Некои едноставно ги обожаваат, некои сакаат додатоци од нив, а некои комплетно ги прескокнуваат овие бои. Жолто, зелено, тиркиз, корално, портокалово, јако сино, розово... Ги сакате? Не ги сакате? Фустани, сукњи, панталони, шорц, нокти во тие бои, акцесорис, очила за сонце, ташни имате во овие бои? И моите купачи оп стоп Јас многу ги сакам јакиве бои, ептен се чуствувам свежо, убаво, летно расположена во нив. Или во зима со нив сакам да го отргнам студенилото и сивилото
И јас ги обожавам. Поради нив го сакам летото, поради нив мразам зима ме расположуваат. Лани ми беше фаворит жолта, предходно плава, оваа година тиркиз. Ама сакам да се убаво комбинирани, пак во некоја граница а не џипси стајл
Ми се допагаат, многу ми се весели, живи, летни. Лани фаворит ми беше розевата, а за годинава ќе видиме
Ги сакам и јас јаките бои но никогаш не можам да се замислам во некоја драч жолта или зелена. Најубаво ми е кога сум во тиркизно облечена, се чувствувам пролетно, убаво, разиграно не знам зошто но одсекогаш сум ја сакала оваа боја. Црвена? Боја за секое време, боја со што можам да си играм со комбинацијата и секогаш имам некој детал црвен. Единствено боја што немам едниствено парче облека или акцесорис е јаката розева, не знам зошто но никогаш не ми била боја за облека, повеќе ми е за кукли, мечиња така ме потсетува на детска играчка
Ми ја погоди темата Росоњерке Имам многу парчиња облека и додатоци со вакви бои. Фустанчиња сакам да носам во јаки дречливи бои, ама ретко носам еднобојни. Најмногу со цветен дезен. Вака нешто: Суќнички обавезно! Розеви, виолетови најмногу. Очила за сонце имам дреч розеви Вакви: Нокти, аксесоар за коса...! Ги обожавам боите. Штета, почесто преку лето ги носам. Во зима неможам да се извадам од сивата монотонија!
Ги носам со секоја можна комбинација. Ги обожавам, најчесто во лето ги носам бидејќи повеќе облека во тие бои можеш да најдиш во лето
Ги сакам дречливите бои...освен жолтата. Претежно што и да купам ми е во некоја дречлива боја, освен на неколку исклучоци
Секогаш кога ќе видам девојки со вакви (убави) бои по дифолт ги дефинирам како девојки со сопствен стил, јаки, свои, самоуверени...секако не секоја знае да ги носи, па изгледа како тотална кичерајска утка
Сакам да ги гледам на друг, но не се чувствувам убаво во нив. Можеби имам две-три такви дречливи парчиња, но ретко се случува да посегнам по нив. Се држам до смирените бои и не сакам многу да експериментирам. Единствено може да се налакирам во некој дречлив лак, но и тоа ретко се случува. Досадно, знам
Повеќе сум по мат,млечни,земјени тонови,што би рекол дечко ми,испрани ( ) бои,плус шеќерно розе и потемно и посветло и тегет,aма ок сум и со дречлививе бои,особено летно време.Почитувам неутрал комбинација со чевли,ташна или накит во јака боја,ама само на одмор и после одмор.Не несончан тен,лошо ми изгледаат. Е само воопшто не ја сакам онаа портокалова,како еден од лаковите погоре.Многу ми е одвратен.Сум забележала и такви кармини носат девојкиве,едноставно ми е бљак.
Ги обожавам дречливите бои, едвај чекам да дојде лето и да ги носам, имам дреч зелени, тиркизни, циклама, портокалови парчиња, пр. блузи, фустанчиња, ташни, каиши, панталони, обетки, кломпи, аполстолки ...некогаш комбинирам две бои, а интересно ми е кога и ќерка ми има некое парченце иста или слична боја , па двете се дотеруваме во тон Овие бои и даваат живост на гардеробата и се чувствувам пријатно, а искрено и помладо
Имам од свашта по нешто Ги сакам јаките бои,особено на некоја неутрална комбинација коа ќе се уфли некое дречливо парче Мада сега се повеќе се прават комбинација во целост со дречливи бои. Обожаваааам дреч розеви штикли!!И веќе месец дене безуспешно барам по Скопјево некој убави Убаво ми е и ташната или јакната кога е во некоја таква боја.На пример јас имам дречливо црвена јакна,исто така и ташна црвена,љиљакова.Сакам сега некоја тиркизна ташна...уфф колку комбинации имам во главата со неа Највеќе ја сакам коралната боја,и имам доста облека во таа боја Прекрасно ми изгледаат и нокти во јаки бои. Единствено каде не ми се прифатливи ваквите бои е во шминката Освен се разбира црвениот кармин,или пак зеленото или тиркизното моливче за очи/сенка
Ја сакам само циклама бојата од дречливите (што би се рекло Т-мобиле пинк). Дреч зелената на пример, ме потсетува на жапчето Кермит, а кога ќе видам девојка која испомешала повеќе дречливи бои, неминовно ми излегува зборот циркус од устата. Тоа е, јас сум си приврзаник на црната боја, до гроба. Машките облечени во дречливи бои ми се одвратни.
Ги обожавам, не да ги сакам Добро, освен жолто, жолто мразам освен на Велигденски јајца, сонце и некој детски цртеж Ама тиркизно, зелено, циклама, дури и портокалово(иако поретко, а ептен ми одговара со тенов мој) обожавам да носам, едноставно ми даваат свежина, летото без нив не ми оди. Баш лани се што купив беше во тиркиз ептен дречлив и циклама, од кратки панталони, маички, дури и балетанки и римјанки Што знам, црно речиси и да немам, а зимава бев доста сиво-кафеаво-тегет, па едвај чекам да бодам очи со дреч боите мои Шминка- кармините да, ставам понекогаш ама не од оние фосфорни, туку нежно-дречливи, сенка нееееееее, е лакови, кој од кој поупадлив и посвеж Јас искрено никад во лето не би се затворила во неутрални или недај боже темни алишта, не ми иде на сонцето и небото
Излгледа повеќето сме љубителки на овие бои И јас ги сакам и имам многу летни парталчиња во тие бои! Имам циклама фустанче, теркизно кошулче, маичка со дречливо портокалови детали, дреч црвени купачи, дречливо жолто-портокалови купачи... Преку лето ги носам доста тие јаки бои и минатото лето ми беше хит да ги лакирам ноктите во јако розево или портокалово, претпоставувам и ова лето ќе ги лакирам во дречливи бои бидејќи ептен ми се допаѓа како стои! Исончено тело и дречливи јаки бои...мммм едвај чекам силно да запече сонцето
Ептен ги сакам, ме потсеќаат на лето, на сонце, на весели денови Без гајле си кобинирам јаки бои, но сепак со осет, не би можела и покрај колор блокинг мода да излезам со зелена кошулка, розеви балетанки и помаранџести панталони (комбинација N.1 ) Иначе имам маички, кошулки, ташни и модни додатоци во појаки бои А фаворит оваа година ми се корална и минт дреч зелена
Ги сакам овие бои, многу ми се свежи и летни и кога носам облека или некој детаљ во ваква боја ме прават порасположена и некако поубаво се чувствувам... оптимистично. Имам доста парчиња облека во вакви бои, а ноктите обожавам да ми се така лакирани. Многу ги сакам тиркизната, дреч розова, циклама и зелена.
имам по некое парче облека од овие бои посебно ми се допаѓаат коралните нијанси и цикламата а може и некоја жолта боја да се пронајде во мојот плакар. а многу повеке ми се допагаат додатоците во вакви бои како чанти,обетки и ланче и колани и така сакам да си ги комбинирам со некоја неутрална боја мислам дека ке е поинтересно а и не сакам многу експериментирање а ноктите редовно си ги лакирам во појаки нијанси сега во последно време обрнав на дреч розова.
Ги сакам само во лето, и останувам на тоа дека црно си е црно. Амаааа, за време на летото знам да искомбинирам некоја така комбинација, ама тука дречат само чевлите и ташната, и нормално лакот. Не сакам онака џипси изглед, или пак цела од глава до пети во зелено ли, розево.... свеједно Спојлер ма није свеједно Како и да е, убаво изгледа кога ќе видам на некој друг, ама некако не се пронаоѓам таму. Е сега нормално, си носам летни боички, си имам по некоја весела маичка нели, ама се во нормални граници. Никогаш не би се лишела од дреч лак, тоа ц.