1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јадење пред екран

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 11 февруари 2021.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Браво за аналогијата на овошје со пржени компири. Зашто малини, капини и аронија изблендани со јаболно се исто со пржен компир. Потполно и по хемиски состав и по се.
     
  2. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не е аналогија, кога кажав смути дека не сметам за екстра здрава храна, да не помисли некој дека raw food директно од органска бавча им давам на децата.
    Иначе 200мл малини, капини, аронија и јаболко у блендер испиени насабајле се сигурно 30грама шеќери
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Ја сврте дискусијата дали здраво или нездраво го хранам детето и едноставно морав да проверам зашто прилично самоуверено се расфрал со квалификации што е здраво,а што не.
    Ми дојде сомнително тоа што го пиша и се мислев дека си збркала јаглехидрати и шеќери. И во право бев.
    Смути од една банана, едно јаболко и јагоди има вкупно 23 грама јаглехидрати (што не се шеќери). Шеќери овошни има 12 грама. Ако ставиш банана. Ако не има и помалку. Зависно од комбинација на овошја.

    Така што намали малку со квалификаци дали некој здраво се храни или не. Особено ако не ти се проверени и ти се збркани поимите.
     
    На Snowflake92, Kallias2, The Unicorn и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    Која е разликата меѓу смути и исецкано овошје?
    Пример банана јаболко киви и вода, и истите исецкани и така да ги изеде?
    Не е исто шеќер од трска и репка преработуван итн, што го има во чоколадо и тој што го има во овошјето. Не може без шеќери да функционира мозокот.
    Дали се менува количина на шеќер во банана јаболко и киви ако ги процесираш во смути?
     
  5. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не сум се збркала, ти кажа малини, капини, аронија, јаболко, и не мислам дека е лошо и тоа, туку како навика сметам дека повеќе прави штета отколку корист.
    Не мислам дека лошо го храниш детето, непотребно се осеќаш нападната, еве ти кажувам дека пржени компири им давам, се што посакале пробале од цедевите до кока кола, сладолед сум дала на многу мала возраст.
    Пазам генерално на навиките, на алергии, да не е опасно од задавување и да е колку толку избалансирано, ама не се опседнувам со сенешто. И еве секој може да ме нападне дека и кока кола давам, ама она што е моја филозофија на храна е различна еве од твојата, далеку сме со ставовите пак ќе ти кажам, ама тоа не е причина да стануваш дефанзивна.
    Исхраната има повеќе аспекти и ако сум коментирала на некои од нив не значи дека те судам како мајка
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Разликата е во процесот на џвакање со кој се испраќа сигнал за лачење желудечни киселини о активирање на ензими за да се подготви желудникот за процесот на варење,
    Разлика има во свесноста на ситост, грицкајќи овошје мозокот има простор да прими информација дека е доволно храна, додека пиењето блендирана содржина е многу побрза активност.
    Разлика има во тоа дека јадејќи најверојатно нема да ги изедеме сите состојки кои би ги ставиле во смути, кои секако повеќето нема да бидат нутритивно искористени бидејќи дигестивниот систем нема капацитет да свари се што ние можеме да ставиме во едно смути, а со тоа има разлика и во оптеретеноста на дигестивниот систем
     
    На Snowflake92, mal.ecka, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Порано, немав проблем да им дозволам на децата да јадат пред ТВ, само да јаде, па не е битно дали и стој на раце ќе прави. Сега веќе е друга приказна, кога сфатив колку станаа зависни и го поврзаа јадењето со гледање ТВ. Толку екранот знае да им одземе внимание, што малечкото и заборавило дека има храна во уста и треба да ја џвака. Со полни уста, како хрчак, држи храна, па јас се вклучувам на вештерка mood, расправија, гасење телевизор, плачење...Се обидувам да воведам некој ред и да им сменам некои навики, кои реално и јас во целост не ги почитувам. Еве, мене на пример, јадењето пред ТВ ми е ритуал. Не можам да гледам во мобилен додека јадам (што попрво да држам во рака, приборот или да скролам), ама уживам јадењето да го ставам на послужавник, да пуштам некое ток шоу што ме интересира или некој филм „лимонадка“ и да уживам. И се си носи свои последици. Кога јадам пред ТВ, ми се случува, многу повеќе да изедам од потребното, па имам впечаток дека и храната ми е повкусна. Секако, лоша навика.
     
    На crazylady, mal.ecka и Autumn_ им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    На ист начин како што млеко е штетно зашто содржи хормони вештачки демек од кравата, ама јогуртот не е иако има ист состав (само лактозата ја нема или ја има во мали количини). Или млекото од коза нема хормони (иако и козаат дава млеко на ист принцип како и кравата и сиет други цицачи).

    И сега ова со овошјево е демек ако е блендано само шеќерот се користи и ништо друго а ако го џавакаш се користиш. Не се знае дека физичка преработка на овошјето нема да му го смени хемискиот состав.
     
    На TheSecret, mal.ecka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    Благодарам за објаснувањето. @Autumn_ @JoyJoy
     
  10. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    7.977
    Пол:
    Женски
    Si nemala maka so toa jadenje pa lesno e da zboris po forumi kako e pravilno a kako ne. Site znaeme kako e pravilno i kako treba da se jade, ama vo praksa ne e sekogas taka. Kako majka bi si go ostavila deteto gladno cel den zosto spored nekoi ne bilo dobro da jade so zanimacija? Epa jas ne.
     
    На elimkd и JoyJoy им се допаѓа ова.
  11. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Јас имам голема мака уста неќе да отвори само со телефон јаде ,но ако нема телефон нема шанси:|
     
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Сите ние мајки така викаме затоа што сакаме полесно да поминеме,зошто не сакаме гладно дете и плачки.Ама ајде еве да си замислиме дека од утре нема воопшто да постои интернет,недај боже фати некоја војна во која гледаш само глава да спасиш,дали мислиш дека твоето дете нема да јаде.Ден,два,три,ќе одбива,ќе плаче,ќе се лути,и ќе види ќе не види и ќе си јаде.Вечно неможе гладно да биде.Е сега боже мој има деца што со сласт си јадат полн тањир,има деца што ќе каснат неколку залци и доволно им е.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    Ај да не замислуваме сценарија? Ако дојде до тоа ке му ја мислиме. Важи?
     
    На Lady*Bug, mal.ecka и elimkd им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Не
     
    На mal.ecka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Сериозно ? Ден, два,три .. ? Има ли мајка што би си го оставила детето гладно ден два три по цена да не гледа цртан ?
     
    На mal.ecka, JoyJoy и elimkd им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Па на децата секогаш толку им е потребно за да се одвикнат од одредена работа,дали било цуцла,цицање или било што.Децата се поприлагодливи од нас возрасните.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Во ред ако зборуваме за цуцла,доење и ред др работи. Ама за глад ? Сериозно? Не ми е мене прифатливо. Плус колку што ќе се навикнеш да јадиш толку и ќе ти бара организмот. Не е убаво да оставиш толку долго гладно дете.. за само да не гледа 15 минути цртан. Аман
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Прво да се разбереме нешто.Јас не кажувам што е добро а што не,секој си одлучува сам за своето дете.Она што го заклучив од моето искуство е дека имаш дете што си јаде или што не јаде.И дека до една година скоро се проаѓа кај детето,што ќе му дадеш тоа ќе јаде.Е некаде после втората година кај децата настапува онаа фаза секој ден јадење одредена храна.Моите и со цртани па не јаделе.Дали јас треба да се чувствувам како лоша мајка зошто моето дете три дена одбива да јаде?! Сум понудила и цртан и повеќе видови храна ама едноставно не сакало да јаде.И тогаш веќе почнуваат негативно да го користат она давање цртани додека јадат.Една кришка леб ќе ја вртат 40 мин за да гледаат цртани.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Тоа е како ќе го навикнеш детето од малечко така ќе си тера после, ама на секоја навика има и одвика, ако толку ти пречи тоа што гледа цртан додека јаде едноставно престануваш да му го даваш телефонот и готово, знам дека е тешко и ќе плаче ама ќе се навикне за брзо, децата лесно се учат и прилагодуваат на нешто ново.
    Како рекле старите, теле се учи, вол не. Така подобро сега додека е мал да преќинеш да му даваш телефон, отколку после ептен зависен ќе стане, и тоа ќе му биде како ритуал.

    Баш од оваа причина јас уште од мал кога јадеше гасев телевизор, ќе го седнев и во мене да гледа, одбиваше и да јаде и се ама не попуштив, сега е 10+ месеци и воопшто не го интересира тв. Има еден саат во денот за тв и толку е, до душа и тој саат он не гледа којзнае колку, по малце погледнува ама не му задржува внимание, повеќе сака да си игра.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    @My litle pony колкаво е детето? Ако е сеуште мало побитно е да се научи се да јаде. Цртаните постепено ќе ги укинете како што ќе почне да разбира. Барем јас сум на тој став. Ако е детето нејадач мора да направиш се што можеш за да јаде. Пробувај да го занимаваш со нешто друго акo успее успее, ако не ќе пробаш пак по некое време. Мојот јадеше со цртани од година дена па до 4 години. На 4 години веќе можевме да се договориме дека нема да јаде пред екран туку цртани ќе гледа веднаш по јадење. И така и правиме.
    @Snowflake97 дај боже да немате потреба од цртани за јадење. Мојот до година дена јадеше се што ќе му се понуди и без цртани без ништо. По година дена почна да одбива да јаде и цртаните ни беа начин да го нараниме.
    @simona_baby мојот јадеше со цртани, сега е голем па јаде без. Ама пак не сме под 30 минути од оброк. Детето едноставно споро јаде. Свекор ми јаде исто споро, прабатата на детето јадеше споро. Веројатно повлекол на нив. Додека беше мал мораше со нешто да се занимава пола саат. Сега исто раскажуваме приказни и слично во вториот дел од јадењето. Ако го оставам да јаде без ништо ќе изеде пола и потоа е гладен и нервозен. Ако бирам бирам задоволно и нерасплакано дете, наместо гладно плачливо дете.
     
    На Snowflake97 и MilaSs12 им се допаѓа ова.