Јас сум една од оние читатели на коишто понекогаш како е нешто напишано им е поважно од самата содржина на книгата. Токму поради тоа, со тешкотија читам книги во коишто има премногу вулгарен јазик и премногу силен акцент се става на еротските елементи на вулгарен начин (значи не правам муабет за книгите коишто имаат главна таква тематика, тие си се тоа што се). Барем, од моето скромно искуство како читател ако ништо друго, сум открила дека cè, па дури и најконтроверзното може да се прикаже на начин на којшто јазикот на книгата ќе ја задржи уметничката вредност. Ова не е некој став за какви треба да бидат нештата во литературата, туку мој личен вкус кога се книгите во прашање. Не ми е поентата да глумам некоја си префинетост, не сакам да се правам ниту светица, ниту пак нешто многу културна: и јас пцујам и јас сум жив човек којшто не секогаш се воздржува, но ете, јас лично не преферирам книги коишто се напишани на ваков начин. Долго време сакав да ја отворам темава, но ете сега ми текна. Какви се вашите ставови и вкусови кога е книгата во прашање? Дали може да го занемарите стилот на пишување којшто не ви е по вкус, ако содржината е доволно добра, или пак би ја оставиле и најинтересната книга ако начинот на којшто е напишана не ви се допаѓа?
И мене многу ми е важно како е напишана некоја книга. Читајки различни жанрови на книги низ изминативе години, сум наишла и на книги кои иако имале интересна тема и содржина, ме „мачеле“ додека сум ги читала!!! Некои автори премногу се „рашируваат“ во објаснувањето на околината, чувствата, ликовите... Некои, пак „уфрлаат“ премногу настани или ликови во делото, ги испреплетуваат неповрзано, па тешко е да се следат... Понекогаш сум морала да се враќам страници наназад за да „поврзам“ што сака писателот да каже... Затоа мислам дека изразувањето на авторот е многу важно за некоја книга да ја оценам како совршена!!! Па и да ја ставам на мојата листа за повторно читање по многу години!!! А, за вулгарностите... Па, немам прочитано многу книги со вулгарности... Намерно ги избегнувам... Можеби „Соголена пред тебе“ од Силвија Деј. Еротска книга, но со премногу вулгарност за мој вкус!!!
Јас веќе се изјаснив дека рекреативно не читам баш книги и, искрено, криво ми е поради тоа. Ама веќе и кажав зошто тоа не го правам. Но, кај @Val-Dim го препознав она што можеби најмногу ме одвраќа од читање книги: изразувањето на авторот. Еве, ќе зборувам од аспект на тоа како ми било во средно кога сум ги читала лектирите и делата кои ми биле по програма. На пример, Достоевски не го можам. Ете тоа е тоа - ширење на објаснувањето, детално опишување на ликови, на околината, да се загубиш во книгата, да не можеш да поврзеш ликови и настани. Се измачив со книгата („Злосторство и казна“, секако), се изреволтирав и мислам дека сум единствената која ја мрази таа книга. Ама такви се руските класици. Со „Чичко Горио“, која е од истиот период го немав тој проблем. Сум ја читала и „Херој на нашето време“ од Лермонтов - убаво руско дело. Наши писатели не сакам да читам. Воопшто не ми се допаѓаат наши тематики и таа енигматичност и преголеми метафори, да не знаеш авторот што сакал да каже. Инаку, не ми пречат вулгарности и слично. Ми пречи кога книгата не е соодветно преведена и наидувам на зборови од немакедонско потекло (србизми, бугаризми) или интернационализми за кои има наши зборови и нема преголема потреба да се користат. Најмногу од се' ми пречи кога граматиката и правописот не чинат (ова го зборувам за стручна литература, бидејќи повеќе контакт во скоро време сум имала со таков тип), интерпункција и повторно интернационализмите, т.е. зборовите кои не знаеле да ги преведат, бидејќи нестручни лица преведувале, или преведувачи кои не ја знаат стручната терминологија. Инаку, јас сум преведувала стручна литература, а не сум преведувач, но имам големи познавања од англиски јазик, како и од стручната терминологија која се бараше и искрено, мислам дека само тие книги се добри (ова самобендисано звучеше, но сепак споредба правев со туѓи преводи кои беа толку катастрофални, што не можев материјалот да го научам, а ми требаше за испит).
Sakam knigata da bide dosta opisna. Bezrazlika dali e ubava ili ne , ako ima pomalku od 400 strani tesko deka ke ja zemam vo raka. Nekogas mozebi sum preminuvala preku broj na sranici, denes kako pozdrel citac, tesko deka bi pominala bilo koja kniga. Vulgaren jazik Nemam nesto mnogu procitano so taa tematika. Bi ja izdvoila Zorana Schultz ( gi ima i na makedonski prevedeno ), erotski no na nivo. Gramaticki greski ne mi precat, no mi preci neobjasnati nastani i kniga bez opisi. Od se najveke zameruvam na krilicno preveduvanje na iminjata na avtorite. Ako sum Persa, sum Persa na sekoj jazik, eden e nacinot na koj se pisuva moeto ime i nema potreba da bide preveduvano kakogode na drugi jazici. Na toj nacin samo se gubi identitetot na avtorot. Eve uste eden naslov od Isidora Bjelica i Ivana Kuzmanovic (Matica gi ima prevedeno na makedonski jazik). Izgleda sum procitala malku poveke ama sum senilna ne mi teknuva vo momentov
Мене ми е жал што некои книги имале голем потенцијал, интересна приказна, добра идеја, ама реализацијата е тотално промашена. Баш заради јазикот. Сакам книги кај кои нарацијата тече лесно, глатко, без застој. Има книги во кои стилот на пишување е толку прекрасен, толку убаво украсен, што ти се чини дека зборовите се везени. А има и такви кај кои начинот на раскажување е сувопарен и без живост, па добиваш чувство дека авторот се намачил да ја напише приказната. Вулгарности не ми пречат, некогаш тоа е единствениот начин да се долови карактерот на некој лик Исто така не сметам дека должината на книгата е пресудна за квалитетот. Има книги кои ми биле прекратки, ама има и такви кои за мој вкус биле непотребно развлечени. Едноставно, секоја приказна си се вклопува во различна рамка, барем според мое мислење.
Вулгарности не сакам во книгите. Сакам кога дејството тече. Еден сограѓанин ми даде роман негов, тазе објавен. Почнав да го читам и наидов на еден куп србизми. Пишува едно, па се префрла на друго, па раскажува настани во детали кои се неважни. И не е се во бројот на страни. Читав една книга Снег со 70 страни и беше магична.
Едно големо НЕ за претерани вулгарности! Уште едно големо НЕ за пренатрупаност на ликови чија слава завршува во две реченици,а од некоја непозната причина именувани се слично со некои поглавни што ќе те следат низ цело дејствие. И трето НЕ за опишување на места и предмети во целост (поставеност,боја,димензија итн итн итн...) па читаш 10 страни за на крај со тешкотија да си оформиш слика за обичен филџан на пример или работилница....непотребно е
Samo sto ja zavrsiv ovaa kniga Koncepciata na knigata e dobra, ama zborovite i se "birani". Nemase potreba od takvi vulgarnosti. Neznam , mozebi lugeto tamu taka si se obrakaat, ne im smeta. Mene mi smetase. Sorry Vesna 2.5/5