1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадење пред екран

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 11 февруари 2021.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар ме советуваше да го занимавам додека го хранам. Играчки, екрани се во игра за да јаде.
    Така што еве има и различни мислења од твоето де. И имам дете нејадач, како бебе беше супер јадач. Како што осознаваше се потешко стануваше да го нахранам. И да го хранев со цртани само за да јаде здрава храна. Сега на 5 години јаде скоро се, само многу бавно и со молење. Ама јаде здрава храна (смоки и крем банани на пример не сака да види) и единсвен порок му се бонбони.
    Лесно е да кажеш пробај без екран ако имаш дете што ќе јаде (како на пример твоето на кое само си требала текстурата да му ја погодиш). Сосема друго е кога детето не јаде без разлика на текстура.
     
    На NewMama и crazylady им се допаѓа ова.
  2. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Немање ниеден оброк до 14 па и 15 месеци е "јадач", и ми било лесно.
    Ок е, не се докажувам.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    Мене на 14-15 месеци одма би мис е запалиле сите сијалички и би пробувала да го наранам како било. Млеко на таа возраст веќе не е храна и не ни реба да биде. Така што еве побитно ми е да прифати храна и со залажување наместо да викам ај не е битно битно цица на 15 месеци. Глорифицирање на доење кај поголеми бебиња да не речам деца (еве тодлери нека биде) ми е нешто што никако не можам да го разберам. Или е така полесно за мајката (лично знам две кои тоа го правеа на тодлерчиња после година дена, зашто така им беше поедноставно од типот што сега ќе се мачам да го хранам кога ми е стресно ете имам млеко нека цица).
    Ама секој со свој памет и како го учи умот.
     
    На Spidy, NewMama, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Нема да се натегам со тебе, далеку сме многу со ставовите.
    Скроз и ти е надвор од темата осудата на доење ама прочитај basic препораки на СЗО за доење.
    Студии за ефект на екрани по навики за храна другпат ќе збориме, или не мораме ич "такво е детето" се објаснува
     
    На gjoker4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    СЗО препорачува само доење до 6 месеци. По 6 месеци почнува дохрана. По година дена од главна храна млеко (доење) се преминува на цврста храна и доењето остнува единствено како ужинка или ноќе. До година дена пола од калориите се обезбедуваат преку млекото. После година дена најмногу што може е една третина.
    Не викам бебиња да се нудат со храна наместо да се дојат. ама после година дена детето треба да јаде храна. Доењето од главно треба да стане споредно.
    Да не зборувам дека ако не се научи дете да јаде мајката нема да може да се врати на работа.
    Така што јас сум за бутање храна на било кој начин после година дена.
     
    На Spidy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    А потоа? Како ќе му набуташ храна на пет години? Понатаму? Треба да се создаде здрав однос кон храната, а не само да се набута. Не е тоа краткорочно нешто, туку нешто кое има влијание на цел живот. Акко само му се бута без да е свесно потоа има проблем со прејадување и не знае само когоа му е доста и тоа води кон проблем со прекумерна тежина. треба да е свесно што јаде, што е добро за него, целата работа е многу покомплексна од само набутај му и готово. Или седни го пред телевизор и додека не гледа што јаде натови го и ајт. Затоа подоцна триста проблеми има.
     
    На Coco31, gjoker4e, Makedonka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    На пет години не му бутам веќе храна. Полека го одвикнував од екран и цртани. Сега на 5 години јаде без цртани. Дел јаде сам, кога ќе му се здосади читаме книга или игра со играчки. Моето дете јаде многу споро (тоа му е наследно о фамилијата на свекор ми) и нема шанси мало дете да може да задржи внимание без занимавање 30 минту до 45 минути.
    Инаку пишав и претходно мене ми беше побитно да јаде здрава храна и да има навика да јаде на маса, а не да трчам по него низ соби за да јаде (како што мене ме ранеа зашто и јас бев нејадач). Сега на 5 години пишав и претходно јаде некои работи со молење, некои сеуште со криење меѓу други намирници (како на пример овошје во смути сабајле пред градинка зашто сам јаде само банана, јаболко, круша, диња и јагоди од време на време се друго кријам во смути). Има фази кога јаде повеќе и кога јаде помалку, ама генерално си зане што се јаде за оброк, кога смее да се јаде десерт и слично. Грицки и такви работи јаде само за викенд кога сме во парк со друштво или ако имаме гости по дома (што во последнава година не се случило заради пандемијата). Смоки и крем банани сам не сака, дури и од частенките за родендени од градинка дома ни ги носи смоките и крем бананите. Порок му се бонбони за кои секако има пазарење колку може да изеде.
    Сака многу да се плетка во кујна и да помага во готвење и дозволено му е. Често заедно подготвуваме јадења.
    Здравиот однос кон храната не е само дали како бебе или мало дете јаде со помош на екран или не. На почеток е битно да почне да јаде (да се навикне дека треба да јаде храна, а не само млеко). Здравите навики во исхрана се контонуиран процес не почнуваат и не завршуваат на одредена возраст. Сигурна сум дека ќе има повеќе пазарење околу храна кога ќе почне на есен да оди на школо, ама тоа ќе го решаваме како ќе дојде.
     
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека практикувате distraction eating, и јас немам проблем со тоа, ама
    во школо кој ќе му чита приказни за да јаде, ќе му пакуваш играчки, кој ќе му крие намирници?
    Мене ми зборуваш за сијалички а цело време уствари збориш за дете од претшколска возраст кое уште не знае успешно да се најаде, а мене ме осудуваш иако зборам за дете од 15 месеци, кое само се храни од 7 месеци, без дистракции, сега успешно користи прибор, јаде високо нутритивна храна, но истата во грамажа и калориски не е на нивото за возраста, што за мене е терет во подготовка и планирање на повеќе оброци, и често доење, ама моето дете не е неухрането, ниту тука прочитав за такво дете. Термини како слабичко и нејадач не се дијагноза и си дозволувам да споделам знаење и совет од педијатар, кој пак ти пробуваш да го инвалидираш со совет од твој педијатар, исходот е тој кој сама си го кажуваш.
    И не се мерам како мајка, бенефитот од responsive feeding го добива моето дете така што јас не се осеќав загрозена секојпат кога ми беше укажувано на лошите практики со првото дете уште на самиот почеток на дохранување, учев од мајки кои поминале трнлив пат, не судев "не знаат они што е проблематично дете", критички гледам на се што правам, бидејќи невини гестови на нас родителите може да го зголемат ризикот од пореметувања во исхрана кај децата
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Кај синко протестот траеше многу долго, затоа и се нервирав.
    И јас истото го правев, и се нервирав и не се нервирав, синко по негово си тераше.
    Кај синко не беше проблем што не јаде ова или она, не сакаше ништо, ни вкус ни текстура.
    Цицањето ми беше утеха дека внесува колку толку калории, ама далеку од доволни се тие.
    Јас дојам 20 месеци затоа што сакам и имам можност, далеку од тоа дека по 6, или 9 цицањето е храна.
     
    На crazylady и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Сте пробале ли BLW?
    Јасно ми е колку фрустрира, особено кога плус се добиваат коментари јаде ли нешто, слабо е, и слично. Јас сум бев такво дете, се сеќавам иако сум била многу мала на коментарите, костур, и слични епитети, како резултат имам и ден денес проблем со храната, со прејадување, ако ме оставеа раат кога мене едноставно не ми се јадеше, денес немаше да имам ги имам проблемите кои ги имам.
    Разбирам дека збориш за помало дете/бебе кое е во интензивен раст и развој, затоа и ти посочив BLW, или BLF, ако и тоа не помага, ниту витамини, постојат и терапевти кои се занимаваат баш со такви проблеми.
    Во секој случај нервозата прави полошо за детето, тоа не се услови во кои лесно ќе се заинтересира за храна
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Јас не добивав коментари, а и да добивав немаше да ми е битно. Мене лично ми беше фрустрирачки.
    Се е пробано, се што прочитав применив и пак по негово тераше. И сирупи за апетит давав.
    Сега веќе проблемот е надминат, јаде се, иако со пребирање и молење, сепак јаде и месо и овошје и зеленчук. Синко едноставно почна да јаде. Пак е слаб и висок, ама темпераментен и јаде колку му е доволно. Задоволна сум што јаде разновидно и тоа е тоа.
     
    На mal.ecka, Autumn_ и crazylady им се допаѓа ова.
  12. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    ^
    Предложете некој добар терапевт кој се занимава со таа проблематика..мојата е 4 год, а престана со убаво јадење од 14-15 месеци..не можам веќе ни да пишувам што се пробав и како сеуште се обидувам да ја нахранам..доколку некој имал искуство и успех со терапевти, да пробам и тоа :( и како оди целиот тој процес..знам дека е индивидуално, но вреди да се проба..
     
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    7.977
    Пол:
    Женски
    Da ne bese tv deteto ke mi ostanese na 5 kila. Neka zborat sto sakaat "naj majkite" ama koga ke imaat dete sto pod nikoj uslov ne stava zalak vo usta i sto na pregledi kacuvalo po 70 gr mesecno (a znaeme malo bebe kolku treba da kacuva mesecno) togas da gi vidam dali ke pustat crtani za jadenje. Zatoa tuka nikoj nema pravo da kazuva na edna majka kako i na koj nacin da si go hrani deteto. Pogotovo ne koga za nekoj jadenje so ekran (bar ednas vo denot da go ubedis da stavi zalak vo usta) e najloso za deteto, debelo ke bilo ponataka itn, a od druga strana nezdrava hrana (od koja stvarno ke se debelee ponataka vo zivotot) kako cips pred tv e ok, smeski.
     
    На crazylady и JoyJoy им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Дете кое има потенцијал да биде дебело и има апетит ке си јаде се и без екран.
     
  15. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    На пример моето :D Едвај ја чекам контролата на година и пол, да направам муабет со педијатарката, зашто сама не знам како е најдобро да постапам.

    Дете гледа цртан и јаде кога сме излезени во ресторан. Односно главниот дел од јадењето го јаде со нас, после му пуштаме цртан и си грицка сам. Признавам дека ова го правиме зашто нам ни е полесно, а не дека дете бара, премногy ретко се случува за да е навика. Во спротивно треба еден да јаде еден да го занимава, да го шета низ ресторан или надвор. Сепак, решивме дека и ова треба да престане, и прво ќе го носиме на гласни места за да не ни е незгодно ако се буни гласно :D

    Дома подолгометражно гледа цртани додека му сушам коса, значи се случува на два три дена. Е сега ретко знае да продолжи и кон вечерата, ако е особено кенкав или ако не јадеме сите заедно. Треба да бидам малку построга, зашто искрено не е многу тежок за соработка :) се смирува лесно. Ама некогаш ете, се случува да му попуштам... Се тешам само дека не е тотално внесен и изгубен кога гледа; ми реагира на муабет, може и сам да јаде и да гледа.

    Сака да читаме инаку додека јаде. Мислам дека е во ред?
     
    На NewMama и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    Ми го прочита постот дека полека го одвикнувам од дистеакции нели. Сега има 5 години и јаде со приказни и книги. Во градинка јаде сам нема потреба да го ранат. Не знам како сфати дека не знае успешно да се најаде. Ама еве признавам помајка си ид мене. Браво.
    Имам поголемо дете затоа пишувам дека јадење со цртани не е страшно и ужасно ако знаеш што правиш и како. Ама пошто моето не чини еве пак огромно браво за тебе. А на педијатарот ќе и кажам дипломата да ја скине.
     
    Последна измена: 11 април 2021
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Сите дискусии ќе ги затвориме со "помајка си од мене" и слични префрлања на топка од темата за која сме тука, на мајчинското его.
    Во ред е, нема потреба од тензии зашто некој споделил совет, не те прави помалку мајка моето мислење, ниту тоа како го храниш детето. Совет е, мислење, кај нас успешен, ниту мора да го прифатиш ама нема па ич потреба да се навредиш, дискусија е, нели како што ти рече дека со дете како моето ќе ти се запалеле сите сијалички и на било кој начин ќе го најадеш, мене тоа не ме навредува, мојот став е тој, хранење без дистракции, кои патем се и книги и играчки.
    Не знае успешно да се најаде мислев баш на тоа, без играчки, книги и тв, да седне и само да се најаде, затоа што е поголемко дете
     
    На andromedae и Yowannty им се допаѓа ова.
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Јас барем кажав дека не зборам за деца кои се неухранети, имаат дијагноза како пречка во правилна исхрана или едноставно се во долни перцентили на напредување, зборам за навика да се стави телефон и да се најаде детето каша уште од 6месеци.
    Прелесно е да иронизираш туѓи мислења, и иронично да оценуваш некој со "најмајка" додека во исто време осудуваш грицки кај деца кои успешно совладале вештини во јадење, па нудење и на чипс е далеку помалку опасно отколку истото да се понуди на дете кое пребира јадење
     
    На crazylady, andromedae и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    27.813
    Пол:
    Женски
    Ај само да прашам дали возрасните кога седнуваат да јадат, само јадат?
    Дали на семеен оброк сите си ќутите си ја гледате само чинијата и си јадете? Без збор никој да изусти. Што прави детето кога сите околу него зборуваат? Немо седи и јаде од чинија?

    Ако да тогаш ние дома дома не сме такви. Семејниот оброк го користиме за моабетење, размена на мислења, искажување емоции и слично. Секој ден имаме семеен оброк во кој е вклучено и детето. За викедни гледаем сите оброци да се такви. Ако ние зборуваме а темата не му е интересна мора со нешто да се занимава, а за него е најприкладно да се занимава со играчки. По одредено време вртиме на читање книга или раскажување приказни (откако ќе се изврата најбитните моабети меѓу мене и маж ми што се прикладни за деца). Како што расте се повеќе и тој почнува да се вклучува со кажување што се случило во градинка или рецитирање на новата стихотворба.
    Оброците не се само полнење стомак, оброците се и начин да се собереме заедно како семејство. Сите на купче после работа и градинка. И ако јас имам право да ми биде мене интересен оброкот, има право и тој да му биде интересен оброкот.
    На крајот на денот и во градинка оброкот му е интересен. Таму има другари со кои прави моабет, се тркаат кој прв ќе изеде и слично. Има догодовштини на оброците во градинка (некој има омилено јадење, некој се потурил со нешто, некој ждригнал) и се тоа ги прави интересни. Занимација за оброк има.
    Ама исто има и јадење на тоа што е сервирано. Нема спремање милион оброци и давање само на тоа што детето сака да го јаде. Се јаде тоа што сме се договориле дека ќе се јаде и што е испланирано да се јаде зашто подготовката на оброците мора да се вклопи во рабтниот распоред на мама и тато. Ако за ручек има зелка манџа тоа денес се јаде. Ако сакаш нешто друго, ќе се договориме кога ќе се јаде твоето јадење.
    Мене во тоа многу ми помогна екранот и ете дистракциите што го направиле моето дете неуспешен јадач. Да се навикне да јаде се. И пак признавам има работи што ги кријам во смути зашто само во тој дел сеуште не јаде се (кога мислам се тука вбтројувам и аронии кои ни јас не ги јадам ако не се прикриени). И да од тоа криење намирници сите имаме поздрав начин на почнување на денот. Сите пиеме смути сабајле. Како семеен ритуал.
    Знам и луѓе чии деца ете јадат без дистракции (ама детето се прејадува па повраќа) и јаде само тоа што сака (на пример од овошје само банана и евентуално грозје) ама мајката вика јаде детето и овошје и се. Мене тоа не ми е јаде се. Некогаш е и до перцепцијата. Кога јас викам се стварно мислам се дека јаде. Барем се што јадеме и ние дома (не јадеме на пример гоџи бобинки и пар такви „егзотични“ ствари).
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На crazylady, TheSecret и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy
    Комуницираме на ручек, прашање- одговор кратки, не се развиваат дискусии и анимирање, зашто така никој нема да се најаде, туку како во градинка, не јадат како роботи ама фокусот е на храната, не на тв, играчки, книги и слично.
    Јас не можам да замислам да треба да анимирам дете и да ручам, и јас сум гладна и сакам да јадам како човек.
    Откако сме сите сити, правиме се што ти кажуваш дека на ручек правите, муабети за денот, песнички од градинка, играме и се друго
    Инаку и за мене да изеде грозје и банана е повеќе јадење отколку смути да испие, кое за мене не е здрава храна туку шеќерна и калориска бомба на неспремен желудник, затоа што ништо од тоа не е џвакано. Ама давам и смути, како и пржени компири
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.