Лак за нокти во некоја зелена, циклама, црвена, корална боја ми е супер. Посебно обожавам тиркизно и зашто имам онака среден тен, црноманеста сум па баш ми одговара, дури повеќе од циклама. Си имам повеќе блузи со зелени боички и некои јаки дреч розеви, но жолти немам, што знам, не ме привлекува жолтата боја толку. Баш слатко ми е кога имаш некоја дреч боја на тебе, а воопшто не изгледа натрупано, туку едноставно и слатко.
Мора да признаам дека обожавам јаки бои, особено тиркизно, зелено и циклама!!! Но кога станува збор за облекување со тие бои тешко тоа кај мене. Имам 2 маички тиркизни и толку. Немам никаква друга облека во јаки дречливи бои. Ама накит и лакови Е тоа може! Навистина ми се допаѓаат чевли (високи потпетици или балетанки) и чанти во такви бои, било каков накит во тие бои изгледа навистина преубаво и може секоја комбинација да ја направи интересна и единствена А љубам лакови во јаки, дречливи бои!
во мојот стил на облекување не преовладуваат јаките бои,повеќе ми се допаѓаат оние земјени тонови(кафена,маслинеста,сива,црна).Јаките дречливи бои ми се само како додаток(чанта,чевли,обетки,часовници,марами...) Имам само една блузичка во дреч розева боја и едни пантолони во тиркизна боја и толку Еднинствено не користам дреч лак за нокти(некако не се осеќам убаво,не ми стои)за друго можам како така да направам компромис
Пролетните и летните комбинации обично се состојат со вакви дречливи парчиња и тогаш ми се добро искомбинирани бидејки одговараат и со времето, на пример тогаш ретко се затемнуваме. Додека со црно/кафено/сиво и некои темни бои не ми се софпаѓаат портокаловата/розевата/зелената боја.Таа дречлива боја паѓа во очи и не ми е прикладна .
Јас никако не комбинирам повеќе од едно парче во дреч боја, зашто така има оргомни шанси да се утне. И наместо тренди да изгледам ко од џипси муви Баш вчера си купив ташна корална боја и планирам да ја носам на бела маичка и неутрални некои обувки. Само тоа парче да биде дреч на мене. Или ако носам штикли циклама, плави тогаш само штиклите ќе бидат такви. Мене лично ваквото комбинирање ми се свиѓа и си го практикувам А од дреч лаковите за нокти сум зависна. Ги носам и зимно време, едвај ги избегавам
Обожавам циклама и тиркизна. Посебно ми се мили како боја на ташна, марама, ланче, лак за нокти... Баш е интересно да си играш со боите. Најчесто ги користам како трета боја да разбијат монотонија. Пример, носам фармерки, бела едноставна кошула, црна наметка и би зела некој накит во дреч циклама, или пак тиркизна ташна. Ама никако двете наеднаш, не сакам да бидам натрупана. Но, мислам дека мора многу, мноогу да се внимава. Во спротивно, ризикот дека ќе те гледаат со благо прекорен поглед е голем.
Па кај нас сите се плашат од тие погледи и затоа сме преполни со црни и бели комбинации Сериозно преретко гледам девојки кои мешаат бои, ај една боја може некое минијатурно дречливо парче. Не знам што е страшно, ама сите се плашат. Едно е да не е тоа твој стил и да не сакаш дреч бои, ама друго е да сакаш ама да се плашиш да ги комбинираш, заради луѓето да не те гледаат чудно. Безврска Не значи дека ако измешаш 2-3 бои ќе си смешен. На други ви е убаво, на себе смешно Kaj нас е модерно да си ист ко другите ако носат цветови и ти да носиш, ако носат сите чипка и ти да имаш и сите да се во чипка, да си ист ко сите. Никако поразличен и поинаков.
Во контекст на муабетот... Пред недела дена се решив да смешам јаки бои... Многу ми се свиѓаше комбинацијата и ни две ни три, си ја прошетав... Имав 4 бои на себе, знам дека е премногу, ама две од нив беа сива и бела, неутрални се, смирија тоа беснилото на жолтата и кобалтно сината... Не забележав чудни реакции, напротив... Барем тие околу мене баш убаво ми изреагираа, за другите и не ми е баш гајле Си имам сега самодоверба да си правам "color blocking"
Алал нека ти е за сликите, за вечерно плакнење очи, петка. За тоа дека има црно бели комбинации има, ама па јас играм на сигурно. Плус, тие бои можам да ги наречам, хм, економични ?? Можеш да ги искомбинираш со повеќе работи, мислам дека затоа многу се нафаќаат на таа варијанта. Еве пред една недела бендисав едно корално сако, ама не го купив затоа што нема да можам да го комбинирам многу многу. Купив црно, за да одговара со се. Да сум во состојба да можам дома да имам 5-6 сакоа, би си купила и циклама и тиркиз и би експериментирала малку повеќе. Но, тоа е што е, играм на посигурна варијанта за да можам да го извлечам максимумот од облеката.
До некаде си во право, црно си е црно... Ама ако секогаш купуваш неутрални бои, можеш once in a while да купиш некоја жива боја Ем што ке разбиеш монотонија, ем што ке можеш со Се што имаш да го носиш, ако веќе нели, пред тоа некое време си играла со сигурни неутрални бои и ти преовладуваат во плакарот... Коралното сако, многу добро иде и со бела и со црна, сива, крем... Има тука многу комбинации
Јас имам нови дреч портокалови балетанки. Не се ни двоумев дали да ги облечам или не. Легнаа перфектно со сиво и бело, на светла фармерка. Мераци. Ептен ми се допаѓа што внесуваат свежина и ептен летно делуваат. И сега сакам повеќе шарени чевли, а не е на одмет и некоја ташна во џиш боја.
Јас еднаш искомбинирав виолетово и жолто-зелено и изгледаше супер. Само сега не сум до толку храбра да искомбинирам повеќе дречливи бои. сакав да прашам а со што би одела сончево жолта со то би ја искомбинирале вие? ваква жолта
Си сакам дречливи бои, особено кул ми е на нокти да сум налакирана со дреч розов, црвен . Имам неколку парчиња облека розе, неколку маички розеви си имам и си ги носам бе со гордост, како беше песнана од Паркети, таа е слатка како ајскрим бол, и ја викаат строубери, секој ден си игра баскетбол, носи маички РОЗЕВИ Имам и обетки во вакви боички, шарени ама не се баш дречливи. Баш убаво стојат дречливите бои ако ги искомбинираш ко што треба.
Ги сакам но не ги преферирам на нокти. Делуваат ефтино. Сакам само бордо, незно розе, и фрацуски маникир =)
Не ми се допаѓаат многу многу... Знам и да облечам понекогаш нешто дречливо, но не често, зависно од расположение. Тоа можат да бидат штикли, маичка, дреч лак на нокти, чанта, но никогаш дреч панталони, ги мразам
Ги обожавам! Најубави се и највесели ,за момент можат да го поткренат нивото на расположение и да направат да се чувствувам весело и откачено. Посебно ги сакам цикламата ,зелена ,жолтозелена и тиркизна ,скоро целата облека ми е во вакви бои 9со исклучок на некои црни парчиња ,се разбира ) и претпочитам да носав вакви бои отколку некои неодредени ,темни нијанси кои и тоа како не ги сакам.