сум пресреќна. Како што и погоре беше кажано од @FreeMind ќе потврдам дека се повеќе и од свесни што јадат додека гледаат во екран. Тоа што не му е по ќејф нема да го стави во уста па што сакаш пушти му и плус кога ќе е најаден затвара уста.

    П.с чипс, паштети, салами,сувомеснато ноуп ама не е тоа тема.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Децата мали не можат да се прејадат, бидејќи како родител секогаш им одредував порциите, па колку изедат. Ќерка ми отсекогаш, а мислам и засекогаш ќе биде шпагета. Арно ама нели сакаме да ги збуцкаме додека се мали, а после поголемки кога се ќе држат диети. Ех животе :D
    Прејадувам се јас, бидејќи ниту осеќам вкус ни што јадам ни колку јадам. Што и да стави некој пред мене додека гледам во нешто ќе изедам без да приметам :D

    Екранот ни служеше за ќерка ми посебно, ама и за син ми едно време, да ја задржи пред јадење доволно долго да се рече нешто изедела, а да ја пуштам така без ништо да јаде, па јас душа нема да имам во себе, нон стоп ќе ја мислам. Не може никој , а не па дете да оставам да ништо не јаде и не пие. Затоа не еден, пет екрани ако требаше ќе и ставев за да јаде, бидејќи храната е потребна. Мора да јаде, да биде здрава, тоа што она не мислеше исто и што се и беше поинтересно од јадење не ми беше гајле. Минимален оброк треба да изеде.

    Сега има 5,5 години скоро 6. Повторно она не е по храната нешто посебно, нешто повеќе сака од другото, ама нема некоја страст кон нешто, на нешто се израдува додуша па и јас се израдувам :D Ама не јаде големи количини. Битно јаде освен што е тоа некогаш многу баааааавно. Сеуште има и поинтересни работи од храната. Те малку со рацете да поигра, те стане од столчето, да сврти некој круг околу него, те црта со рацете по воздухот итн. Сега па ако гледа во екранот таа ќе го заборави јадењето скроз, затоа е стриктно без телефони. :D Еех фази...

    Мислам дека сите сме различни и деца и возрасни, не можеме да кажеме стриктно тоа е погрешно, затоа што не е баш се црно-бело. Навики се создаваат, ама и се менуваат зависно од ситуации, околности итн. Гледајќи по себеси така беше.

    Да ги гледам децата мои пример да седат пред екранот и јадат без граница ко да нема утре, нормално ќе реагирам. Овака битно ми е кога сите заедно семејно сме за маса, да нема никакви екрани, другото кога како. Не често, ама има ситуации.
     
    На Alishan30, kukla21, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  8. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    @RainBow нема потреба да си толку иронична. Демек кажуваш свое мислење само, а у тонот на гласот вришти осуда. Океј е ти ја свативме поентата.

    Секоја тема станува за македонската НАЈмајка наспроти оние кои ‘неможат поинаку и се прават дека е океј нешто што не е’ |(|(|(
     
    На AlicaInWonderland, BabyT*, Chanell* и 7 други им се допаѓа ова.
  9. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Колку дена ќе го остаиш без храна?
     
    На ane.bella, Chanell*, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.755
    Јас ја сваќам,и мене бебево да ми беше прво,јадач,ќе ви се чудев:D
     
    На Chanell*, kukla21 и FreeMind им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Два саати.
     
    На kukla21, duffi, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  12. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Не ме расположувај бе па ти. Гледаш ми се расправа:emo:
     
    На TeddyGrey, happygirl, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Јас како почнувам со Антонија, ја ставам во хранилка во кујна јадеме заедно сите, јаде сама три залчиња и вика доста готово. Јас прекинувам со јадење и ја ранам неа каснува уште 5 со приказна вика готово доста па бара вода и за друго не отвара уста освен за чаша вода. Пие вода и вика готово. Па и давам да шкрта нешто или да бои и каснува уште 3 залака и почнува пепа прасе, јас не уште ова залче остана, Антонија: не, пепа, Јас: не може касни го ова, Антонија: не мамо, пепа, Јас: не може пепа, Антонија: Тонија беља ( да гледа видеа од себе) Јас не може, она не отвара уста. И ставам со сила прави фаци за повраќање и плука јадење. Ја оставам така вришти симни доле мамо, не може доле не си ручана, доле Мамоооооо со крокодилски солзи, вриштење на цел глас и мавање по хранилка и на крај со заоѓање. И тогаш пуштам тел видеа од нејзе и и бутам за што побрзо да се најаде, после Пепа или песни со тоа што ја прашувам и и го раскажувам цртанот а она ми одговара. Некогаш вика уште јадење, а некогаш доста мамо, готово (останале 2-3 лажички). Инаку хранењето ни трае горе доле еден час од кој 5-10 минути ги поминува на телефон, другото се драмите кажани погоре.

    ПС Ја оставив и без јадење за да не дадам телефон од 9 утрото до 4 попладне. И не бараше јадење, беше на една мандарина од утрото. :bow:
     
    На Chanell*, Sesil, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.260
    Допаѓања:
    124.755
    Тоа сакав да кажам,сум ја оставила и гладна,ама не цел ден ништо во уста нема да стави,нема да побара да јади и никогаш не бара да спие.
    Исто,додека гледаше цртани а небеше доразвиен говорот,паралелно и го рааскажував додека гледаше и ја прашував дааааа ми одговара.
    Не само да зјапа.Не дека е ова некоја утеха:tmi:
     
    На Chanell*, Alishan30, elimkd и 6 други им се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Јуникорн. Кога некоја нема мака со нејадач бебе/дете, веднаш си дава за право да осудува и да кажува како треба/не треба. Рејн често го прави тоа, на повеќе теми ја имам забележано.

    На темава, синко често додека јаде во хранилката, гледа цртани на ТВ. И не дека не е свесен што и колку јаде. Особено сега, на 2 години кога зборува и кажува се. Повеќе се нервирам да не јаде ништо цел ден отколку да му дадам 15мин цртан да изгледа на ТВ.
    Кај мене од старт имаше едно правило само, а тоа е дека треба да јаде во хранилката, ставена до масата. Не сакав да трчам по него низ станот за да јаде. И сега ептен ретко некогаш ако сакам да му дадам ужинка додека он си игра, престанува и сам бара да го кажам на хранилката оти знае дека таму се јаде.
    Ама тоа дека не е дете што прави проблем со јадењето. Има периоди кога потешко и побавно каде, нормално, ама ќе помине се ова.
     
    На dunika, BabyT*, Sesil и 9 други им се допаѓа ова.
  16. ☆P!nselsp!tze☆

    ☆P!nselsp!tze☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2020
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    814
    Пол:
    Женски
    Можеш да замислиш еден цел свет без екрани?
    Колку време ќе го оставиш без хранса? Додека не измислат тв?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Некогаш јадат со цртани, некогаш без.

    Син ми е од бебе научен да јаде со цртани, само на тој начин успевав да го наранам. Ама често знае да се загледа и да заборави дека јаде. Затоа и гледам да го одвикнам од таа навика.

    Ќерка ми почна задниве 4-5 месеци да гледа цртани. Пред тоа не ни погледнуваше во тв. Ама за јадење, не сум имала проблеми со неа, се труди сама да јаде, некогаш знае да побара уште, некогаш знае после петти залак да рече "готово најадов" :D
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Мојот тон се однесуваше на сите коментари дека немало потреба да се дискутира, и онака секоја знаела најдобро за себе. Ако некој смета дека нема потреба да се дискутира нека не дискутира, другите кои сакаат да споделат мислење ќе го споделат и тоа е тоа. Не беше во однос на кој што прави, веќе реков дека сите правиме работи кои не се според сите препораки, што е нормално, но тоа не е причина за да не се дискутира за што треба, а што не треба да се прави во однос на најдброто за детето. Затоа и постојат истражувања, препораки, а наше е да си продискутираме и размениме мислења за колку што применуваме или не.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka и Autumn_ им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    ти ма, не јадеш чипс, саде на органски праз си?:^)
    ај...мала е уште..
    ќе видиш за 2 год :rofl:
     
    На Sesil, TeddyGrey, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јас јадам се она што не треба да јаде она. Да тече, да прелива да плива во мајонези и остали органски “здрави” храни. Ама се криеме позади шанк. Пред неа јадеме како денес грА со цвекло салата. Зад неа се бува све.

    Тешко и за две дека ќе јаде чипс. Тоа таму кога ќе види од други деца. У основно. Дома тешко да испуштам контрола на фрижидер.

    Ама пак ќе се преслушаме за две до кај сме:D
     
    На dunika, BabyT*, ma4e1311 и 8 други им се допаѓа ова.