само жолта и црвена боја неам ништо инаку мојот плакар - виножито !! од сите бои се !! и се мора да е шарено и дреч
Јаките дречливи бои ме потсеќаат на нешто живо, разиграно, весело, летно. Многу ми се убави. Сакам кога ќе видам некоја девојка облечена во добро искомбинирани во дречливи бои парчиња. На лето ноктите скоро секогаш ми се во некоја дречлива боја, имам купачи (или костим за капење како и да се викаат ) во јака жолта боја, имам некои дречливи маички и по некој аксесорис. А на зима пак понекогаш ги користам за да го оттргнам студенилото, ама сепак повеќе на зима ги применувам нежните неутрални бои. Омилени од дречливите бои ми се тиркизната, жолтата и праска боја.
Ептен си ги сакам боиве.Ме расположуваат и ме потсетуваат на нешто весело,разиграно,среќно,живо, енергично и особено на летото... Некогаш знам и да си се облечам во "Све ми боје лепо стоје", ама со стил или да искомбинирам некои од боиве. Речиси боиве ги имам во секој ќош, кога ќе почнам од очила за сонце,бикини,ташна,пантолони(во сите дречливи бои), маици, шорцеви, пенкалца, фломастери и маркери во сите бои, дури и пола од собата ми е шарена, распослана со овие разиграни бои. Спојлер
Само ми дерат очи, ама оние ептен дречливи... како жолтите и зелените... Но сепак, би носела еден мал аксесорис =) ама имам портокалови јаки купачи, многу добрi se
Интересни ми се јаките дречливи бои посебно зелената, таман иде лето па да си се подновам со некоја дречлива боичка, да се откачам малку од темниве бои
Ме заболеа очите од сликиве што сте ги постирале, не гледам- да си знаете во случај да изедам некоја буква. Портокаловата боја никако не ја сакам така да не би ја ни носела. Зелено исто така ретко носам. Жолто сакам, само што немам многу жолти парчиња, она што го имам не ми стои џабе- си го носам. Другите бои ми се ок. Не знам, кога ќе видам друг да носи ми се допаѓа, ама не знам дали јас би облекла до толку дречлива гардероба. Мислам си имам јас весели, убави бои, само не дотолку што бодат во очи. Во секој случај интересно е, можеби некогаш ќе се осмелам да искомбинирам нешто дречливо(па ќе ви постирам во модни критики) А да. Додатоци би носела во секоја боја, тоа не ми пречи. Алки, обетки, очила, прстени да.
Ги сакам, убави ми се, ама не ги носам многу. Портокаловата не ја носам и немам облека во таа боја, жолтата ја носам понекогаш, имам парчиња жолта облека и си ја комбинирам претежно во лето, зелената ја носам најмногу во лето. Сепак не сакам многу дречливи бои на себе, но како и да е.. интересни се, ми се допаѓаат и ме расположуваат. Тоа е тоа. Иначе додатоците не ми претставуваат проблем и сакам да ги носам во дречливи бои, зашто да не.
Ме погодивте со темата пааа јас просто се губам во дречливи бои уживам во нив дури мајка ми веќе несака да ми дава пари за лакчиња бидејќи сите се ми во некои дречливи бои како лимон жолта,портокалова зелена хах ги обожавам
Порано не ги мерачев многу боиве, ама сега откако излезе трендов со неонски бои, многу ми се допаднаа и сега гледам во скоро секоја комбинација да ги вметнам. Сум правела комбинации и со колор-блокинг, со две спротивни бои и многу ми се допаѓа како изгледале. Инаку, не одам на детали, туку повеќе вметнувам едно дречливо парче, најчесто маичка а другите работи гледам да ми се во посмирени, неутрални бои, сега да не изгледам како новогодишна елка, нели. Инаку обожавам дреч зелено, корална, праска боја, tangerine (вид на портокалова) ,светло плава/тиркиз.. И верувајте, корална/праска боја во комбинација со дреч зелено стои одлично! (Испробано ми е. ) Сега ќе гледам да си купам карминчиња и лакчиња во јака корална боја, портокалова и тиркиз, и некои прстенчиња и ланчиња.