1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадење пред екран

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 11 февруари 2021.

  1. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    3.574
    Пол:
    Женски
    Сега имам дете јадач кое пројаде на 8м до тогаш уста не отвараше.
    Јаде со цртани и без, јаде сама.
    Исто јаде количински, никогаш не се пренесува во цртанот и да бута во уста.
    Многу е лесно да коментираме ние што имаме јадачи дома
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Малото не,18 месеци е и кога иде време за ручек бара да седне на маса. Обично вскут бидејќи не користецме хранилка како мал јадеше во дубак сега на маса. Појадокот е обично кај мајка ми (бидејќи големиот е онлајн на настава наутро па ние одиме горе кај мајка ми) и таму на масичката вдневна сам седи и јади ниска е мала е. Ама големиот (да ми извините на изразот) уште што не почна да извршува физиолошки потреби пред екран. Т.е тој е пред компјутер. Поддржував до пред некое време бидејќи ако не јадеше пред компјутер штрајкуваше и не јадеше воопшто. Е ама не може веќе. Од под компјутер секој ден метам по еден најлон ѓубре. Кај бирото е вќош и собира екстра брзо прашина плус и остри моливи и фрлал под биро плус и трошки.... Е веќе не. Доволно е голем за да си го знае границите. Се дозволува некои работи кои се за занимација ама да се каде пред екран е веќе стекнување на лоша навика. Татко му посебно ко ќе викне да се седи на маса е тогаш нема преговарање. И веќе се трудиме да се почитува тоа
     
  3. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    .
    Кога нешто е правило, официјална препорака на здравствени институции, сарказам може до сабајле да се пишува, ако е лошо е лошо, и тоа не значи дека не функционира, штом многу родители го практикуваат сигурно функционира, ама пак, не значи дека е правилно и не е шејминг ако се потенцира. А сигурно си сретнала препораки за screen time кај бебиња и тодлери.
    Многу лично и драматично, во форма на напрад се сфати став на темава, па прочитај подолу и воочи за кои крајности се збори:

    Значи, првата немлечна храна ја добива пред екран и одлично јаде се до 16 месеци, кога сфаќа дека додека гледа цртани вие и му "бутате" храна, ама сега е посвесно и повеќе резонира, и ви вика "остајте ме на раат да си гледам цртани", а храната тек ќе ја запознава затоа што несвесно јадело се до тогаш.

    Ако ова не ви е проблематично, слободно останете си на ставот дека не штети, и дека ако не јаде со цртани ќе се вратиме во камено доба.

    Многу е различно дете на 4-5 години кога веќе има изградено навики, а има и свесен интерес за она што го гледа, да јаде со екран, по мене најдобро како еден вид награда еднаш или двапати во неделата, за цело семејство.
    А различно е од: бебе на 4-5 месеци кое не знае што е храна, а гледа во екран во изразити форми во јаки бои кои брзо се движат и има заразна мелодија, баш надвор од реалноста се испратени и додека завршат песните желудникот е полн, а никаква свесност за процесот.
     
    На MacenceEna, dunika, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.988
    Пол:
    Женски
    Општата препорака вели пола час во денот е ограничено време, додека пак, се повеќе од тоа е многу.
    Од х причини кои не сакам јавно да ги споделувам, посетив двајца невропедијатри овие 2 месеца, и двајцата беа согласни дека невропедијатар никогаш нема да препорача цртани на дете во развој до 3 години ни под точка разно. Кога прашав за едукативните, повторно добив укор, оти дете во активен развој на на толку многу примарни полиња нема никаква потреба од едукација од екран. Она што му е потребно е слободна игра на истражување во домот и надвор од него и постојана интеракција со други луѓе, кои преку екран никако не се добиваат.

    Јас имам нејадач и во кујна немам тв. Посебна соба е. Мобилен не носам со себе, не ни знае дека може цртани на мобилен да гледа.

    За екраните и нездравите закуски, го делам мислењето дека додека јас не и покажам нема да знае за да бара. Е сега, дали е факт дека не се може без екран не знам, ама да, има ситуации кога пуштам тв. На пример, кога морам да пружам алишта на тераса или кога се буди ноќе наспана спремна да си игра, а мене душава ми спие и ниеден мускул од телово не ми мрда. Е сега можам да речам не знаете како е со неспијач 18 месеци. Ама факт е дека само моја грешка е. Ја негде сум потфрлила што во тие моменти не се снаоѓам најдобро за да ја занимавам поинаку.
     
    На dunika, crazylady, drugarka и 8 други им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Јас сум пробала се, ама баш се, за на крај да стигнам со јадење со телевизор.
    За да јаде, спремна бев и во шише да влезам.
    И кловни сме изигравале по дома на сите можни начини.
    Не ми е ни намера да се правдам. Ама не се чувствувам ни како да потфрлив, ни како немајка.
    Ми пречат осуди од најмајки, ама затоа одамна не пишувам по темите за деца.
     
    На LadyD, dunika, crazylady и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.988
    Пол:
    Женски
    Дафи, секој си ги бира начините. Не се сметам ни за најмајка, ни за немајка. А на форумов ме праеле и тоа и тоа, па веќе не се потресувам, па ако сум најмајката со осудите нека ти биде.

    Ти даваш за јадење, јас давам за спиење. Само што ја сепак мислам дека не е правилно, а тоа истовремено не ме прави ни помалку мајка, оти совршена мајка секако нема.
     
    На crazylady, drugarka, WomanInLove и 3 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Јас пак ќе кажам, пробав СЕ , пред да дојдам до телевизор. И ништо не ми успеа.
    Да го оставам гладно со денови, не сакам, ни планирам. Башка што сега има моменти кога ништо не ми успева, па среќна сум ако проба од некој оброк , на било кој начин.
    Зборуваме за пола час- час во денот. Умерено гледање. А тука што ли не прочитав, од хипнотизирано, прејадено, до не знам што.
     
    На crazylady, mssuniquee, BabyT* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Баш ми фалеше на форумов. Те немаше долго време.
    Исти став имаме за јадењето пред екран. А за 18 месеци неспиење дојди да те гушнам, со синко 4год така поминав. И јас му пуштав ТВ во 3 наутро кога беше спремен за игра, а јас гроги. Среќа ова дете спие. Се буди за цицање но веднаш заспива. Еднаш до сега се разбудила да седи 3 часа и тоа мирна беше.

    А тоа што моево дете не го интересира тв( Тел не давам ни под разно) дали е нормално. Не јаде ни со ни без него и затоа не и давам. До скоро песнички И пуштав, ги бараше и ќе се загледаше кратко. 10 мин цел ден. Сега око не врти. Цел ден е активна, трча, растура, сака да ја терам да прави нешто( ја носи кантата за ѓубре од кај брат и, носи чешел и фен после капење.. .), а екранот не ја предизвикува. Колку е ова во ред се прашувам, бидејќи синко ако го оставев цел ден би гледал ТВ.
     
    На Autumn_, ☆P!nselsp!tze☆, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.988
    Пол:
    Женски
    Ти кажав дека секој си ги бира начините вклучително и јас.
    Еве и јас ќе ти кажам, од пред Нова Година навака добив прв пат јаки мигрени кога ниедно време ќе се разбуди и ќе вресне моментално ме стега главата. Ми доаѓало од ѕид да ја мавам, а таа ќе се смири и сака да си игра. Да ја оставам сама не можам, оти секаде се пентари, маж ми ја занимава некое време и тој паѓа и тогаш се пуштаат цртани. Не знам што можам поинаку да направам, ама како да ти кажам, пак не сметам дека е правилно.
    Не мислам дека правам некое големо зло исто така, ама да, имам грижа на совест поради тоа.
    И не ниеднаш не те осудив ниту те напраив немајка.

    @Presrekna :hug:
     
    На Autumn_, ☆P!nselsp!tze☆, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    мене ми кажува мајка ми дека ко бебе ќе ме седнела в кош ја вришти таа за уста ме држела па макар и неколку лажички да успее да бутне в уста секако не ја осудувам сега јас сум мајка исто на нејадач и изигравам и кловн давам и играчки пред него па све ќе испофрла, некогаш и телефон некогаш тв, зависно од моментот нешто ќе упали.
    Знам малечки што кога јадеш млацкаат и в уста те гледаат ќе поддават рачиња, моево тотално незаинтересирано, можеш пред него и чоколадна фонтана да ставиш нема да ја погледне
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Мајките што имаат деца "нејадачи", што подразбирате како нејадач? Не напредуваат, слабеат, слабокрвни се? Верувам дека е субјективна перцепцијата за детето, па сакам да се преиспитам со моиве.
    За да не одам офф... што се случувало во периодот пред да најдете некакво решение со јадењето пред екран?
     
    На MacenceEna, koritsaki, ☆P!nselsp!tze☆ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.599
    Допаѓања:
    18.155
    Пол:
    Женски
    Напредува само во висина. Од година до 18 м е со иста килажа а извишен е 4 цм. Слабокрвен беше, месец и пол само цицка, заби му излегуваа.
    Пред екран јадеше со анимација т.е. изигрување мајмун, со нудење на рандом предмети како запалки, штипки за алишта, пенкала, итн. Оваа финта беше добра додека беше помал, сега веќе разбира и не бива така.
     
    На mal.ecka и Autumn_ им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Јас како и многупати до сега на тема технологија и деца ќе кажам дека тек доаѓа времето на научни студии кои се поврзани со реалното живеење.

    Студиите врз база на кои се темелеа тие препораки се оние од 1970 година кои први ја детектираа штетноста од тв екраните врз развојот на децата. Понатамошните истражувања се врз база на понудата на тв која следела. Препораките биле нула минути до две години. Но што се случува во меѓувреме? Почнуваат да се појавуваат на пазарот видеа (видео касета) кои тврдат дека имаат влијаат позитивно врз развојот на малите. Маркетиншки трик се разбира, но благодарение на тоа се отвора дилемата околу параметрите на истражувањата. Одат дотаму што оние дизни финти ќе извршат исплата на заблуда, ама дизни ќе докажат дека во истражувањето е вклучена програма од типот филм за возрасни, пукање, секс и остали ствари за возрасна публика.
    Така американската асоцијација која најмногу вложува на оваа тема ќе направи повлекување на своите ставови и од 0-24 месеци ќе ја подели групата на 0-18 месеци
    https://www.aacap.org/AACAP/Familie...s/FFF-Guide/Children-And-Watching-TV-054.aspx

    Последните истражувања се од 2020 година кои не само што го ставаат видео четот од нула месеци туку и докажуваат дека не може ни да штети такво нешто. И не само еден саат. Одат до таму што процентите на деца кои гледале едукативни цртани и оние кои не гледале се разликуваат во промили и дека воопшто не можат ни да ја докажат поврзаноста со едукативните содржини како причина за “заостанување”.

    И така натаму ќе стасаме до реалноста со ковид каде ни се отвори вратата на онлајн живеење, работа, социјална интеракција која тек и ќе биде истражувана. Овие деца кои денес јадат со кокомелон пред себе ќе имаат најголем процент само технологија и виртуелен свет. Сакале ние или не сакале натаму се движиме како планета.

    Фер е да се каже дека моменталните препораки се сеуште активни кои не препорачуваат тв до 18 месеци и се е тоа така. Тоа треба да се каже дека моменталните знаења говорат дека штети во развојот.

    Јас лично за моето дете сум одговорна за развојот. Јас лично верувам дека доколку детето поминува два саати на ден во природа, посетува едукативна установа до 16/17ч, има константна комуникација и развој, дека саатите пред едукативни цртани и песни носат само позитивен развој. И не ги користам за да земам јас пауза туку ги користам како што и размислувам да ги слуша, учи и копира. Засега одлично и оди. Дали јадела или не јадела успат небитно.
     
    На LadyD, dunika, Sofi.ja и 14 други им се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    И пуштам цртан ако не ми го бендиса јадењето, сигурно нема пак да готвам:D
     
    На S.J.Parker, RainBow, Shelea и 8 други им се допаѓа ова.
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Ајде, ајде не биди така строга со себе.
    И ние мајките сме живи суштества. Не сме аниматори 24/7 па да треба во секој миг да сме спремни на театарско шоу за маливе да растат според секоја препорака и строго според научни студии
     
    На Sofi.ja, S.J.Parker, Autumn_ и 8 други им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.684
    Пол:
    Женски
    Малово за да седи мирно во столче (и не само кога е во столче) , мора да и пуштам песнички. И така ќе се најаде и јас ќе завршам некоја работа. Инаку ќе поседи 10 минути и ќе почне да се треска во него , или ќе земе ќе си игра со храната. Вака јас и пејам , таа слуша и мирна глава. Ако не се песничките , не можам ни во вц да отидам како што сум сама поголемиот дел од денот. Ми е смешна ќе го види далинското сама ми го носи , на на! :D Големата ќерка исто така порасна , ма да каде каде беше по мирна од ова второто , некаде од 2 годишна возраст ја обожаваше Дора , и многу работи научи од цртаните , таа возраст повторуваат што гледаат и само кажуваше нешто што рекла Дора , Чизма , мапата :D
     
    На Autumn_, BabyT*, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.988
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право. Скроз. Точно, некогаш ми е криво, почесто ок сум со тоа. Впрочем, убаво би било да можеше се по книга, ама ете, и вака да сме здрави и живи.
    Само што, нема да кажам дека е правилно нештото, само затоа што јас го правам. Не чекам ни на истражувања од иднината со надеж да ми го оправдаат она што го правам денеска. Што може и нема да го оправдаат. Последните препораки од ААП и СЗО од 2020та се такви, не можам да ги следам во целост и во ред е. :) Сметам дека од малку самокритичност нема штета.


    Патем, следам еден педијатар од ААП има пишувано убави работи околу оваа тематика, кој е заинтересиран нек ми пише пп, да му пратам да чита.
     
    На Autumn_ и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Мојава јаде во од, јаде во хранилка, јаде од маса стоечки... Јаде и гледајќи тв, едно време мислев ќе забранам, како не. Сега додека пола ден ја чува жена, појадокот им е уз Биби и Боби, па шетаат, ужинка надвор, дома после сликовници, игрички или боење. Јас се враќам од работа и ручаме заедно сите (телевизор не вклучуваме). Јаде сама од 13 месеци, сама покажа интерес, другото е само вежба. Кога е кај моите, не можам да контролирам како и дали пред телевизор јаде (а гарант за да ја смират ѝ пуштаат), ама не наоѓам проблем во релацијата екран - храна. Мојава од малечка јадеше без тв, коронава за жал промени некои навики (не тргна во градинка, карантините ги проаѓавме со музика, Бушава Азбука и цртани филмови), но засега немам забележано некаква драматична промена во нејзиниот развој. Разговорлива е, сама бара што сака да јаде, сака да гледа цртани и да глода копан, така да можеби и имам среќа што детето има интерес за храна.
     
    На Sexybaby86, S.J.Parker, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Јас јадам пред тв и малата исто. Кога почнуваше со јадење пробував секакви трикови да јаде, дури и со сила сум ја хранела. Кога веќе не гледа тв ич по цел ден, три пати по 15мин за јадење воопшто не ме загрижува. Сега веќе си знае дека цртани се гледаат за јадење и сама си кажува "прво шетаме, па ручаме, па цртани". По ново место тв бара телефон, имам апликација со маче што го храни у бања, или апликација со слагалици. Со оглед дека никогаш не изела повеќе од 200 грама во еден оброк, и потекнува од фамилија нејадачи (јас и маж ми и ден денес сме проблематични на тема јадење) подобро тоа со цртани да го изеде и да не морам со сила да ја хранам.
     
    На kukla21, koritsaki, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    И моите ќерки јадат пред екран, поточно со мобилен... Не затоа што им треба занимавка за да јадат, напротив јадат супер, туку едноставно сакат да им е интересно дури јадат. Можеби глупава причина, но за мене е само момент од 10-15 минути додека јадат, па чудо големо оти мобилен имале пред себе. Во нашиот случај, за моите деца можам да кажам дека тие 15 минути немаат баш некое негативно влијание врз нивниот ментален развој.
    Не јадат механички, како роботи, или да не се свесни што и колку ставаат во уста... напротив си јадаат со сласт. Може да побарат да им додадам нешто во чинијата, да искоментират дека нешто им е вкусно или невкусно, или да прашат дали ќе има и за вечер од ова ( малата ова, нејзе се и е слаткичко) . Значи тука се со разумот, не се во видеото заглавени.

    Кај бабите, во градинка, на училиште јадат без мобилен... и тоа е знак дека оброците нормално се изедени и без мобилен пред нив.

    Повеќе би ме загрижило ако преку цел ден дремат на мобилен отколку ако го изедат оброкот гледајки за нив интересно видео.
    Малата јади со мобилен, го коментираме клипот кој го гледа, станува од маса и до овде е со мобилниот. Не и текнува да побара повеќе телефон.
    Големата си сака да си погледа подолго време, особено сега со коронава затоа што помалку се дружиме, а домашните занимавки се веќе здосадени па знае да се загледа и на подолго. Сепак не би ја вбројала во деца зависници од мобилен, тек па сега штом се стопли како и минатата година така и сега ќе трча надвор со другарите.

    Не велам дека е правилно, ниту советувам така да правите и вие, просто не се многу потресувам оти јаделе пред екран.
     
    На LadyD, mal.ecka, Shelea и 2 други им се допаѓа ова.