1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадење пред екран

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 11 февруари 2021.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ма мојата не јаде никако, ни пред екран ни со играње ни со ништо. Ако се реши да јаде ќе јаде без било каков услов.
    Иначе како мала јадеше у кујна у хранилка ни тв ни музика ни играчка, седнувавме јадеше и готово.
    Сега ќе била како балон ако јадела. Карактер дете.
    Ама искрено не ја форсирам, бутам меѓу оброци овошје,милкшејк(демек) смути(ова се е едно исто ама им дадовме различни и имиња хаха).
     
    На crazylady, lackygirl, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Ах мразам вака да го хранам, ама во последно време ако не гледа нешто одбива да јади, сега почна да ми одбива да седи во хранилката и ако нема цртани не отвара уста, шубо ми беше како помал не правеше ич проблем..
     
    На MilaSs12 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.784
    Пол:
    Женски
    Проблемите со јадење кај некои нејадачи се јавуаат откако ќе станат свесни за светот (мојот почна да намалува храна од кај година дена, за на две да јаде само со цртани и само одредени работи). И на 5 години се решивме од цртани ама зашто јас така решив. Сега читаме книги, устста пена ми фаќа зашто јаде по 45 минути и пак пребира. Јаде повеќе работи, јаде здрави работи, ама има периоди кога де не јаде месо, па де не јаде овошје, па зеленчук некој не јаде и така. Ќе го раниш така како што дете сака се додека успеваш да буташ здрави намирници.
     
    На mal.ecka и crazylady им се допаѓа ова.
  4. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    1.166
    ние сме слабички а сме 9 и пол месеци.. Ништо не се фаќа за него.. Со јадењето сомолење, лажење па и плачење јдиме.. Овошните колку толки ги сака ама зеленчукот е страшноо.. Има слаба крв.. Јас со сила че му го пикнам ама знам оти количински малку е.. Шо да му правам нз.. Н вакцина ко бевме прво шо ми рекоја јаде ли тоа бебе.. Сајав д речам не гладно гочувам цел ден ништо недавам...

    Иначе сак мн смоки ги јади, си цица, пија сокче и вода...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    За слабокрвност телешко месо. Кајсии со просо. Има тема за анемија.
    Можеби треба и суплемент.
    И сок исфрли целосно. Може од цвекло само ако ти е воведено.
     
    На cresa-jagoda и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    На 9 месеци бебе уште се учи да јаде, до 12 месеци е нормално и да нема оброк целосен, до тогаш се учат.
    Со залажување ништо нема да постигнеш, смени ја тактиката, колку сака толку, другото треба да е млеко. Вода ок, ама сок намали, од сок килажа нема да накачи, освен да е богат со железо па за тоа да ви помогне.
    Ме интересираше што се смета за нејадач дете баш заради ова, имам претстава дека многу мали очекувате да јадат по шема.
    Каши со железо богати, ама појачај и млеко ако го сака
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Бебе кое јаде си има оброк и на 9 м. На другарка буцето си има 2 оброци и цицање. И тоа каши со месо си јаде без мака, значи такво си е детето.
    Ако не сака да јаде, нема магично да премине од нула оброци на 3 до година.
     
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Тоа кажувам, на година нема да има три, туку еден, и тоа е нормално, не може да се очекува дека сите деца на годинка ќе имаат три оброци и две ужинки, па тие што немаат одма се нејадачи и мајките осеќаат притисок па со залажување пробуваат да им бутнат храна, тука цртаните стално се користат, иако првично нема проблем, туку често лоша тактика на нудење храна.
    Ако не сака каша со телешко, се пробува шпагети со мелено телешко да јаде со раче на пример, или ќофте со печен компир, текстурата е таа што најчесто ја одбиваат а не вкусот, зашто до вкусот покасно стигаат
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Како да не чувствуваш притисок кога детето реално е гладно? На 1 година веќе одат или проодуваат значи трошат многу и не е нормално да е гладно.
    На година треба и мора да има 3 оброци, ужинки не.
    Цртан и сито дете е подобар избор од гладно дете кое не гледало цртани.
    Тоа е маѓепсан круг. Како мајка на нејадач, и дете кое јаде со цртани, секогаш ке изберам да е сито, не е битно како ке стигнам до тоа.
     
    На LadyD, crazylady, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Еве сега несака ни со цртан да јаде.
    Се радував додека јадеше бар со цртани.
    Не гледам вика и не јадам:devil:
     
    На crazylady, Cherry333 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.784
    Пол:
    Женски
    Зголеми млеко (мајчино или АД зашто тие имаа железо плус во нив). Ако е слабокрво може и заради тоа да не јаде. Види со педијатар дали ти требаат капки за железо покачување.
    И давај храна која е богата со железо (месо телешко, жолчка, просо, кајсии, спанаќ). Со месото не мораш ама со зеленчук обавезно и храна која богата со витамин Ц зашто од растително потекло храната има неискористливо железо ако не е во комбинација со вит Ц дадено.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Да не чувствуваш притисок зашто до година главна храна му е млеко! Наместо со силење да нудиш цврста храна, смирено ќе ја нудиш а ќе појачаш млеко и нема да е гладно - вечниот страв на мајките.
    Само кај нас ли се очекува да станат возрасни луѓе, бебињата на годинка?
    Нудење, нудење нудење цврста храна, во секакви облици, а не само во блендер, и ако не прифаќа до годинка пак нема проблем, зашто да повторам, до годинка млеко им е главна храна.
    @mal.ecka си ги согледала ефектите од хранење со занимација, баш ми е жал, особено што педијатар не ве предупредува на тоа.
    Сега од почеток, без занимација, и да ја учи храната, текстура, мирис, вкус и без стрес, на малите им треба време да осознаат и прифатат, ново е за нив тоа, и возрасен човек што никогаш не јадел морски плодови му треба време да осознае и одлучи дали му се допаѓа, никој на око не рекол ааа мене ова ќе ми е омилена храна
     
    На cresa-jagoda и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Очигледно немаш допирна точка со дете нејадач зошто не би била вака ладна да ти е детето гладно.
    Син ми беше на цицка месец и пол, само и само млеко, во период кога беше 1 година. Вадеше заби и ми немаше помош.
    Ама, ама, ослабна и стана анемичен. Па со малтофер ја оправивме работата.

    До 6 месеци главна храна е млекото, потоа, млекото се заменува со цврста храна.
    Не може да дете од 10 12 кг се засити со млеко. Т.е. сито ке е ама не е доволно. Плус дете кое проодува троши многу повеќе од тоа млеко што го збориш.

    Дете кое не јаде пред година, ни потоа нема магично да пројаде, ти гарантирам.
    Тек сега на 20 месеци јаде наша храна, ама со молење. 10 телефони да му наредам, нема да јаде ако вкусот не му се допаѓа, и нема ни залак плус да стави во уста ако не е гладен.

    На година треба да знае да џвака, а не да му е млеко главна храна.
     
    На crazylady, JoyJoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Прво, јас не етикетирам дете со "нејадач" тотално е надвор од секој мој принцип на родителство, ама имам искуство со дете кое на 14 месеци немало класичен оброк во грамажа. Наместо да паничам и да ставам телефони таблети или со пеење да пробувам да го хранам, јас му оставав храна да ја прифати само, со рака, со лажица, печено, варено, сирово, блендирано... и следев која храна како ја сака, за сега да си има мени на оброци кои ги јаде, кои се далеку од стандардите за деца "јадачи". И тоа не го правев од година туку од 6 месеци.
    Во процесот на учење, кога мислев дека е гладно додавав млеко, особено до годинка.
    Не знам како ме разбра дека до годинка ако не јадело, сметам дека од годинка ќе јаде, не, туку нема потреба за паника ако нема оброк на 8, 10, 12 месеци, треба паника ако јаде со сила, со занимавање, со телефон, зашто тоа го надминуваат и после проблемите се поголеми и не создаваат здрави навики за храна.
    Еве пример што правев јас, не сака палента, давам пченкарни тестенини, не сака блендирано месо, давам на жилички цепкано, некои манџи ги сака блендирани, од супа само бистриот дел, го следам детето, и најважно, не мерам во грамови, колку сака толку, па не се замарам со тоа дека седи гладно, туку верувам дека си ги следи инстинктите за тоа колку му е доста.
    Педијатарот повеќе ме предупредуваше да не правам нешто со кое би се прејадувало детето, никогаш не ми кажува колку минимум да јаде на оброк, ама секогаш колку максимум грамови да јаде.
     
    На cresa-jagoda и haruki им се допаѓа ова.
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Малата е сега 3 год.и 3 месеци.
    Нема жива сила што ќе ја натера да јаде кога ќе рече не.
    На доење беше,ама се на сила.
    Несакаше да цица,односно цицаше минута-две и толку.Жива гладна а не отвара уста.
    Ад не сакаше да виде.
    На воздух не се живее.
    Беба сега на доење е ,и да не изеде оброк,а многу се трудам да изеде,цица па така знам дека има нешто во желудник.
     
    На Autumn_, crazylady и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Епа како би го етикетирала моето дете? Еве опис. Јаде и не јаде на периоди кога вади заби. Кога почна со вкусови отвараше уста и беше заинтересирам, се радував ке јаде. За две недели почнаа заби и оттогаш наваму има периоди кога сака и не сака.
    Еден период кога јадеше беше срце. Јадеше три оброци и цицаше, здрава боја си имаше и не беше нервозен. Кога вади заби е нервозен и гладен.
    Цица и барем знам дека има нешто во стомакот. Ама тоа нешто е млеко, и колку и да не е празно желудничето, далеку е од задоволени потреби.
    Како што напоменав, на 1 година не сакаше уста да отвори и беше на цицка само. Од тоа произлезе анемија, а од самата анемија и апетитот е нула, ослабна, блед беше. Му нудев се се се, во сите облици и форми, ни чоколадо не сакаше. Парче две и толку. Смоки лино јадеше, кифла кога тогаш.

    И те како има потреба за паника, кога гледаш дека детето не јаде ништо а треба да јаде се, месо, овошје, зеленчук. Проблем е што паниката е џабе затоа што децата нејадачи магично не пројадуваат, ама не сум мирна кога не јаде.

    Јас не велам дека оброкот мора да е 200 гр и да биде не знам каков, ама има деца кои ништо не сакаат да јадат.

    Јадење пред екран никогаш нема да ми биде поголем проблем од анемија. А синко беше анемичен, значи нејадењето не е моја паника и притисок кој го чувствувам, туку реален проблем. Во период кога детето забрзано расте и се развива, храната е многу битна, на прво место е.

    Синко сеуште не се прејал. Никогаш не сум му скратила оброк и да кажам доста е, ке му се слоши од јадење. Не не, се борам за секое залче, дете нејадач не што нема да се прејаде, некогаш не се ни најадува, туку се заситува.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Уште е со анемија, и мени од смоки и кифла? Тоа не го разбрав, или веќе сте го надминале.
    Слични периоди сум имала со едното, само не сум сигурна дали беа заби или скокови во развој, ама во секој случај мојот пристап е тој, ако сака да цица, цица, а тоа малку што очекувам дека ќе касне, ако сака само кифла/тесто, печам мафини со боровница, правам смути со мраз, без млеко, и боровница, плус некој лист од спанаќ, вкусно е и ќе голтне колку толку, ама не сум нервозна и да терам со сила истото што не го сака. Значи нудам храна, без притисок, без лажење, туку свесно да изеде, па ако од се што сум понудила засака едно, полн погодок, нудам тоа почесто.
    Манџа со телешко еднаш дали има изедено, ама макарони од црвена леќа со мелено телешко и доматен сос никогаш не ми одбива, а добро е за железо, јајце со банана, со авокадо, пржено на путер, една варијатна обично ќе ја прифати па таа ја давам, ама ако не сака со банана, не сака, и не пробувам да го намолам со телефонот да го изеде, скока цел оброк и одиме на ужинка или доење
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Го надминавме проблемот со малтофер и почна да јаде.
    Нудев и јас се и сешто, ама додека сам не реши дека ке јаде, залудни беа сите мои обиди.
    Нудев нудев нудев и во еден момент почна да јаде. Не е сјајно ама јаде наша храна со месо.
    Цица веќе 20 месеци, никогаш не бил со празен стомак, млеко никогаш не одбил, друга храна да.
    Еден период палента му беше појадок. Ручек месо со зеленчук и домат, тоа јадеше без гриманси.

    Јас не можам да не се нервирам и да велам дека е сит со 5 лажички храна.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Што е со смоки и сокчиња? Никаква потреба нема од тоа кај бебе, го полни беспотрено желудничето само. Плус и си цица. Кај доени бебиња и нормално е да има пад на железо, консултирај се со педијатар, нека си цица, не е гладно, млекото до година им е главна исхрана. Моето исто беше на доење, не јадеше многу количински, повеќе цицаше, да не речам најмногу тоа правеше само. Исто беше слабо, и сега си е слабичко дете, што е сосема во ред. Консултирај се со педијатар за железото, за капки, појачај исхраната како што ти пишаа погоре, и тоа што ќе го внесе колку и да е да е квалитетно.
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Одлично, драго ми е на најдобар начин што се решило се. Ама ете, од оваа перспектива ти сметаш дека не било непотребно да се нервираш, а јас баш мислам дека било контрапродуктивно, затоа што децата нè осеќаат како вибрираме.
    Децата поминуваат фази кои некогаш нема да ги разбереме, протест кон храна е нормална реакција, ама ние како ќе реагираме е она што се контролира. Јас не се нервирам со 5 лажички, среќна сум, со
    0 лажички изедени пак не се нервирам, за еден саат ќе цица, ќе дадам покалорична ужинка, ќе се потрудам за повкусен ручек
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.